|
||||
„НЕ СМЕЕМЕ ДА БИДЕМЕ ЗАТЕКНАТИ“ |
(„Нова Македониа“ од 19 мај 1990 година - А. Шољаковски) Во процесот на демократските трансформации во Југославија настануваат нови политички констелации кои бараат изградување на сопствено републичко видување на иднинатa. - Иднината на Македонија е најтесно поврзана со се поголемата отвореност кон југословенскиот, балканскиот и европски економски, политички и културен простор. Извонредно брзите промени во Европа, на Балканот и посебно во Југославија, наметнуваат размисли и за судбината на секој народ или простор посебно. Промените во Југославија, од друга страна пак, наметнуваат и потреба за размисла за новите односи и конституцијата на заедницата. Во игра се сите можни опции и оние кои претставуваат израз на наметнатата потреба од договарање и градење на новите односи, па сe до оние кои реалноста, иако несакани, ги наметнува како можни. Она што до пред сосема кратко време можеше да биде табу-тема сега е реалност за ќоја не само што треба, туку и мора да се размислува. Па така, не е ништо без основа Размислите за ново конституирање на федерацијата, конфeдеративните модели се до неминовноста од разгледување на можноста за самостојно решавање на проблемот, нe се и не смеат да бидат пренабрегнати во создавањето на сликата за сопствената положба и перспактева. Од овие причини ,,Нова Македонија” започна анкета во која научни, културни и јавни работници ги изнесуваат своите видувања на Стратешката положба и перспективите на Македонија во рамките на политичките и општествените збиднувања. ОТВОРЕНИ ГРАНИЦИ На Македонија и се потребни отворени и сигурни граници што нема да го ограничуваат протокот на луѓе, стоки, услуги, капитал, знаење, идеи и информации. Тоа е услов за нејзиниот просперитет. Но, мора да се има предвид и тоа дека истото е во интерес и на нашите соседи. Политички, културен и, пред се економски императив што произлегува оттаму е почнувње на процесот за нормализација на односите со соседите, а согласно со нормите на цивилизирано однесување, што светот го познава денес. Секако, една од тие норми е и признавањето и укажувањето на човековите слободи и права во рамките на кои националните слободи и права претставуваат незаобиколен дел. Нормализација на односите и нивно одржување и унапредување како процес е можен само меѓу субјекти што заемно се признаваат и се прифаќаат. Интегративните текови на Балканот и просперитетот на народите што го населуваат, ќе зависи токму од оваа ноторна вистина. Балканската интеграција не претставува потиснување на националното, напротив, како интензивна културна интеракција, втемелена врз отворена и просперитетна економија, таа е услов за целосна афирмација на националното, во сета негова големина. Во овој контекст, проблемите и отворените прашања што постојат со сите соседи, со кои се граничи Македонија, можат да се решаваат и единствено ќе се решат врз рационална основа, со стивнати емоции што го матат разумот. Националните емоции во балканскиот речник (во кој Балкан се преведува со „буре барут") значат експлозија. А тоа никому нема да му користи, најмалку на оние што седат врз тоа буре. Едноставно, балканските народи и држави сопствениот интерес ги упатува на заемна соработка. Европските интегративни процеси се рамка, во која нужно ќе се остварува и процесот на балканската интеграција. Македонија е балканска и европска земја, и како на таква, интересите и судбината најтесно ќе и бидат испреплетени со остварувањето на тие процеси. Само во рамките на обединета и демократска Европа, во која Балканот растоварен од своите предрасуди и конфронтации, ќе претставува интегрален дел, македонското прашање ќе го добие саканиот епилог на полно уважување и духовно обединување на Македонците од трите дела на Македонија. Националниот духовен (културен) простор, по правило, ги надминува државните граници на повеќето денес постојни нации во светот. Таков е случајот и со македонскиот национален културен простор. Но, за да опстојува, нужно е да биде ослободен од политичкиот авантуризам што, по правило, предизвикува сомневање отпор и репресија на институциите во средината, каде што се пројавил. Во опстојувањето и пулсирањето на националниот културен простор, без сомнение, нагласена е улогата на македонската држава. Република Македонија мора да стане, во вистинска смисла матична држава на снте Македонци, без оглед каде се наоѓаат во светот и од каде потекнуваат. Затоа, во времето :шго претстои, неопходно ќе биде да се доизгради мрежата на институционални и персонални врски како меѓу Македонците што живеат низ светот со Република Македонија. така и меѓу самите нив. Не може да се надева на блескава иднина народ: што нема историско помнење, став за минатото, изграден однос кон сегашноста и визија кон иднината. Нема иднина ниту оној народ што нема свое достоинство, ниту оној што го бара она за себе, а не е подготвен да му го признае и на другиот. Својата судбина Македонците ја имаат во свои раце. Нивната полна афирмација и просперитет на Македонија можат да бидат, пред се, нивно дело. Другите во тоа можат само да помогнат. ПАНДЕ ЛАЗАРЕВСКИ, асистент на ИСППИ |