Петок, 28 Април 2017    PDF Печати Е-пошта
ЗАГРИЖЕНОСТ ОД НАТАМОШНА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА ДРЖАВАТА И РЕГИОНОТ!

Grb 3СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ЗАГРИЖЕНОСТ ОД НАТАМОШНА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА ДРЖАВАТА И РЕГИОНОТ!

28 април 2017 година, Скопје, Македонија

-Светскиот Македонски Конгрес (СМК) смета дека вчерашната прокламација на Талат Џафери за "претседател" на Собранието претставува грубо кршење на Уставот и собранискиот Деловник и обид за државен удар што ја нарушува безбедноста во државата и регионот! На тој начин пратениците извршија кривично дело злоупотреба на службената должност и овластувањата и кривично дело самовластие!

СМК изразува жалење заради несоодветната реакција на надлежните органи и загриженост од натамошна дестабилизација и контролирана нестабилност во државата и регионот поради туѓи и други интереси за свои сфери на влијание на овие простори.

СМК го осудува физичкото и политичкото насилство и ги повикува граѓаните на воздржаност и на почитување на јавниот ред и мир, потсетувајќи на неповредливоста и неприкосновеноста на животите и имотите.

СМК смета дека народот и граѓаните имаат право на самоодбрана на законодавниот дом од узурпација на власта, откако шеесет дена никој не посвети внимание на мирните протести во Републиката и меѓу Македонците во светот од движењето “За заедничка Македонија“ и на нивните барања, посебно после прокламацијата на Талат Џафери за "претседател" на Собранието спроти 16-годишнината од масакрот на терористи на ОНА врз осум припадници на Вооружените сили на Македонија кај Вејце на 28 април 2001 година чиј командант беше именуваниот и пеењето на државната химна на Република Албанија од собраниската говорница.

СМК смета дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ требаше да го оневозможат вчерашното самовластие на пратениците на СДСМ во големата собраниска сала од 18.00 часот после крајот на продолжението на конститутивата седница.

СМК го осудува скандалозното и дрско однесување на пратеникот Зеќирија Ибрахими од БЕСА поради пеењето на државната химна на Република Албанија од собраниската говорница спротивно на Уставот, Закон и Деловникот на Собранието, како чин на агресија врз суверенитетот на Република Македонија!

СМК изразува разочарување од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои требаа да го оневозможат пеењето на државната химна на Република Албанија од собраниската говорница.

СМК ја осудува незаконската употреба на оружје во Собранието од личното обезбедување на пратениците на СДСМ и укажува на непримерното однесување на Собраниската полиција која таа пракса ја толерира и кон пратениците и кон нивното лично обезбедување при влез во собраниската зграда.

СМК апелира пратениците да се откажат од непромислени обиди за прокламација на нова Влада без мандат од Претседателот на Републиката поради натамошно продлабочување на политичката криза.

СМК смета дека актуелната Влада треба да остане на должност до изборот на нова Влада во согласност со Уставот, Закон и Деловникот на Собранието.

СМК потсетува дека претседателот на Собранието од претходниот состав е единствен наредбодател на Собраниската стручна служба и на Собраниската полиција до крајот на конститутивната седница на Собранието.

СМК и натаму смета дека единствено уставно решение за излез од политичката криза е одржување на нови парламентарни избори заедно со локалните избори.

СМК го повикува Претседателот на Републиката да го свика Советот за безбедност на Републиката заради решение на политичката криза во Македонија и превенција од кривично дело велепредавство поради државен удар со прокламација на нова Влада без мандатар и промена на уставниот поредок.

СМК го осудува грубото мешање на Европската Унија и на Американската амбасада во Скопје во внатрешните работи на Македонија и ги повикува земјите членки на Советот за безбедност и на Обединетите Нации да го заштитат територијалниот интегритет и суверенитетот на Република Македонија.

СМК, врз основа на стратешкото партнерство, бара Соединетите Американски Држави да го почитуваат територијалниот интегритет и суверенитетот на Република Македонија и да не се мешаат во нејзините внатрешни работи преку амбасадорот Џес Бејли!

СМК од Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп бара безусловно разрешување на Џес Бејли од функцијата американски амбасадор во Македонија.

СМК бара претседателот на Републиката да го извести Советот за безбедност на Обединетите Нации за обидите за дестабилизација на Македонија и да објави крај на разговорите за разликата со името со Владата во Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации под државното име Македонија со Резолуција до Генералното Собрание!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.