|
||||
СЕМАКЕДОНСКИ ПРОТЕСТ ПРЕД ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ВО БРИСЕЛ! |
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС СЕМАКЕДОНСКИ ПРОТЕСТ ПРЕД ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ВО БРИСЕЛ! 13 мај 2017 година, Брисел, Белгија - Во организација на Македонската заедница во Швајцарија, а во соработка со македонските заедници и друштва во Данска, Белгија, Холандија, Франција, Германија, Шведска, Луксембург, Италија, Швајцарија, Шпанија, Австрија и Светскиот Македонски Конгрес денес на плоштадот “Роберт Шуман“ во Брисел се одржа Семакедонски собир за поддршка на унитарноста и државноста на Македонија. Пред присутните зборуваа Ацо Крстески од Германија, Гоце Данилов од Белгија, Илона Захариева од Италија, Златко Николовски од Франција и Драган Стоиловски од Швајцарија. Декларација од Семакедонскиот собир прочита Златко Николовски од Франција. Македонците од Семакедонскиот собир декларацијата ја упатија до Европскиот Парламент и Комисијата на Европската Унија за поддршка на државноста и унитарноста на Македонија и изразија протест против мешањето во внатрешните работи на Македонија, а за еднаква сувереност! Семакедонскиот собир ги отфрли обидите за редефинирање на уставниот поредок на Македонија, нејзина кантонизаиција и федерализација, ги осудија обидите за дестабилизација и контролирана нестабилност и изразија силна поддршка за неповредливоста на границата, неделивост на територијата по било која основа и Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како еден и единствен службен јазик на целата територија на Македонија и во нејзините меѓународни односи! Семакедонскиот собир изрази поддршка на движењето “За заедничка Македонија“ и претседателот Ѓорге Иванов. Семакедонскиот протест упати барање до Европскиот Парламент и Комисијата на Европската Унија за признавање на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација. Семакедонскиот собир упати остар демарш до Европскиот Парламент и Комисијата на Европската Унија за грчкиот и бугарскиот антимакедонизам, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, и грчкото наци-фашистичко барање за промена на името на државата и бугарското наци-фашистичко барање за промена на историјата на Македонија, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија Македонците во Европа сметаат дека Европската Унија и НАТО не се достојни за промена на името на државата Македонија и индентиетот на Македонската нацијa. На Семакедонскиот мирен протест покрај слоганите “Не ја даваме Македонија“, “Македонија вечна“, “ “Не, за тиранската платформа“,Едно име имаме“, “Не сакаме Влада на Сорос“, се пееја македонски народни песни. |