|
||||
ОБЈАВЕНА Е ДЕВЕТТАТА ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ |
Александар ДОНСКИ Сведоштва од античко-македонски генерал и од старогрчки картограф според кои античките Македонци не биле никакви „Грци“ Деновиве на Youtube е поставена деветтата епизода од документарната серија „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ (“THE ANCIENT MACEDONIANS WERE NOT GREEK”), чиј комплетен автор е Александар Донски. Серијата е во продукција на Lloyd Harrison Entertainment Group од Сиднеј, извршен продуцент на серијата е Џим Стефан, ко-продуцент е Горан Котев, а асоцијативен продуцент е Андрија Петревски, сите од Сиднеј. Текстот го читаат Бубе Донска и Стефо Нанцу. Во серијата ќе бидат претставени сведоштва од над педесет антички автори според кои античките Македонци не биле никакви „Грци“ како што тврди денешната грчка пропаганда. Авторот на серијата Александар Донски очекува оваа серија да ги разниша темелите на грчката историографија и пропаганда кога е во прашање античка Македонија. Деветтата епизода е посветена на сведоштва од македонскиот генерал Коен и античкиот картограф Дикеарх од Месана.КОЕН (IV ВЕК ПРЕД ХРИСТА) Коен (Coenus) бил еден од најдоверливите генерали на Александар Трети Велики Македонски. Годината на неговото раѓање е непозната, но се смета дека починал во 326 година пред Христа. Тој го придружувал Александар за време на походот во Азија, со тоа што есента 334 година пред Христа се вратил во Македонија заедно со други војници и офицери кои добиле одмор, по што пак се придружил на Македонската војска (во малоазискиот Гордиум) Тоа било пролетта 333 година пред Христа. Потоа учествувал како командант на пешадијата и фалангата во најзначајните битки на Александар. Сепак во пишаните извори Коен останал запаметен по својот говор што го одржал пред Александар и кој во голема мера е зачуван од страна на старогрчкиот историчар Аријан. Во епизодата за Александар Велики Македонски го спомнавме говорот што овој цар го одржал пред своите офицери кога тие, на барање од војниците, одлучиле да не го следат натаму во конечното освојување на Индија и посакале да се вратат во своите домови. Меѓутоа, никој од нив отпрвин не се осмелувал да му го соопшти тоа. Александар сфатил што се случува, ги повикал на состанок своите офицери и им одржал говор во кој ги потсетил за сите достигнувања што ги добиле со походот против Персија. Веќе спомнавме и дека во својот говор Александар јасно ги издвоил Македонците од Грците.По овој негов говор офицерите долго молчеле, а потоа Коен, собрал храброст и му се обратил. Коен му рекол на Александар дека офицерите се преблагодарни и задоволни од она што досега го постигнале и добиле од својот цар, но дека сепак дошло време да се стави крај на натамошните напредувања. Меѓу другото Коен рекол:„Вие го знаете бројот на Грците и Македонците кои го почнаа ова освојување, а можете да видите и самиот колку останаа денес. Тесалијците ги испративте дома од Бактрија бидејќи знаевте дека нивните срца не се повеќе внесени во оваа работа. Овде вие мудро постапивте. Другите Грци беа населени во новите градови што ги основавте во кои тие останаа не сосема по своја желба. Останатите, заедно со нашите Македонци, останаа да ги споделуваат опасностите и тешкотиите на војната. Некои од нив беа убиени, а некои онеспособени заради тешките ранувања, при што беа оставени во разни делови на Азија, каде мнозина од нив умреа заради болест. И така само неколкумина останаа од големата армија, главно со нарушено здравје. Нивната виталност и решителност исчезнаа. Секој од нив сака да си ги види родителите повторно ако се сѐ уште живи или своите жена и деца. Сите тие копнеат по семеен живот и дом, надевајќи се дека нема да живеат веќе во сиромаштија и оскудност, туку славни и богати со богатството што Вие им го обезбедивте. Не обидувајте се да водите луѓе кои немаат веќе волја да Ве следат. Ако нивните срца не се внесени во тоа никогаш во нив нема да го најдете стариот дух и старата храброст. Поарно посветете се на враќање кај Вашата мајка и дом.... А потоа, ако посакате, повторно можете да превземете експедиција против Индијците на исток или, ако сакате, кон Црното Море или кон Картагина и либиските територии. Ваше е да одлучите. Други единици Грци и Македонци ќе Ве следат - млади и свежи единици ќе ги заменат Вашите ветерани.“ (Аријан, цит. дело, стр. 292 - 298).Коен на крајот укажал дека секој треба да знае кога да запре со некоја работа. Присутните офицери му аплаудирале, а Александар разочаран им рекол дека оној што сака, може да си оди дома. Потоа, како што е познато, Александар налутен се повлекол во својот шатор потајно надевајќи се дека офицерите ќе се предомислат. Но, откако тоа не се случило, тој ги известил офицерите дека одлучил војската да престане со освојувањата и да се врати назад.И овој говор на Коен Аријан го превзел од изгубената историја на ПтолемејОна што е важно е фактот дека и во говорот на офицерот Коен сосема јасно се издвоени Македонците од Грците, т.е. тие се спомнати како два различни народа („...Вие го знаете бројот на Грците и Македонците кои го почнаа ова освојување...“ и „...Други единици Македонци и Грци ќе Ве следат...“).Практично овде имаме уште едно сведоштво од антички Македонец кој јасно ги издвоил Македонците од Грците.ДИКЕАРХ (IV И III ВЕК ПРЕД ХРИСТА) Дикеарх (Dicaearchus) од Месана се родил околу 350, а починал околу 285 година пред Христа. Тој бил познат старогрчки филозоф, картограф, географ и математичар. Бил ученик на Аристотел и современик на Александар Велики Македонски. Многу малку од неговите дела се зачувани до денес. Едно од неговите најпознати дела (денес познато под името „Животот на Грција“) било посветено на историјата и географијата на грчките територии. Во него биле опишани низа сегменти од животот и културата на Хелените. Во првиот том (од вкупно три) Дикеарх дал детален опис на географијата и историјата на Хелените. Во врска со границите на нивните територии, Дикеарх запишал: „Границите на Грција ги лоцирав во земјата на Магнесијанците... Над Темпе, кон планината Олимп, се наоѓа земјата на Македонците.“ Тој пишува и дека грчките територии почнувале од Амбракискиот залив (се наоѓа јужно од Епир) и завршува кај реката Пена („Меморандум за античките граници на Грција“; British documents of foreign affairs, Part I, Series F, Europe 1848 - 1914, Vol. 14 "Greece, 1847 - 1914", University publications of America). Практично и за Дикеарх немало сомнение дека Македонците не биле никакви Грци. Деветтата епизода можете да ја погледнете на ликот: https://www.youtube.com/watch?v=KqCNI_J33_0&feature=youtu.be Останатите епизоди можете да ги погледнете на каналот на Јутуб: https://www.youtube.com/channel/UCJnd4_NuUyQQZfbMqom64kQ Повеќе детали околу финансирањето на овој проект можете да најдете на: https://www.gofundme.com/aleksandardonski |