Среда, 10 Мај 2017    PDF Печати Е-пошта
ОБЈАВЕНА Е ЕДИНАЕСЕТТАТА ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“

Александар ДОНСКИ 

Деновиве на Youtube е поставена единаесеттата епизода од  документарната серија „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ (“THE ANCIENT MACEDONIANS WERE NOT GREEK”), чиј комплетен автор е Александар Донски. Серијата е во продукција на Lloyd Harrison Entertainment Group од Сиднеј, извршен продуцент на серијата е Џим Стефан, ко-продуцент е Горан Котев, а асоцијативен продуцент е Андрија Петревски, сите од Сиднеј. Текстот го читаат Бубе Донска  и Стефо Нанцу. Во серијата ќе бидат претставени сведоштва од над педесет антички автори според кои античките Македонци не биле никакви „Грци“ како што тврди денешната грчка пропаганда. Авторот на серијата Александар Донски очекува оваа серија да ги разниша темелите на грчката историографија и пропаганда кога е во прашање античка Македонија.

Единаесеттата епизода е посветена на сведоштва од познатиот атински оратор Демостен (4 век пред Христа).

Демостен се родил во 384 година пред Христа и денес се смета за најголемиот говорник среде антич­ките Грци. Помеѓу другото, тој е познат и по својот анти-маке­донизам и овој сегмент е многу знача­ен во неговото дејствување. Само како илустрација ќе спомнеме дека во неговата биографија во светски познатата општа енцикло­педија "Микрософт Енкарта" (САД, 1998), уште во првата реченица е спомнато неговото спротивставување на Македонија како една од неговите најзначајни активности во животот. Овде читаме:

Демостен (384 - 322 пред Христа) бил најголемиот говорник во античка Грција, кој го предводел атинскиот отпор против Македонија.“

Во продолжение читаме дека Демостен бил роден близу Атина и дека рано останал без татко. Како возрасен  Демостен почнал да се занимава со политика, конкретно се ангажирал за заштита на Грците од опасноста што им се заканувала од Маке­донците. Во продолжение на неговата биогра­фија во "Енкарта" читаме:

Тој се посветил себеси кон оживување на духот на јавноста во Атина и на заштита на грчката култура, која во тоа време била под удар на агресивниста на кралот Филип Втори Ма­кедонски. Повеќето од неговите големи говори биле насочени против опасноста од потчи­нување на грчките градови од страна на Македонците.“

Својот прв познат говор против Филип, Демостен го создал во 351 година пред Христа. Овој говор станал познат под името "Прва Филипика". Подоцна Филип го нападнал градот Олинт, кој бил сојузник на Атина. Тогаш Демостен напишал три нови говори против Македонците во кои барал Атина да му помогне на Олинт. Но, Олинт бил завземен, а Демос­тен учествувал во делегацијата која преговарала помеѓу Атина и Македонија. Во продолжение на него­вата биографија во "Енкарта" читаме:

За време на следните осум години Демостен про­дол­­жил да предупредува против моќта на Македонците.“

Тогаш биле создадени Втората и Третата Фили­пи­ка, кои исто така биле говори со анти-маке­донс­ка содр­жина. Подоцна била создадена и Четвр­та­та Филипика.

По пресудната битка кај Херонеја помеѓу Маке­дон­ците и Грците (338 година пред Христа), Филип Втори ги завзел повеќето грчки територии. Но, Демос­тен про­дол­жил со своите анти-македонски говори, залагајќи се за сло­бода на Грците. Во врска со последниот период од животот на Демостен, во неговата биографија во "Енкарта" читаме:

По смртта на Александар (Велики Македонски, з.м.) во 323 година пред Христа, Демостен повтор­но ги повикел Грците да се борат за слобода, но наследникот на Александар во Македонија, по име Антипатер, го скршил секој отпор и побарал од Атињаните да му ги доведат своите водачи патриоти, вклучувајќи го и Демостен.“

Атинското собрание, под притисок на Македон­ците, донело одлука водачите на анти-македонскиот бунт (заед­но со Демостен) да бидат осудени на смрт. Демостен успе­ал да побегне на еден остров каде извршил самоубиство.

