Среда, 03 Мај 2017    PDF Печати Е-пошта
СМК изразува жалење заради несоодветната реакција на надлежните органи

Grb 3СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ЗЛОУПОТРЕБА НА ДРЖАВНОТО ЗНАМЕ НА РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА И НА АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК ВО СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

3 мај 2017 година, Скопје, Македонија

- Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изразува разочарување од легитимацијата на прокламацијата за Талат Џафери како “претседател“ на Собранието на Република Македонија и натаму смета дека тоа претставува грубо кршење на Уставот и собранискиот Деловник и обид за државен удар што ја нарушува безбедноста во државата и регионот! На тој начин пратениците извршија шест кривични дела од Кривичниот законик: велепредавство (членот 305), терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста (членот 313), повикување на насилна промена на уставниот поредок (членот 318), злоупотреба на службената положба и овластување (членот 353), лажно претставување (членот 391) и самовластие (членот 392)!

СМК изразува жалење заради несоодветната реакција на надлежните органи.

СМК ја осудува злоупотребата на државното знаме на Република Албанија во кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија, во спротивност со Законот за употребата на грбот, знамето и химната на Република Македонија и од надлежните органи бара негово итно отстранување и санкционирање на сторителот!

СМК го осудува грубото мешање на европскиот амбасадор Самуел Жбогар и на американскиот амбасадор Џес Бејли во прокламацијата за Талат Џафери како “претседател“ на Собранието на Република Македонија и бара остра реакција од Министерството за надворешни работи на Република Македонија заради нивно грубо мешање во внатрешните работи надвор од овластувањата и дипломатскиот статус!

СМК, истовремено, најостро протестира поради злоупотребата на албанскиот јазик од Талат Џафери на средбата со заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји, на 1 мај во Собранието на Република Македонија, со што е суспендиран членот 7 став 1 од Уставот на Република Македонија според којшто “на целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо“! Меѓунардодните односи не подразбираат само странство, туку и средби со странци во Македонија!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.