Среда, 31 Мај 2017    PDF Печати Е-пошта
ОБЈАВЕНА Е ЧЕТИРИНАЕСЕТТАТА ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“

Александар ДОНСКИ

Деновиве на Youtube е поставена четиринаесеттата епизода од  документарната серија „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ (“THE ANCIENT MACEDONIANS WERE NOT GREEK”), чиј комплетен автор е Александар Донски. Серијата е во продукција на Lloyd Harrison Entertainment Group од Сиднеј, извршен продуцент на серијата е Џим Стефан, ко-продуцент е Горан Котев, а асоцијативен продуцент е Андрија Петревски, сите од Сиднеј. Текстот го читаат Бубе Донска  и Стефо Нанцу. Во серијата ќе бидат претставени сведоштва од над педесет антички автори според кои античките Македонци не биле никакви „Грци“ како што тврди денешната грчка пропаганда. Авторот на серијата Александар Донски очекува оваа серија да ги разниша темелите на грчката историографија и пропаганда кога е во прашање античка Македонија.

Четиринаесеттата епизода е посветена на сведоштвата од Дио Касиј, Ефор и Евтропиј.

Дио Касиј (Lucius Cassius Dio) се родил во Никеја (Битинија) во средината на II век, а починал по 229 година. Тој бил бележит римски историчар. Негово најпознато дело е „Историја на Рим“ објавено во 80 томови. Ова дело тој го пишувал цели 22 години, а ја опфаќало историјата уште од најстарите времиња, па се до неговото време.  Извесно време бил назначен како гувернер на Смирна, а потоа и за конзул. Подоцна се вратил во родната земја, каде и починал. Некои од  томовите се зачувани делумно, а некои речиси целосно.

Во зачуваните фрагменти Дио Касиј во повеќе наврати пишува за Македонија и Македонците. Во 17 том (книга) тој ги опишува воените дејства помеѓу Македонија и Рим. Притоа сосема јасно ги издвојува Македонците од Грците, прецизирајќи дека Грците всушност биле под македонска власт пред да дојдат Римјаните. 

Центо со помош на флотата ја спаси Атина, која била опсадена од Македонците и го ограбил Калкис, кој бил окупиран од истиот непријател. Во меѓувреме Фи­лип (Петти) настапил против Атина, но Центо, враќајќи се, го одбил назад... Додека Филип бил зафатен во Гр­ција, Апус­тиј ја нападнал Македонија... “ ("Roman History", Book 17, 9).

И во делот 16 од истата книга Дио Касиј одделно ги спомнува Македонија и Грција, при продолжението на описот на Римско-македонската војна:

Но, да се вратиме на кампањата во Грција и Маке­донија...“  

Пишувајќи во продолжение за успехот на римс­киот генерал Фламинин во борбите против Филип Петти Македонски, Дио Касиј објаснува дека Флами­нин не сакал до крај да го порази Филип Петти за да не го разбуди кај Грците слободарскиот дух, па наместо да им бидат благодарни на Римјаните, да не посакаат да им се спротивстават. Во истата книга (60) читаме:

Тој (Фламинин, з.м.) стравувал дека ако Филип биде отстранет, Грците можеле да го обноват својот ан­тички дух и повеќе да не им обрнуваат внимание на Римјаните.“

И овде нема потреба од дополнителен коментар.

Во 20 книга Дио Касиј  ги опишува настаните во Ма­кедонија пред Третата римско-македонска војна. Овде читаме:

Филип (Петти), кралот на Македонија, го осудил на смрт својот дин Димитрија, а се подготвувал да го убие и својот друг син Персеј, но смртта го претекнала. Ова се случило заради тоа што Димитрија ја придобил склоноста на Римјаните за време на својот престој и залож­ништво и се надевал, заедно со останатиот дел од македонскиот народ, дека тој ќе го наследи кралст­вото по смртта на Филип. Но, Персеј, кој бил негов постар брат бил љубоморен на него и лажно го обвинил за подготвување завера против нивниот татко. Така Димитрија бил принуден да испие отров, по што умрел. Недолго потоа Филип ја разбрал вистината и посакал да го казни Персеј, но немал доволно сила, а недолго потоа умрел. Така Персеј го наследил кралството.“

Во следните книги Дио Касиј во повеќе наврати ги спомнува Македонија и Грција, но веќе како римски про­винции. Во секој случај, тој е уште еден антички автор кој бил сосема свесен за етно-културните разлики меѓу Македонците и Грците.

