Среда, 07 Јуни 2017    PDF Печати Е-пошта
ШТО И ЗГРЕШИВМЕ НА ГЕРМАНИЈА?

Angela-Merkel

Една идеја што за прв пат беше претставена токму во "Македонска нација" пред неколку месеци, се чини сосема извесно дека е прифатена од званичен Берлин и ќе биде реализирана во претдстојните неколку години.

Имено, станува збор за предлогот: Сојузна Република Германија да формира своевиден проект, т.е. фонд за помош на западниот Балкан со формирање на мини верзија на "Маршаловиот план" со којшто по завршувањето на II  Светска војна, според планот на американскиот генерал Маршал, САД финансиски ја помогна обновата на Германија и уште неколку земји од хитлеровската оска.

Како благодарност кон канцеларката Меркел, доколку идејата биде прифатена, ние предложивме фондот симболично да го носи нејзиното име, т.е. "Меркелов план".

Според пишувањето на белградскиот дневен весник "Вечерње новости", Германија веќе имала подготвено мини Маршалов план за Балканот со цел во годините што претстојат да се раздвижат економиите во регионот. Весникот, при тоа, се повикуива на "сигурни дипломатски извори!"

Плaнот на званичен Берлин, наводно, бил наскоро да го стави oвој проект на маса на Европскиот совет во Брисел за одобрување, но и за определување на износот на средства за таа намена. Мини Маршаловиот план, или како што го нарекуваат во Берлин "Балкан плус" прилив на средства очекува од Европската економска зона што ја сочинуваат Европска Унија, Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, како и Европската асоцијација за слободна трговија ЕФТА, каде припаѓа и Швајцарија.

Приоритет на програмата на проектот "Берлин плус" се предвидува да биде сообраќајно поврзување на Србија со БиХ , како и Србија, преку Приштина (Косово), Тирана (Aлбанија).

Ваквиот концепт, како и самиот Берлински процес, од којшто произлезе и идејата за процесот "Берлин плус", има една многу сериозна фалинка, а тоа е сознанието дека ни во првиот ни во дополнителниот проект никаде ја нема Македонија. Или поточно речено, не е присутна Македонија. Додуша, мораме да имаме малку резерва кога донесуваме ваква забелешка, бидејки сепак немаме увид во целиот текст на концептот "Берлин плус", но ако по утрото се познава денот, тогаш излгеда не треба многу да се надеваме на финансиска помош од двата проекта, или пак евентуално само на трошки.

Неспорно е дека Германија е водечка земја и во "Берлинскиот процес" и во "Берлин плус", па следствено се наметнува заклучокот дека не нема, или сме наргинализирани и во двата проекта, за што сепак "најзаслужна" е токму Германија. 

А да ги праша човек Германците: Зошто? Што ви згрешивме? Од каде и на што се должи ваков непријателски однос од ваша страна кон нас Македонците, не сум сигурен дека ке можат да понудат некој логичен и аргументиран одговор. И дополнително прашање: како го замислувате напредокот на целиот имагинарен регион на западниот Балкан игнорирајки ја Македонија??? Не ја познавате доволно географијата на регионот, или што е проблемот?

Па тоа ни Хитлер не го правеше! Напротив! Нему многу му беше присутна во свеста Македонија, па дури се обиде 1944 година и да направи независна македонска држава на чело со Иван Михајлов, а по примерот на ЕнДеХа на Анте Павелиќ, а кога ги караше своите генерали за неуспесите на фронтовите, им врескаше:"Не сакам македонски работи" (мацедонише цуштенде)! 

Не сакаме да веруваме дека целта на владата во Берлин со бруталното игнорирање на Македонија како меѓународно призната држава и со некритична подршка на вештачки создадени државни творби на Балканот и со некритичка помош на мафијашки и криминогени режими во регионот, сака токму да создаде "Мацедонише цуштенде".

Чунки антимакедонската хистерија денес актуелна во Берлин сепак ќе еволуира во промена на германскиот став кон Македонија, пред се и над се не само заради нас, туку и заради целиот регион којшто - цитирајки ги изјавите од дипломатските извори за процесот:"Берлин плус" на Германија "многу и значел"!?

Ѓорѓи Поповски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.