|
||||
СЕМАКЕДОНСКИ СОБИР ЗА ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА НА 23 АПРИЛ ВО СИДНЕЈ! |
Во организација на Светскиот Македонски Конгрес - Австралија со Културно-уметничкото друштво ИЛИНДЕН од Сиднеј и македонските организации во Нов Јужен Велс, на 23 април 2017 година, недела, со почеток од 11.30 часот до 14.00 часот во Tumbalong Park, DARLING HARBOUR во Сиднеј, ќе се одржи Семакедонски собир за заедничка и унитарна Македонија! Семакедонскиот собир ќе изрази силна поддршка на претседателот на Републиката проф.д-р Ѓорге Иванов. Семакедонскиот собир ќе ја осуди таканаречената “тиранска платформа“ за бинационална и двојазична држава! Македонците во Австралија сметаат дека само Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо треба да биде еден и единствен службен јазик на целата територија на Македонија и во нејзините меѓународни односи. Семакедонскиот собир ќе даде силна поддршка за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата! Македонците во Австралија бараат крај на разговорите за разликата за името Македонија со Владата во Атина и безусловно продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државниото име Македонија со можност за употреба на уставната додавка “Република“, како јасна разлика од истоимената северна провинција во Грција и југозападна провинција во Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик, туку на Англиски јазик “Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД, и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки - окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година кој се’ уште трае! Македонците во Австралија се приклучуваат на движењето “За заедничка Македонија“ и ја поддржуваат унитарноста и државноста на Македонија! Македонците во Австралија ги отфрлаат во целост редефинирањето, кантонизацијата, федерализацијата на нивната татковина Македонија! Македонците во Австралија отфрлаат промена на името, знамето, грбот и химната според “тиранската палтформа“! Макаедонците во Австралија бараат попис на населението! Македонците во Австралија повикуваат на семакедонско помирување и обединување за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата, затоа што силата е во единството! - Очекуваме масовно присуство и силна поддршка од Македонците во Австралија за татковината Македонија и за Македонскиот народ во целина! Нашите корени се во Македонија, повикуваме на семакедонско помирување и обединување и одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата, одбрана на унитарноста и државноста на Македонија - изјави Џим Стефановски, национален ко-претседател на Светскиот Македонски Конгрес за Австралија и претседател на СМК за Нов Јужен Велс. Повеќе информации може да се добијат кај Џош Шерман на 0404 493 363 и кај Стефан Каранфиловски на 0404 159 928. |