|
||||
Русија и Кина да го спречат ваквиот план на светските милитанти, за да ја спречат новата балканска војна |
Националниот комитет на МААК ја предупредува целокупната македонска и меѓународна јавност дека зацртаното сценарио против суверенитетот на Република Македонија се ближи кон својата конечна разврска. МААК предупредува на можна оружена интервенција врз суверена и независна Република Македонија од страна на таканаречената меѓународна заедница,предводена од заостанатите корумпирани бирократи,инсталирани во врвовите на дипломатијата на САД,НАТО и ЕУ,во време на обама клинтоновскиот светски режим и диктатура. Имено,веќе три години,оние кои треба да отворат пат за оружена интервенција против демократска и суверена Република Македонија,преку радикалната левица во државава,преку разни левичарски здруженија и невладини организации,преку домашните и странски медиуми под контрола на светската радикална левица и преку гласноговорниците на соседните големодржавни идеологии,секојдневно и насекаде создаваат лажен привид за режим и диктатура во Македонија. Националниот Комитет на МААК предупредува дека е ова веќе видено крваво сценарио во последниве дваесеттина години од владеењето на обама клинтоновскиот милитантен светски режим.Урнисани држави како Србија,Ирак,Либија,Украина,Сирија сведочат за тоа. Легално и легитимно избрана власт на државата одбрана како цел на оружена акција,со години се обвинува за диктатура,за да биде однапред оправдана и медиумски прифатена нелегитимната оружена интервенција врз една демократска и суверена држава. Оружена интервенција заради инсталирање квинслиншка власт според нивните исчашени стандарди. Националниот Комитет на МААК,загрижен од досегашниот развој на настаните,кој неминовно води кон оружена интервенција врз суверената,независна и демократска македонска држава,упатува отворен апел до Советот за безбедност при ОН, како и до постојаните земји членки,Русија и Кина,да го спречат ваквиот план на светските милитанти,за да ја спречат новата балканска војна и катастрофата која се надвиснува над овој дел на Европа. Истовремено,кога сите повикуваат на разум,а здравиот разум повикува на претпазливост бидејќи постоењето на независната и суверена македонска држава е доведено во опасност, МААК го повикува македонскиот народ на патриотизам,за да и се помогне на државата, за да се сочува татковината. Национален Комитет на МААК |