ЕФОР (V И IV ВЕК ПРЕД ХРИСТА)

Ефор (Ephorus) бил антички историчар кој живеел око­лу 400 до 330 година пред Христа. Потекнувал од Мала Азија. Малку се знае за неговиот живот. Бил ученик на Исократ, под чие влијание се посветил на пишувањето исто­ри­ја. Неговото најпознато дело содржело 29 книги, а според Полибиј (за кого во продолжение пишуваме) Ефор бил пр­виот автор на една општа историја. Делата на Ефор  не се зачу­вани во оригинал, но за нив се знае од прене­сените де­ло­ви од други подоцнежни автори. Еден од нив бил Страбо (за кого исто така пишуваме во продолжение). Цити­рајќи го Ефор, кој ги опишувал то­гаш­ните граници на грчкиот свет, Страбо (8, 1-3) пишува:

Ефор вели дека ако почнеме од западните делови, Акарнанија е првата област на почетокот од Грција, за­тоа што, додава тој, Акарнанија прва граничи со племи­њата на Епирците. Но, исто како што Ефор, користејќи го морскиот брег, почува со Акарнанија (тој се одлучил за морето како еден вид водич бидејќи ако постапел поинаку, можел да претстави делови што граничат со земјите на Македонците и на Тесалијците како почеток) сосе­ма е во ред ако и јас исто така ги следам природ­ните карактеристики на овие области и го искористам морето како мој водич.“

И понатаму:

„Грција е составена од два многу големи делови од копно, едниот е дел внатре во Истмус, а вто­риот е надво­решен дел, кој се протега се до Пиле и до реката Пена (подоцнежниот тесалиски дел од Грција).“

И овде е толку јасно опишана границата на грч­ките територии, што никаков коментар не е потребен.

ЕВТРОПИЈ (IV век)

Евтропиј бил римски историчар, кој живеел во IV век по Христа. Тој го придружувал императорот Јулијан (361 - 363 год.) во походот против Перси­јан­ците, а неговото име се спомнува и во времето на ца­рот Валенс (364 - 378 год.), кому Евтропиј го посветил своето дело "Breviarium historiae Romanae". Ова дело ја опфаќало историјата на Рим во десет тома. И овој антички автор сосема јасно ги третирал Македонците како одделен народ во однос на Грците. Во Третата книга (12 поглавие) тој пишува за војната помеѓу Картагина (Ханибал) и Рим. Тој го спомнува и маке­донс­киот крал Филип Петти, кој му понудил сојуз­ништ­во на Ханибал против Римјаните, а за воз­врат побарал подоцна тој да му помогне во војната против побунетите Грци. Овде читаме:

Отприлика во ова време Филип (Петти) кралот на Македонија, испратил амбасадори кај него (Ханибал, з.м.), нудејќи му помош против Римјаните, но под услов, откако ќе ги поразат, за возврат, тој да добие помош од Ханибал против Грците.

Јасно е дека и Филип Петти ги сметал Грците како инаков народ во однос на своите Македонци. Впрочем, добар дел од грчките територии во негово време биле потчинети на Македонците.

Со ова сведоштво и Евтропиј се вклучува во листата антички автори кои ги сметале античките Македонци како посебен народ во однос на античките Грци.

Четиринаесеттата епизода можете да ја погледнете на ликот:

https://www.youtube.com/watch?v=g9aGSv4_XYA&feature=youtu.be

Останатите епизоди можете да ги погледнете на каналот на Јутуб:

https://www.youtube.com/channel/UCJnd4_NuUyQQZfbMqom64kQ

Повеќе детали околу финансирањето на овој проект можете да најдете на:  https://www.gofundme.com/aleksandardonski

Документарен филм со дел од дејноста на авторот Александар Донски можете да погледнете на:

https://www.youtube.com/watch?v=5S26QOz71gU&t=1535s

evtropij
Биста со ликот на Евтропиј

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.