За анти-македонската дејност на Демостен, сведочел и подоцнежниот антички грчки историчар Плутарх (за кого во продолжение подетаљно ќе пишуваме). Во своето дело „Споредба помеѓу Демостен и Кике­рон“ (напишано во 75 година по Христа) Плутарх пишува:

Демостен... одел низ градовите на Грција и секаде, како што рековме, се вклучувал во судирите во корист на Грците, кои сакале да ги избркат македонските претс­тавници... По своето враќање тој повторно се посве­тил на истата дејност и продолжил да им се спротивставува на Антпатер и на Македонците.“

Што се однесува до самите пишувања на Демос­тен, тој во своите напади против Македонија, исто така јасно ги издвојувал Македонците од Грците како два посебни народа. Уште во Првата Филипика тој го опишал Филип како (цитат): "човек кој ги потчинил Атињаните и управувал со внатрешните работи на Грција."

Демостен дал и децидно сведоштво со кое била оспорена секаква етничка (но, и мито­лошка) врска помеѓу античките Македонци и „грчкиот бог Херак­ле“. Во еден од своите бројни анти-македонски гово­ри, тој сосема јасно го оспорил правото на Македон­ците да се сметаат себеси како потомци на Херакле. Критикувајќи ги македонските пратеници кои некол­ку­пати повториле дека  Филип Втори води потекло од Херакле, Демостен изјавил:

Јас сметам дека Херакле, секако со негоду­вање ги слушна зборовите на пратениците, кои постојано повторуваа дека Филип води потекло од овој бог. Овој бог добро нека го запознае през­рителот на сите рели­гии. Овој грчки бог нека го согледа тиранинот Македонец. Овој бог, мразител, казну­вач и уништивач на тира­нијата...“ (Квинтиј Куртиј Руф: „Историја на Алек­сандар Маке­дон­ски“, во превод од латински на д-р Љубинка Басотова; Скопје, 1998 година, стр. 30).

Сепак најјасниот доказ за негрчкото потекло на Македонците и нивните цареви Демостен дал во Втората Филипика, каде во врска со македонскиот цар Филип Втори, ја дал следнава навредлива изјава:

„Филип, тој човек не само што не е Грк, туку и нема ништо заед­ничко со Грците. Барем да беше барбарин од некоја пристојна земја - но тој не е ни тоа. Тој е некакво шугаво суштество од Маке­донија - земјата од која не можеш да доведеш ниту роб што барем нешто вреди.“

Се поставува прашањето: зошто Демостен го наре­кол Филипа „барбарин“? Што значел овој збор во анти­ката? Научниците се речиси едногласни кога тврдат дека именката „барбарин“ во ан­ти­ката главно се однесувала за луѓе кои зборувале на неразбирлив јазик за Грците (луѓе кои „барборат“) со доза на пот­це­ну­вање кон нивната кул­тура. Практично, сите на­роди кои не зборувале грчки, Грците ги нарекувале „барбари“, додека помеѓу себе Грци­те си се нарекувале „ксенои“.

Ова толкување на зборот „барбари“ денес е прифа­тено од поголемиот број историчари. Само како илус­тра­ција, ќе го наведеме пишувањето на автор­ката Ема Ста­форд, која во својата книга „Античка Грција, живот, митови и уметност“, во врска со значењето и етимо­логијата на овој збор, пишува:

Грчкиот јазик бил основен за Грците за да можат себеси да се дефинираат како поинакви од барбарите, на чиј ба-ба-ба јазик им се потсмевале.“ (Ema J. Staford: "Ancient Greece, Life Myth and Art"; Great Britain, 2004, ISBN 1-84483-044-6, цит. според Јанко Томов: „Античката историја на Македонија и на Балканот во делата на западните автори“, Бризбејн, Австралија, 2005, стр. 72).

