Среда, 28 Јуни 2017    PDF Печати Е-пошта
Претставникот на ОН Нимиц до ММДЧП: „Неофицијално - ако бев Македонец, не би преговарал за моето име“

nimic-2 2

Специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, им го изјавил на претставниците на Македонското меѓународно движење за човекови права следново: „Неофицијално - ако бев Македонец, не би преговарал за моето име". Првиот медијатор за спорот за името, Робин О'Нил, повеќепати нагласи дека е против преговорите за името и ја замоли Македонија да ги прекине тие преговари. Иако Нимиц напомена дека неговите коментари се „неофицијални", ММДЧП го праша зошто и јавно не ги искаже своите чувства, да поднесе оставка и да се откаже од преговорите за името кои што всушност претставуваат, како што рече Робин О'Нил, напад врз најосновните права на Македонија. Како што можевме да го видиме огромниот притисок врз Македонија да го смени името, со цел да се смири угнетувачот Грција, ние одлучивме, во име на Метју Нимиц, јавно да да ги објавиме неговите чувства.

Исто така, кога претседателот на ММДЧП, Бил Николов, го праша Нимиц, какви се неговите очекувања доколку Македонија се повлече од преговорите за името, тој одговори: „Ништо. Не верувам дека би имало било какви последици". Потполно идентичен одговор добивме и од претставниците на американскиот Стејт департмент кога Николов го постави истото прашање. И згора на тоа, од Стејт департментот рекоа дека според нив решение за спорот за името нема и дека прекинот на преговорите би била логична одлука.

ММДЧП уште еднаш го повторува своето барање до сите политички партии и политичари од Македонија да ги осудат преговорите за името и веднаш да ги прекинат. Болно одекнаа неодамнешните изјави на премиерот Заев во Бугарија кои што значат дека тој е подготвен да го продаде вековното име, етничкото потекло и идентитетот на Македонија, само за да ги задоволи Европската унија, НАТО и САД. ВМРО, вие имавте шанса да го прекинете таканаречениот "спор за името" додека бевте на власт, но одлучивте да не го направите тоа. Откажете се од преговорите за името веднаш. Премиеру Заев, не можете да преговарате за нешто што не е ваше. Дејствувајте барем еднаш во интерес на Македонија и напуштете ги преговорите.

Како што кампањата на ММДЧП „Нашето име е Македонија" вели "Кој ти го даде право да преговараш за моето име?" Барајте почит за Македонија. Сега и веднаш.

---Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.