Среда, 21 Јуни 2017    PDF Печати Е-пошта
ОБЈАВЕНА Е СЕДУМНАЕСЕТТАТА ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“

ОБЈАВЕНА Е СЕДУМНАЕСЕТТАТА ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА

„АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“

Donski 2Александар ДОНСКИ

Деновиве на Youtube е поставена седумнаесеттата епизода од документарната серија „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ (“THE ANCIENT MACEDONIANS WERE NOT GREEK”), чиј комплетен автор е Александар Донски. Серијата е во продукција на Lloyd Harrison Entertainment Group од Сиднеј, извршен продуцент на серијата е Џим Стефан, ко-продуцент е Горан Котев, а асоцијативен продуцент е Андрија Петревски, сите од Сиднеј. Текстот го читаат Бубе Донска и Стефо Нанцу. Во серијата ќе бидат претставени сведоштва од над педесет антички автори според кои античките Македонци не биле никакви „Грци“ како што тврди денешната грчка пропаганда. Авторот на серијата Александар Донски очекува оваа серија да ги разниша темелите на грчката историографија и пропаганда кога е во прашање античка Македонија.

Седумнаесеттата епизода е посветена на сведоштвата од античките историчари Исократ и Марко Велеј Патеркул.Исократ (Isocrates) бил античко-грчки оратор. Се родил во 436, а починал во 338 година пред Христа. Прак­тично, тој бил современик на Филип Втори Маке­донс­ки. Потекнувал од богато семејство, кое осирома­шело заради Пелопонеската војна. Но, Исократ повторно се збогатил откако во 392 година пред Хрис­та отворил училиште за реторика. Денес се зачувани само дел од неговите говори (писма). Еден од овие говори е познат како „Филип(The Philippus). Во овој говор (писмо) Исократ упатува повик до Филип Втори Македонски да застане на чело на Грците и да превземе воена акција против Персија. Овој говор бил создаден во 346 година пред Христа, недолго по воените успеси на Филип Втори Македонски против Грците. Прак­тично, откако Исократ сфатил дека Филип е воено над­моќен над Грците, наместо ната­мошно спротивста­ву­вање против него, тој постапил прагматично и им понудил на Грците да се потчинат под командата на Филип и заедно да ја нападнат Персија. Во ова свое обраќање Исократ исто така недвосмислено ги третира Македонците и Грците како два одделни народа.

На почетокот Исократ му пишува на Филип дека кога ја изложил својата идеја да му напише писмо пред свои познати, некои од нив го критикувале, обиду­вајќи се да го разубедат. Исократ ги пренесува нив­ните изјави. Еден од нив му рекол дека тој (Исо­крат) не може да знае каков е интересот на Филип, та да му нуди свои совети. Притоа Исократовиот крити­чар ка­жал:„Понатаму, тој (Филип, з.м.) околу себе ги има најком­пе­тентните луѓе од Македонија, кои иако, веро­јатно не се доволно упатени во други работи, го разбираат неговиот интерес подобро од тебе. Освен тоа, многу Грци живеат во неговата земја и тие таму имаат свој углед и репутација и му помагаат со свои совети...“ ("Philippus", 19).

Од овој извадок гледаме дека критичарот што се обидел да го разубеди Исократ да не пишува писмо до Фи­лип (чии зборови овде Исократ ги пренесува), исто така јасно ги третирал Македонците како посебен народ. Имено тој го критикува Исократ, како Грк, да не му пишува писмо на Филип бидејќи ем не ги знаел плановите на Филип, ем ако Филип сакал совет од Грци, тогаш ќе побарал од оние угледни Грци кои живееле (како малцинство) во неговата земја (Македонија).

Во продолжение, следува директното обра­ќање кон Филип од страна на Исократ во кое, меѓу другото, се вели:„Јас мислам дека твојот татко, основачот на твоето кралство и потомок на твојата раса... ќе ти ги дадеше истите совети како и јас.“ (Исто, 105).