Познатата американска историчарка д-р Синдја Сид­нор Словиковски, еве како го објаснува значе­њето на „барбарин“:

Терминот 'барбарин' се однесувал на нешто спро­тивно на терминот 'Хелен' во антиката и имал три глав­ни значења кај авторите: неин­телигентен, странс­ки и не-грчки... Антитеза не Хеленот е барбаринот.“(D-r Synthia Sydnor Slo­wikowski: "Sport and Culture in the Ancient Mace­donian Society, The Pensylvania State University, 1988 стр. 30).

Конечно и самите антички грчки автори пишу­вале што подразбираат под терминот "барбари". Де­цидно све­доштво за ова дал познатиот атински драмски автор Аристофан (живеел околу  448 - 385 година пред Христа). Во својата драма „Птици“ (напишана во 414 година пред Христа), во врска со „барбарите“, Аристофан напишал:

Долго време престојував со нив и ги учев да зборуваат, иако порано тие беа барбари.“

Овде јасно се гледа дека терминот „барбари“ за античките грчки автори значел „луѓе кои не зборуваат грчки“, т.е. луѓе кои не се Грци.

Впрочем, постојат огромен број сведоштва од антич­ките грчки автори, во кои тие го употребуваат терминот „барбари“ за припадниците на разни азиски, африкански, но и европски, народи и ова е сосема добро познато. Оттаму, доколку, на пример, припад­ни­ците на некој далечен азиски народ биле наре­чени „барбари“ само затоа што не збо­рувале грчки, сосема иста е суштината за употребата на истиот овој термин  и во однос на Македон­ците. Не може тер­минот „барбари“ кога се однесува за  Македонците да има едно значење, а за сите други не-грчки азиски, афри­канс­­­ки и европски народи да има друго значење. Ова го потенциравме затоа што денес некои грчки и прогрчки нас­троени автори се обидуваат да ја пот­ценат изјавата на Де­мостен, во која тој Маке­донците ги квалификува како „бар­бари“, неубед­ливо трудејќи се да објаснат дека тој Ма­ке­донците не ги сметал за инаков народ од Грците, туку дека квали­фикувајќи ги како „барбари“, само сакал да ја „ома­­ло­важи нивната култура“, заради „политички причи­ни“ и сл.

Демостен не бил единствениот Грк, кој ги детер­минирал Маке­дон­ците како „барбари“, т.е. народ со не-грчко потекло. И античкиот грчки автор Тразимах (Thrasymachus) во 5 век пред Христа во својот говор за Ларис­јани­те, го наре­кол македонскиот крал Архелај како „бар­барин“ во однос на Грците Ларисјани (за што ќе пишуваме во продолжение).

Македонците се наречени „барбари“ од страна на Гр­ците и во Лексиконот „Суда (пишуван од неколку антички и средновековни автори, за што во продолжение исто така ќе пишуваме).

И граматичарот Хесихиј (за кого исто така пишуваме во продолжение) ги опишал Македонците како „барбари“. Во описот за значењето на зборот  сариса (долго копје на Македонската фаланга), тој запишал дека го користеле „барбарите Македонци“.

Да заклучиме дека со своите анти-македонски изјави Демостен претставува еден од најзначајните извори за не-грчкото потекло на античките Маке­донци.

Единаесеттата епизода можете да ја погледнете на ликот:

https://www.youtube.com/watch?v=tLELhII2j9s

Останатите епизоди можете да ги погледнете на каналот на Јутуб:

https://www.youtube.com/channel/UCJnd4_NuUyQQZfbMqom64kQ

Повеќе детали околу финансирањето на овој проект можете да најдете на:  https://www.gofundme.com/aleksandardonski

Документарен филм со дел од дејноста на авторот Александар Донски можете да погледнете на:

https://www.youtube.com/watch?v=5S26QOz71gU&t=1535s

demosten
Демостен

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.