|
||||
Во Балканската федерација Македонија со Пирин и Солун |
Во еден од милионите документи на ЦИА се наоѓа и еден интересен документ од 5 јуни 1947 година насловен како „Македонија и Балканската федерација". Во овој документ пишува дека Бугарската комунистичка партија се согласила да го даде пиринскиот регион на Македонија, ако лидер на новата Балканска федерација биде Ѓорги Димитров, а не Јосип Броз Тито. РЕШЕНИЕ ЗА БАЛКАНСКИТЕ ПРОБЛЕМИ Во документ на ЦИА од 1947: Во Балканската федерација Македонија со Пирин и Солун. Во еден од милионите документи на ЦИА се наоѓа и еден интересен документ од 5 јуни 1947 година насловен како „Македонија и Балканската федерација". Во овој документ пишува дека Бугарската комунистичка партија се согласила да го даде пиринскиот регион на Македонија, ако лидер на новата Балканска федерација биде Ѓорги Димитров, а не Јосип Броз Тито. Според овој документ политбирото на Бугарската комунистичка партија во 1947 година било подготвено на Македонија да му го отстапи пиринскиот регион како дел од решенијата за балканските проблеми. Како отстапка за ова, Бугарија сакаше да добие излез на Егејско море заедно со дел од грчко-бугарската граница, Македонија да го добие Солун, а лидерот на нивната партија, Ѓорги Димитров, а не Маршалот Тито (лидерот на Комунистичката партија на Југославија) да ја води Балканската федерација. Бугарските комунисти како вовед за ова предложиле и договор за царинска и монетарна унија и блиска економска, културна, воена и политичка соработка. Во овој документ се споменува и Стела Благоева која во Москва требала го презентира овој предлог. Тука се и имињата на Христо Калајџиев и Владимир Поптомов, претставници на политбирото на БКП, кои имале специјални одговорности во врска со прашањето за Балканската федерација. Се споменува и некаква тајна средба со Никос Захариадис, водач на грчките комунисти во тоа време со лидерот на албанските комунисти на Кајмакчалан. Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) неодамна објави околу 13 милиони страници од нивните документи кои веќе не се доверливи и се достапни за јавноста.
Идејата за Балканска федерација се споменува уште кон крајот на 19 век. Таа идеја беше секогаш меѓу прогресивните политички мислители од регионот. На 15 јануари 1942 година договор за ваква федерација потпишале кралевите на Грција и Југославија. Основниот принцип на договорот е „Балканот на балканските народи“, меѓу кои, тогаш воопшто не се споменува македонскиот народ. Кралот на Хелените, Георги Втори, и кралот на Југославија, Петар Втори Kараѓорѓевиќ, тогаш се наоѓаат во егзил во Kаиро, одржуваат говори по повод потпишувањето на договорот и изразуваат надеж дека федерацијата ќе им обезбеди „среќа и просперитет на народите на полуостровот“. Во активностите за формирањето на грчко-југословенската федерација без Македонија, тогаш се разгледувала и варијантата за приклучување кон федерацијата и на Романија, Албанија и Бугарија, како противтежа на руското влијание на Балканот. По Втората светска војна комунистите ја преземаат оваа идеја за обединување на балканските држави и почнуваат да ја актуелизираат како едно од можните решенија за горливите балкански прашања. МКД |