|
||||
Нели пред Уставот и законите сите се еднакви?! |
ДАЛИ И КАКО ЗЕМААТ ПЛАТА ПРАТЕНИЦИТЕ? Пишува Тодор ПЕТРОВ Собранието на Република Македонија на 21. продолжение ја прекина конститутивната седница на 27 април 2017 година во 18.00 часот. Во тек беше расправата по третата точка од дневниот ред: Избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија. Неопределен број пратеници после прекинувањето на 21. продолжение, во 19.00 часот, во спротивност со Уставот, Законот за Собранието и Деловникот на Собранието насилно го прокламираа пратеникот Талат Џафери за "претседател" на Собранието. Одлуката за избор на претседател на Собранието, потпишана од неовластено лице, Горан Мисовски, беше објавена на 9 мај 2017 година во број 53 на Службен весник на Република Македонија. Решенијата за работен однос и за платите на пратениците ги донесува Комисијата за прашањата на изборите и именувањата. Мандатот на пратениците се верификуваше на 30 декември 2016 година. За жал, не е закажано 22. продолжение на конститутивната седница на Собранието и Комисијата за прашањата на изборите и именувањата се уште не е избрана. Се поставува прашањето: Дали, врз основа на кој акт и кој им исплаќа плата на пратениците за јануари, февруари, март, април и мај 2017 година? Доколку тоа се врши е незаконско и државната управна инспекција и државната трудова инспекција треба да реагираат, соодветно и јавниот обвинител, бидејќи некој врши кривично дело! Нели пред Уставот и законите сите се еднакви?! |