|
||||
Напад на македонската култура и традиција |
Колумна на Џејсон Мико: Напад на македонската култура и традицијаРАЗМИСЛУВАЊА ЗА 21 ГОДИНА На 25 мај 1996 година првпат во мојот живот слетав во Скопје. Има толку многу за што да се размислува во двете децении плус една година, но едното нешто на кое сакам да се фокусирам е најсмртоносното за иднината на Македонија – најголемата промена на која бев сведок во 21 година е следнава: имаше с` побрз напад на македонската култура, а под „култура“ тука земам страница од „Kултурата е важна“, издадена од покојниот Семјуел Хантингтон, кој ја дефинира културата со субјективни термини, вклучително и „вредности, ставови, верувања, ориентации и фундаментални претпоставки што распространети меѓу луѓето во општеството“ На 25 мај 1996 година првпат во мојот живот слетав во Скопје. Пред тој ден, одредено време во текот на претходните четири години минав во другите земји на Балканот, но ова ми беше првпат во Македонија и слетав по бизнис патување во Хрватска на тридневна посета за да видам дали можам да живеам тука за тримесечна хонорарна работа со „Мрси корпс“, хуманитарна организација базирана во Портланд, Орегон. Kон средината на јули се вратив за таа хонорарна работа и трите месеци се претворија во една година, која се претвори во седум години, кои сега се претворија во 21 година. И време е да се размисли. Има толку многу за што да се размислува во двете децении плус една година, но едното нешто на кое сакам да се фокусирам е најсмртоносното за иднината на Македонија – најголемата промена на која бев сведок во 21 година е следнава: имаше се побрз напад на македонската култура, а под „култура“ тука земам страница од „Kултурата е важна“, издадена од покојниот Семјуел Хантингтон, кој ја дефинира културата со субјективни термини, вклучително и „вредности, ставови, верувања, ориентации и фундаментални претпоставки кои распространети меѓу луѓето во општеството.“ Одамна научив дека с` потекнува од културата на општеството, вклучително и економијата и политиката. И иако културата се менува со текот на времето, таа промена треба да биде многу бавна и направена со голема внимателност, дебата и согласност од мнозинството од општеството. Но, брзината со која социјалните инженери на прогресивната левица (како домашни, така и меѓународни) работеа да ја променат македонската култура, беше толку брза што одзема здив. Објаснето на друг начин, истиот тој напад над американската култура започна во 1960, но во изминатите осум години добива неверојатна брзина (а кој беше претседател во изминатите осум години?). Овој напад над културата и традицијата почнува (во Америка, Македонија, Унгарија, Полска итн.) со фамилијата и сака да ја промени самата природа на фамилијата. Во Македонија ова добива поголема димензија: преку поткопување на фамилијата, прогресивната левица се надева дека ќе го поткопа името и идентитетот на Македонија. А не ли е фамилијата онаа која го продолжува непрекинатото пренесување на тоа име и идентитет? Предавана од една генерација на следната, македонската култура, име и идентитет продолжува во вечност. Додека не престане затоа што нема кој да ја продолжи. Оттаму произлегува дека напад на основниот градежен блок на некое општество, фамилијата, е напад над македонското име и идентитет. Ирскиот автор Ос Гинис пишува вака „…мора да продолжиме да ја кажуваме приказната, не смееме никогаш да заборавиме и мораме да изградиме наши фамилијарни спомени и наши национални спомени бидејќи споменот е клучот… Со уништувањето на фамилијата преку катастрофата на таквата смислена културна промена, културната трансмисија и традиција исто така ќе бидат губитници.“ Војната со македонската култура, име и идентитет не е ништо помалку од обид за преправање на општеството во сликата на прогресивната и секуларна левица. Тоа е здружен обид за потценување и уништување на основното ткиво на Македонија и Македонија да се претвори во … ништо. Ништо уникатно и ништо специјално. Без уникатно име. Без уникатна култура. Без уникатен идентитет. Без минато. Без иднина. Преку напаѓање на методите на културна трансмисија, ги пресекувате корените; како што напиша Александар Солженицин „За да уништиш народ, мора првин да ги прекинеш нивните корени.“ Или како што Милан Kундера, во неговата книга „Kнигата на смеата и заборавањето“ напиша „Првиот чекор во ликвидирањето на народ е да се избрише неговата меморија. Да се уништат неговите книги, неговата култура, неговата историја…. Брзо нацијата ќе започне да заборава што е и што била.“ Многу од нашите пријатели од прогресивната левица кои ја бараат оваа промена се навистина искрени – тие веруваат дека политиките и ставовите што ги поддржуваат, ако бидат имплементирани, би им помогнале на фамилиите и општеството. Но, тие искрено грешат во нивните верувања и не го знаат тоа. Џорџ Орвел напиша: „Голем дел од левичарската мисла е еден вид играње со оган од страна на луѓе што дури и не знаат дека огнот е жежок.“ Преголем дел од нашите пријатели од прогресивната левица немаат идеја што бранат, а сепак тоа што тие го бранат на крајот ќе ја уништи не само земјата која тврдат дека ја сакаат (Америка, Македонија или друга), туку тоа што тие го бранат на крајот ќе ги уништи и нив. Во земјите од Југоисточна Европа сум веќе четвртина век, во Македонија 21, а утре ќе ја почнам 22. Голем дел од мојот живот го инвестирав во Македонија и имам намера да го инвестирам остатокот од мојот живот, колку што време ќе ми даде Бог, во Македонија. Се надевам ова ќе биде добра вест за моите пријатели и најверојатно ќе биде лоша вест за оние кои ме мразат. Планетата се менува уште повеќе и брзо на две спротивни страни, една на страна на вистината, а другата на страна на лагите; една страна во корист на традицијата, фамилијата и националната држава и една страна во корист на секуларна, прогресивна современост по секоја цена и без мисли дали е правилно или погрешно, а истовремено против фамилијата и националната држава. Овие конфликти ќе потраат за сите нации и народи, вклучително и за Македонија за блиската иднина. Патот напред за Македонија ќе биде тежок и ќе има тешки судири напред во таа иднина ако сакаме да го спасиме македонскиот народ, име, идентитет и култура. Јас планирам да бидам комплетно вклучен во овие битки. Затоа што Македонија вреди. Пишува: Џејсон Мико за Дневник Превземено од: Журнал.нет |