Петок, 12 Мај 2017    PDF Печати Е-пошта
ОДЛУКАТА ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НЕ Е ПОЕДИНЕЧЕН АКТ, ТУКУ ОПШТ АКТ...

todorОДЛУКАТА ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НЕ Е ПОЕДИНЕЧЕН АКТ, ТУКУ ОПШТ АКТ ШТО ПОДЛЕЖИ НА УСТАВНО-СУДСКА ОЦЕНА!

Пишува Тодор ПЕТРОВ

Спротивно на Уставот, Законот за Собранието и Деловникот на Собранието, неопределен број на пратеници од СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците, со извршување на повеќе кривични дела, на 27 април 2017 година насилно го прокламираа Талат Џафери за “претседател на Собранието“ и свесно предизвикаа физичко насилство.

Фалсификуваната Одлука за избор на претседател потпишана од пратеникот Горан Мисовски, со лажно претставување како заменик претседавач на конститутивната седница на Собранието, НЕ генералниот секретар, туку заменикот генерален секретар на Собранието Неџбедин Ибраими, со злоупотреба на службената должност и овластување, на 2 мај 2017 година ја достави до Јавното Претпријатие “Службен весник на Република Македонија“ за објавување. ЈП “Службен весник на Република Македонија“ објавата ја изврши на 9 мај 2017 година во бројот 53.

На 9 мај 2017 година, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес (СМК) поднесе иницијатива до Уставниот суд за поништување на Одлуката за “избор“ на Талат Џафери за претседател на Собранието, или до донесување на конечна одлука да донесе решение за запирање од извршување на поединечните акти и дејствија што може пратеникот Талат Џафери неовластено во меѓувреме да ги преземе со лажно претставување.

Се поставува прашањето, дали Уставниот суд ќе ја поништи Одлуката за “избор“ на Талат Џафери за претседател на Собранието или ќе ја отфрли иницијативата на СМК со образложение дека Уставниот суд не е надлежен да одлучува бидејќи Одлуката за “избор“ на Талат Џафери за претседател на Собранието претставува поединечен акт со дејство што се исцрпува еднократно.

Уставниот суд, за жал, не е надлежен да ја оценува примената на одредбите во согласност со Уставот. Но, Уставниот суд, меѓу другото, е надлежен да одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Вообичаена пракса е Уставниот суд да се прогласува за ненадлежен, отфрлајќи иницијативи кои бараат уставно-судска оценка на одлуки за избори, именувања и разрешувања, со образложение дека тие не претставуваат општ пропис со којшто се уредуваат неопределен број на случаи со повеќекратно дејство.

Знаејќи дека Уставниот суд е политички суд, а уставните судии не судат според закон туку според лично уверување и на систем ало, а за тоа не сносат никаква одговорност, може да се претпостави како би решиле по иницијативата на СМК за поништување на Одлуката за “избор“ на Талат Џафери за претседател на Собранието.

Честопати, кога Уставниот суд еднаш пресудил и создал преседан, сите идни иницијативи за ист акт уставните судии вообичаено ги отфрлаат, со образложение дека еднаш веќе решавале по иста или слична иницијатива за истиот или сличен акт, прогласувајќи се за ненадлежен.

Меѓутоа, Одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието, не е поединечен акт, туку претставува пропис, односно акт подобен за уставно-судска оцена и Уставниот суд мора да донесе Одлука за поништување на Одлуката за “избор“ на Талат Џафери за претседател на Собранието!

Еве и зошто?!

Уставниот суд веќе создал преседан и уставно-судска пракса дека Одлуката за “избор“ на Талат Џафери за претседател на Собранието претставува пропис, односно акт подобен за уставно-судска оцена! Освен, ако уставните судии прифатат да си скокнат во стомак и се погазат самите себеси. Некој би рекол, а дали досега тоа не го сториле, или да го сториле само еднаш.

Најсвеж пример на злоупотреба на функцијата на уставните судии за политички интереси е случајот со Одлуката за распуштање што Собранието.

Имено, пратениците на 18 јануари 2016 година донесоа Одлука за распуштање на Собранието, со одложена примена од 24 февруари 2016 година (“Службен весник на Република Македонија“ број 9/2016). СМК во јануари 2016 година поднесе иницијатива до Уставниот суд за поништување на Одлуката за распуштање на Собранието.

За жал, уставните судии на 18 февруари 2016 година со Решение У.бр. 9/2016-0-0 ја отфрлија иницијативата на СМК со следното орбазложение:

“4. Согласно член 110 од Уставот, Уставниот суд на Република Македонија меѓу другото, одлучува за согласноста на законите со Уставот, за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и законите.

Имајќи ја предвид досегашната уставно-судска практика, пред Уставниот суд се постави прашањето дали оспорената Одлука за распуштање на Собранието воопшто претставува пропис, односно акт подобен за уставно-судска оцена.

Поаѓајќи од правните елементи кои го определуваат прописот тој треба да содржи општи норми на однесување, да уредува односи на субјектите во правото на општ начин и да утврдува права и обврски на неопределен круг на субјекти во правото.

Оспорената Одлука за распуштање на Собранието според Судот е конкретен акт и не содржи општи норми на однесување, односно не уредува воопшто односи на општ начин. Таа според нејзината форма и доносител спаѓа во групата правни акти што имаат поединечен карактер, односно со кои се одлучува за поединечни правни ситуации во кои примената на некој општ пропис се исцрпува еднократно. Според Судот, оспорената Одлука за распуштање на Собранието според нејзината содржина не уредува правни односи на општ начин и нејзината функција се исцрпува единствено на еден конкретен случај на распуштање на Собранието.