И понатаму:„Твојот татко имаше пријателски односи со сите овие држави (се мисли на грчките градови-држави), кон кои те советувам да го свртиш своето внимание. Тој беше основач на твојата империја и неговите амбиции беа поголеми од амби­циите на неговите земјаци... Тој ја напушти Грција сосема сам и се посвети себеси за воспоста­вување кралство во Македонија, бидејќи тој знаеше дека Грците не се навикнати на монархија... Како резул­тат на ова... неговото владеење беше при­лич­но различно од останатите. Самиот тој среде Грците изјавуваше дека владее над народ кој не им е во роднинска врска

Овде Исократ, иако ја застапува теоријата спо­ред која „тат­кото на Филип“ (симболично се мисли на првиот познат предок на неговата династија Темен) потекнувал од „грчкиот“ Арг на Пелопонез, сепак тој (како Грк) недвос­мислено ги спом­нува Македонците како посебна (нерод­нинс­ка) „раса“ (народ) во однос на Грците.

Во натамошното обраќање до Филип, Исократ вели:„Велам дека ти мора да бидеш доброчинител на Грците, крал на Македонија и владетел над што е можно повеќе барбари. Ако успееш во ова, сите ќе ти бидат благодарни - Грците заради користа што ќе ја добијат, Македонците затоа што ќе владееш со нив како крал, а не како тиранин, а остатокот од човештвото ако ги ослободиш од власта на барбарите и ако обезбедиш заштита на Грција“ (Исто, 154).

Сметаме дека ниту за ова не е потребен допол­нителен коментар.Од сето ова јасно е дека и Исократ, како еден од постарите античко-грчки историчари, јасно сметал дека Македонците се различен народ во однос на Грците

МАРКО ВЕЛЕЈ ПАТЕРКУЛ

Марко Велеј Патеркул (Marcus Velleius Pater­culus) бил римски историчар. Се родил во угледно семејство од Кампанија околу 19 година пред Христа. Како млад служел војска во Македонија, Тракија и некои грчки области, а од 4 година по Христа служел во Германија и Панонија. Бил промовиран во претор, но потоа, бил обвинет за заговор и осуден на смрт. Бил погубен во 31 година по Христа. Не­го­вото исто­риско дело насловено како „Преглед на римс­ката историја се состои од две книги, кои го опфаќаат периодот од по опсадата на Троја, па сè до 29 - 30 година по Христа. Во својата Прва книга (6-ти пасус) Марко Велеј Патеркул го цитира постариот римски историчар Еми­лиј Сура, кој ги спомнува Македонците како посебен народ што своевремено бил најмоќен во светот. Во истата книга (пасус 11) пишувајќи за нас­таните по крајот на последната Римско-маке­дон­ска војна Марко Велеј Патеркул ги спом­нува Маке­донците и Грците (Ахајците) како два посебни народа. Всушност тој го спомнува неуспешното востание на Македонците против римската власт. Овде читаме:

По поразот и заробувањето на Персеј, кој по че­тири години почина во Алба како заробеник, изве­сен псевдо-Филип, наречен така заради не­говото лажно претставување дека се викал Филип и дека бил од кралс­кото семејство (иако припаѓал на ниска класа), воено ја завзел Македонија, вообра­зувајќи дека е крал, но набргу бил казнет заради својата дрскост. Квинтиј Метел (Quintus Metellus) прето­рот кој заради своите смели воени дејства го доби прекарот Македоникус, постигна славна победа над него и над Македонците. Тој исто така во голема битка ги порази и Ахајците, кои кренаа востание против Рим.“

И овие артикулации се толку јасни што дополни­телен коментар не е потребен.

Седумнаесеттата епизода можете да ја погледнете на ликот:

https://www.youtube.com/watch?v=50Mu-rj3HNM&feature=youtu.be

Останатите епизоди можете да ги погледнете на каналот на Јутуб:

https://www.youtube.com/channel/UCJnd4_NuUyQQZfbMqom64kQ

Повеќе детали околу финансирањето на овој проект можете да најдете на: https://www.gofundme.com/aleksandardonski

Документарен филм со дел од дејноста на авторот Александар Донски можете да погледнете на:
https://www.youtube.com/watch?v=5S26QOz71gU&t=1535s

IsokratБиста од историчарот Исократ

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.