|
||||
Патриоти од Австралија собираат донации за напаѓачите на Села |
Од 15 до 500 долари е износот на донациите кои ги уплаќаат Македонци од дијаспората за собирање средства за одбраната на напаѓачите на Зијадин Села во македонскиот Парламент, како и за помош на нивните семејства.
„Македонските патриоти Цане и Кире Ѓоргиевски се соочуваат со минимум 5 години затвор за нивните активности на 27 април. „Мина“ собира средства за помош на нивните семејства, но, исто така, ќе им помогне за одбрана од обвиненијата за „обид за убиство“ на Зијадин Села од УЧК пред судот“, пишува во објавата. До неа се објавени и неколку коментари во кои пишува „За Македонија издржејте“, „Да не се даваме“, „За правда“ и дека обвинетите биле испровоцирани од пеењето на албанската химна и дека судот треба да го отфрли обвинението. Досега 13 лица донирале вкупно 1415 долари. Мф/ВМ |