Согласно член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако не е надлежен да одлучува за барањата.

Имајќи ги предвид наведените причини, СУДОТ ОЦЕНИ ДЕКА ОДЛУКАТА ЗА РАСПУШТАЊЕ НА СОБРАНИЕТО НЕ ПРЕТСТАВУВА ОПШТ ПРАВЕН АКТ, ОДНОСНО ПРОПИС во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија по кој би постапувал Уставниот суд и дека се исполнети условите за отфрлање на иницијативата.“

Пратениците на 23 февруари 2016 година донесоа Одлука за изменување на Одлуката за распуштање на Собранието, со одложена примена од 7 април 2016 година.

Арно ама, пратеникот Талат Џафери, во април 2016 повторно поднесе иницијатива за поништување на истата Одлука за распуштање на Собранието. Уставниот суд повторно ја разгледа Одлуката за распуштање на Собранието и наместо да ја отфрли иницијативата на пратеникот Талат Џафери, како што тоа го стори со иницијативата на СМК на 18 февруари 2016 година, бидејќи веќе еднаш одлучувал за истата одлука, со Одлука У.Број: 104/2016-0-1 од 25 мај 2016 година ја прифати иницијативата на пратеникот Талат Џафери со спротивно образложение од претходното. Имено, дека е надлежен да одлучува, бидејќи Одлуката за распуштање на Собранието не претставува поединечен акт, туку претставува пропис односно општ акт по кој Уставниот суд е надлежен да одлучува?! И, се разбира, Уставниот суд на 25 мај 2016 година со своја Одлука У.бр. 104/2016-0-1 ја поништи Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија, број 08-362/1 од 18.01.2016 година (“Службен весник на Република Македонија“ број 9/2016) и Одлуката за изменување на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија, бр.08-1320/1 од 23.02.2016 година (“Службен весник на Република Македонија“ број 33/2016). Еве го спротивното образложение на Уставниот суд за истата одлука:

“Имајќи ја предвид и надлежноста на Уставниот суд на Република Македонија утврдена во членот 110 од Уставот, за ваквиот тип на одлуки (акти) како што е оспорената, Уставниот суд е тој кој одлучува кој акт ќе го третира како пропис, подобен за уставно-судска оцена.

ОДЛУКАТА ЗА РАСПУШТАЊЕ НА СОБРАНИЕТО ИМА КАРАКТЕР НА ПРОПИС, бидејќи ваков вид на одлука има универзално дејство и посредно се однесува на сите граѓани кои на непосредни избори го даваат својот глас за одреден пратеник на Собранието, односно ним им го пренесуваат мандатот, но и суверенитетот за Собранието да решава, односно одлучува во нивно име, од каде произлегува дека ОСПОРЕНАТА ОДЛУКА Е ПОДОБНА ЗА УСТАВНО-СУДСКА ОЦЕНА.“

Конечно, Одлуката за “избор“ на Талат Џафери за претседател на Собранието, како и Одлуката за распуштање на Собранието, има карактер на пропис, бидејќи ваков вид на одлука има универзално дејство и посредно се однесува на сите граѓани кои на непосредни избори го даваат својот глас за одреден пратеник на Собранието, односно ним им го пренесуваат мандатот, но и суверенитетот за Собранието да решава, односно одлучува во нивно име, од каде произлегува дека оспорената одлука е подобна за уставно-судска оцена.

Имајќи предвид дека претседателот на Собранието ги распишува изборите за претседател на Републиката, за пратеници и за членови на советите на општините и градоначалниците, неспорно е дека Одлуката за избор на претседател на Собранието е општ пропис подобна за уставно-судска оцена. Претседателот на Собранието во случаите утврдени во членот 82 од Уставот дури го заменува претседателот на Републиката!

И со членот 39 од Законот за Собранието, во којшто се вели дека “Законите, другите прописи и општи акти пред да влезат во сила се објавуваат во "Службен весник на Република Македонија", Одлуката за “избор“ на Талат Џафери за претседател на Собранието е општ пропис подобна за уставно-судска оцена, бидејќи се објавува во Службен весник на Република Македонија! Тоа е утврдено и во членот 174 од Деловникот на Собранието. Поединечните акти не се објавуваат во Службен весник!

Одлуката за избор на претседател на Собранието не е поединечен акт со еднократно дејство за чија оценка на уставноста и законитоста не е надлежен Уставниот суд. Напротив, Одлуката за избор на претседател на Собранието е општ пропис подобна за уставно-судска оценка!

Доколку Уставниот суд се впушти во уставно-судска оценка, треба да ја поништи Одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието, освен ако се работи за тајни договори меѓу политичките актери позади грбот на народот. А, Собранието треба да продолжи таму каде што застана конститутивната седница на 27 април 2017 година, расправа по третата точка од дневниот ред “Одлука за избор на претседател и членови на Комисијата за прашања на изборите и именувањата“, којашто покрај најмалку дваесет пратеници има право да предложи кандидат за претседател на Собранието!

Доколку Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СМК за поништување на Одлуката за “избор“ на талат Џафери за претседател на Собранието, врши кривично дело и станува соучесник во извршување на кривичните дела што веќе ги сторија пратениците на СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците на 27 април 2017 година после 18 часот: велепредавство (член 305), терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста (членот 313), злоупотреба на службената положба и овластување (членот 353), лажно претставување (членот 391) и самовластие (членот 392) од Кривичниот законик!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.