Четврток, 08 Јуни 2017    PDF Печати Е-пошта
ОБЈАВЕНА Е ПЕТНАЕСЕТТАТА ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“

БЈАВЕНА Е ПЕТНАЕСЕТТАТА ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА

„АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“

Donski 2 Александар ДОНСКИ

Деновиве на Youtube е поставена петнаесеттата епизода од документарната серија „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ (“THE ANCIENT MACEDONIANS WERE NOT GREEK”), чиј комплетен автор е Александар Донски. Серијата е во продукција на Lloyd Harrison Entertainment Group од Сиднеј, извршен продуцент на серијата е Џим Стефан, ко-продуцент е Горан Котев, а асоцијативен продуцент е Андрија Петревски, сите од Сиднеј. Текстот го читаат Бубе Донска и Стефо Нанцу. Во серијата ќе бидат претставени сведоштва од над педесет антички автори според кои античките Македонци не биле никакви „Грци“ како што тврди денешната грчка пропаганда. Авторот на серијата Александар Донски очекува оваа серија да ги разниша темелите на грчката историографија и пропаганда кога е во прашање античка Македонија.

Петнаесеттата епизода е посветена на сведоштвата од Евсевие Кесариски и римскиот генерал Фламинин.

Евсевие Кесариски (Eusebius of Caesarea) се родил око­лу 263, а починал околу 339 година. Тој е познат како „Татко на црковната историја“. Не се знае каде се родил, а мал­ку се знае и за неговата младост. Во 296 година прес­тојувал во Палестина каде го видел лично царот Констан­тин Велики, кој тогаш таму бил во посета. Потоа прес­то­ју­вал во палестинскиот град Цезареја, каде се сприја­телил со Памфилиј од Цезареја со кого проучувал тексто­ви од Библијата. Престојувал и во Тир и Египет, по што бил назначен за епископ на Цезареја Маритима. Активно бил вклучен во дискусии околу контроверз­ни­те теолошки теории на еретикот Аријан, а извесно време го поддр­жу­вал ерети­кот Ори­ген. Точната година на неговата смрт не е позната. Денес е зачуван голем дел од неговите дела, би­ло во автентична форма, било како цитати од други автори.

Во својата книга „Хроника“ Евсевие наведува де­тални податоци за владетелите на разни народи и држави (имиња, времетраење на нивното владеење и сл.). Во делот посветен на периските владетели, Евсе­вие го спомнува крајот на персиската империја под Дарие Трети, по што со некогашната персиска империја завладеале Македонците. Тој јасно пишува дека познатата египетска кралица Клеопатра (Седма) била Македонка, потомок на македонска династија што останала да владее со Египет по смртта на Александар. Овде читаме:

По Александар македонските кралеви владе­еле уште 295 години, сè до смртта на кралицата Клео­патра, која отприлика владеела до времето на 187-та олимпијада (32 - 29 год. пред Христа)“. (Eusebius of Cesarea, Chronicon, 2008, translated by Andrew Smith).

Евсевие нуди и други интересни податоци. Тој обја­вува подолг список победници на антич­ките олимпи­јади. Во овој список фигурираат и имињата на неколку Маке­донци победници на олимпијадите (секако откако им било дозволено да учествуваат, т.е. по времето на Александар Велики Македонски). Така, на пример, на 113-та олимпи­јада одржана во 328 година пред Христа, победник во трка бил извесен „Клитон од Македонија“. Потоа следува „Антигон од Македонија“ кој бил двократен победник во трка на 122 и 123 олимпијада (одржани во 292, т.е. 288 год. пред Христа). На 128-та олимпијада побе­дил тркачот „Селевк од Македонија“. На 149-та олим­пијада (184 год. пред Христа) на трката победил извесен Хипострат од маке­донската област Пиерија.

Евсевие прави детален преглед и на сите македонски владетели (со имиња и времетраење на нивните владее­ња). Иако тој ја пренесува теоријата за потеклото на маке­донската царска династија од Пелопонез, сепак Маке­донците ги третира како посебен народ:

Во времето пред Првата олимпијада, Каран бил воден од амбицијата да собере сили од Аргеадите и од останатиот дел од Пелопонез, со цел да ја поведе оваа војска на територијата на Македонците.“ (Eusebius of Caesarea: "The Kings of the Macedonians").

