|
||||
ОБЈАВЕНА Е ДЕСЕТТАТА ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ |
Сведоштва од галскиот историчар Корнелиј Непо, Дионисиј од Калифонт и Дексип според кои Македонците не биле никакви „Грци“! Деновиве на Youtube е поставена десеттата епизода од документарната серија „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ (“THE ANCIENT MACEDONIANS WERE NOT GREEK”), чиј комплетен автор е Александар Донски. Серијата е во продукција на Lloyd Harrison Entertainment Group од Сиднеј, извршен продуцент на серијата е Џим Стефан, ко-продуцент е Горан Котев, а асоцијативен продуцент е Андрија Петревски, сите од Сиднеј. Текстот го читаат Бубе Донска и Стефо Нанцу. Во серијата ќе бидат претставени сведоштва од над педесет антички автори според кои античките Македонци не биле никакви „Грци“ како што тврди денешната грчка пропаганда. Авторот на серијата Александар Донски очекува оваа серија да ги разниша темелите на грчката историографија и пропаганда кога е во прашање античка Македонија. Десеттата епизода е посветена на сведоштва од Корнелиј Непо, Дионисиј од Калифонт и Дексип.КОРНЕЛИЈ НЕПО (I ВЕК ПРЕД ХРИСТА) Корнелиј Непо (Cornelius Nepos) се родил околу 100, а починал околу 24 година пред Христа. Се родил во близина на денешна Верона. По потекло бил Гал. Познати се насловите на неколку негови дела, кои не се зачувани, туку се спомнати и цитирани од други автори. Единствено зачувано дело е „Excellentium Imperatorum Vitae“, кое било објавено за време на императорот Теодосиј Први (347 - 395 год.). Во ова дело Корнелиј Непо на неколку места јасно става до знаење дека Македонците не биле Грци. Во 18 поглавие (1) под наслов „Евмен“, Корнелиј Непо пишува за животот и делото на грчкиот воен заповедник Евмен (362 - 316 год. пред Христа), кој служел во Македонската војска. Евмен живеел среде Македонците, но иако дал голем придонес за нивните кампањи и иако потекнувал од угледно семејство, сепак тие не го прифатиле целосно во своите редови само затоа што бил странец (Грк). Овде читаме: „Евмен бил роден во Кардија (грчка област)... Се случило тој да живее во време кога Македонците биле во подем и за него било непријатно да живее среде нив бидејќи доаѓал од туѓа земја... Иако потекнувал од семејство кое било угледно во нивниот роден град, Македонците сепак не биле задоволни и не верувале дека тој кога и да е може да биде почитуван од нив.“ Во 21 поглавие (под наслов „За кралевите“) Непо уште подецидно става до знаење дека Македонците не биле никакви Грци. Тој претходно ги набројува имињата на најпознатите грчки воени заповеденици (генерали): Тимолеон од Коринт, Фокион од Атина, Евмен од Кардија, Агесилај од Спарта, Пелопида од Теба, Епаминода од Теба, Датам од Карија, Тимотеј од Атина, Кабрија од Атина, Ификрат од Атина, Дион од Сиракуза, Конон од Атина, Тразибул од Атина, Алкибијад од Атина, Лисандер од Спарта, Кимон од Атина, Павсанија од Спарта, Аристид од Атина, Темистокле од Атина и Милитад од Атина. Потоа за сите нив пишува: „Ова се речиси сите генерали од Грција, кои се достојни за спомнување, со исклучок на кралевите, но нив овде нема да ги обработиме бидејќи нивните активности посебно ги опишавме.“ Гледаме дека во списокот со имиња на грчки генерали не е спомнат ниту еден Македонец! И не само тоа. Во продолжение Корнелиј Непо одделно ги спомнува најистакнатите личности од редовите Македонците, т.е. (како што самиот пишува) „од нацијата на Македонците“. Во истото 21 поглавие (2) Непо пишува: „Од нацијата на Македонците, два кралеви далеку ги надминаа останатите според своите заслуги: Филип, синот на Аминта и Александар Велики, кој умре од болест во Вавилон, додека Филип беше убиен од Павсанија во близина на театарот во Еге, додека одел да ги набљудува игрите.“ И овој пат се прашуваме како реагира денешната грчка историографија пред ваквите децидни сведоштва? Корнелиј Непо е уште еден антички автор, чии вредни дела се во целосна спротивност на артикулациите на современата грчка историографија и пропаганда. ДИОНИСИЈ КАЛИФОНТ (I ВЕК ПРЕД ХРИСТА) Дионисиј Калифонт (Dionysus Calliphontis) бил географ кој живеел во I век пред Христа. Извадоци од неговото дело превзедовме од делото „Меморандум за античките граници на Грција“ подготвено од британскиот воен историчар мајорот Ардаг. Во врска со границите на тогашната грчка територија, Дионисиј Калифонт запишал: „Амбракија е првиот град во Грција... Грција се протега од Амбракија до Пена.“ („Меморандум за античките граници на Грција“; British documents of foreign affairs, Part I, Series F, Europe 1848 - 1914, Vol. 14 "Greece, 1847 - 1914", University publications of America). Ова е претставува децидно сведоштво дека не само Македонците, туку и Епирците не биле третирани за грчки народ од страна на Дионисиј Калифонт, но и други автори. ДЕКСИП (III ВЕК) За историчарот Дексип (Publius Herennius Dexippus) дознаваме од делото на Фотиј (Photius), кој бил патријарх во Цариград и живеел во IX век. Едно од делата на Фотиј е познато под името „Библиотека“. Во ова дело Фотиј објавил кратки содржини (свои рецензии) на вкупно 279 книги што самиот ги прочитал. Добар дел од овие книги денес не се зачувани, па за нив знаеме само преку неговото дело. Исто е и со добар дел од авторите на овие книги. Еден од нив бил Дексип. Се родил околу 210, а починал околу 273 година. Тој бил познат атински генерал, говорник и историчар. Фотиј бил толку воодушевен од книгите на Дексип што дури го споредил со еден од најпознатите антички историчари Тукидид. Од оригиналните дела на Дексип зачувани се само фрагменти, иако овие дела своевремено му биле достапни на Фотиј. Во едно од нив (насловено само како „Историја, историски извадоци“ била опишана историјата на Македонците од периодот по смртта на Александар Велики. Во врска со ова дело Фотиј пишува: „Прочитај ја историјата на настани што се случиле по смртта на Александар Велики, напишана од Дексип во четири книги... Тој пишува како престолот го наследил неговиот брат Аридеј, кој бил син на Филип Македонски и Филина од Лариса. Сè уште неродениот син на Роксана од Александар, доколку и навистина ќе бил син, требало да владее заедно со Пердика, кој бил избран од Македонците да раководи со империјата. Што се однесува до поделбата на империјата на Александар, Птолемеј Лагов завладеал со Египет, Либија и со земјите близу Египет. Клеомен, кој од Александар бил назначен за сатрап на овие области, му станал потчинет. Лаомедон од Митилена завладеал со Сирија, Филота со Киликија, Питион со Медија, Евмен со Кападокија, Пафлагонија и брегот на Еуксина се до Требизонд. Антигон завладеал со Памфилија и Киликија, сѐ до Фригија. Асандер со Карија, Менандер со Лидија, а Леонат со фригиски Хелеспонт. Во Европа Лизимах ја завладеал Тракија, а Антипатер цела Македонија, Грција, Илирија, земјата на Трибалите и Агријаните и целиот копнен дел на кој бил поставен за единствен командант уште од времето на Александар. Грижата за одбраната на кралството му била доверена на Кратер, а Пердика завладеал со хилијарсите на Хефастион, што било највисок чин среде Македонците.“ (Photius: Bibliotheca, 82). Очигледно дека и од овие извадоци од историјата на Дексип јасно се гледа дека и тој одделно ги третирал Македонците од Грците (одделно ги спомнува двете земји, а го спомнува и етнонимот Македонци). Десеттата епизода можете да ја погледнете на ликот: https://www.youtube.com/watch?v=TN9aVd-bdl8 Останатите епизоди можете да ги погледнете на каналот на Јутуб: https://www.youtube.com/channel/UCJnd4_NuUyQQZfbMqom64kQ Повеќе детали околу финансирањето на овој проект можете да најдете на: https://www.gofundme.com/aleksandardonski
|