Во продолжение (во истото дело) Евсевие Кесариски пишува:

Најверодостојните историчари потеклото на маке­донс­ките кралеви го поврзуваат со Херакле. Од Каран, кој бил првиот што владеел со сите Македонци, до Александар, кој ја потчинил Азија, имало 24 кралеви кои вкупно владееле 453 години.“

Во врска со владеењето на македонскиот крал Анти­гон, Евсевие пишува:

„Антигон... станал крал на Македонците во првата година од 126-та олимпијада. Антигон  сосила ja освоил Грција“.

Евсевие Кесариски одделно ги спомнува Маке­донците и Грците и во книгата „Докази за Еванге­лието“. Во Третата книга (поглавие 7), спомну­вајќи ги народите што потпаднале под римска власт, Евсевие Кесариски пишува:

„Од тогаш еврејскиот народ станал потчинет од Римјаните, исто како и Сиријците, Кападо­кијците, Маке­донците, Битијанците и Грците и сите други народи, кои се под римска власт.“ (Eusebius of Caesarea: "Demonstratio Evangelica", Tr. W.J. Ferrar , 1920, Book 3 Chapter VII).

Гледаме дека и кај Евсевие Кесариски постојат јасни артикулации за разликите помеѓу античките Македонци и античките Грци.

ФЛАМИНИН (III И II ВЕК ПРЕД ХРИСТА)

Фламинин (Titus Quinctius Flamininus) се родил околу 228 година пред Христа. Тој бил познат римски политичар и генерал. Учес­т­вувал во the Втората пунска војна, а во 205 годи­на бил назна­чен за пропретор во Тарентум. Во 198 година пред Христа станал конзул. Бил испратен да учествува како гене­рал во Втората македонско-римска вој­на против маке­донскиот крал Филип Петти, кого го поразил и го избркал од грчките територии со исклучок на неколку тврдини, по што станал вистински господар на грчките тери­тории, замену­вајќи го македонското ропство со римска доми­на­ција. Во 196 година пред Христа им ветил на грчките градови-држави целосна слобода, заради што Грците го прогласиле за свој ослободител од македонскиот јарем. Всушност на тој начин Фламинин знаел дека ќе ја придобие грчката аристократија на страна на Рим како сојузник во евентуал­ните нови судири на Рим со Македонија. По ова Фламинин во слава се вратил во Рим. Во 192 година пред Христа бил испратен да војува против Антиох Трети (маке­донс­киот крал од династијата на Селевкидите кој владеел со дел од Азија), кој исто така бил поразен.

Потоа Фламинин бил испратен и во други мисии во полза на Рим, а се смета дека починал околу 174 година пред Христа.

Од аспект на темата што ја обработуваме, ќе потсетиме на римско-македонските преговори што следувале по поразот на Маке­донците, каде од страна на историчарот Полибиј, e пренесена изјавата од Фламинин, кој на претс­­­тав­никот на the Етолците, му рекол:

Во интерес на Грците е македонската доми­нација да биде што подолго потисната, но нема сомнение дека таа треба да биде уништена.“ (XVIII, I, 37).

Веќе спомнавме дека по ова на Фламинин, од страна на извесен Фе­неј, му било посочено дека Филип можел да ја обнови својата моќ, на што тој одговорил:

Не зборувај бесмислици Фенеј, јас така ќе го нап­равам мировниот договор што Филип, и да сака, не ќе може да им направи ништо лошо на Грците.“ (XVIII, I, 37).

Овие директни изјави од Фламинин, но и другите сег­менти за неговата дејност, опишани од Плутарх, Павсанија и други историчари, доволно зборуваат дека и за овој римски генерал било сосема јасно дека Македонците се инаков народ во однос на Грците.

Петнаесеттата епизода можете да ја погледнете на ликот:

https://www.youtube.com/watch?v=hWQLYvhVdAI&feature=youtu.be

Останатите епизоди можете да ги погледнете на каналот на Јутуб:

https://www.youtube.com/channel/UCJnd4_NuUyQQZfbMqom64kQ

Повеќе детали околу финансирањето на овој проект можете да најдете на:https://www.gofundme.com/aleksandardonski

Документарен филм со дел од дејноста на авторот Александар Донски можете да погледнете на:

https://www.youtube.com/watch?v=5S26QOz71gU&t=1535s

1

Евсевие Кесариски – еден од најпознатите ранохристијански хроничари и историчари, сосема јасно тврдел дека Македонците не биле никакви Грци.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.