Среда, 05 Јули 2017    PDF Печати Е-пошта
ОБЈАВЕНА Е ДЕВЕТНАЕСЕТТАТА ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“

Donski 2
Александар ДОНСКИ

Деновиве на Youtube е поставена деветнаесеттата епизода од документарната серија „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ (“THE ANCIENT MACEDONIANS WERE NOT GREEK”), чиј комплетен автор е Александар Донски. Серијата е во продукција на Lloyd Harrison Entertainment Group од Сиднеј, извршен продуцент на серијата е Џим Стефан, ко-продуцент е Горан Котев, а асоцијативен продуцент е Андрија Петревски, сите од Сиднеј. Текстот го читаат Бубе Донска и Стефо Нанцу. Во серијата ќе бидат претставени сведоштва од над педесет антички автори според кои античките Македонци не биле никакви „Грци“ како што тврди денешната грчка пропаганда. Авторот на серијата Александар Донски очекува оваа серија да ги разниша темелите на грчката историографија и пропаганда кога е во прашање античка Македонија.

Деветнаесеттата епизода е посветена на сведоштвата од латинскиот историчар Квинтиј Куртиј Руф.

Македонците јасно се издвоени како посебен народ во однос на Грците и во Биографијата за Алек­сандар Велики Македонски, напишана од латин­с­киот историчар Квинтиј Куртиј Руф. Нема податоци за животот на овој историчар, но се смета дека живеел во I век по Христа. Бидејќи неговото дело е преве­дено кај нас, нема да се задржуваме подетаљно на извадоци од истото. Само ќе спомнеме еден пасус, кој несомнено е најударен во однос на темава што ја обработуваме.

Се работи за сведоштво во врска со посебноста на јазикот на античките Македонци. Квинтиј Куртиј Руф сосема јасно запишал дека античките Македонци и Грци меѓу себе комуницирале преку - преведувачи!

Позната е случката кога било судењето на Маке­донецот Филота, кој подготвувал заговор за убиство на Александар Македонски. Заговорот бил откриен и Филота бил јавно испрашуван лично од страна на Александар.

Квинтиј Куртиј Руф, опишувајќи ја оваа случ­ка, сосема јасно запишал дека Македонците зборувале на засебен јазик. Тој ду­ри цитира и изјава на самиот Алек­сандар Македонски, во која тој, обр­ну­вајќи им се на Маке­донците во прво лице множина, го споменува (цитат): "мај­чиниот и нашиот јазик". Александар му се обрнал на Филота со збо­ро­вите:

Сега тебе ќе ти судат Македонците. Те пра­шувам: дали ќе им се обратиш на мајчиниот јазик?“

Филота одговорил одречно, со образложение дека, освен Македонци, имало присутни и припад­ници од други народи. На тоа, Александар им рекол на присутните Македонци:

Еве, гледатели? Дотаму ли дошол Филота, та да сегна си од мајчи­ниот јазик?... Но, нека зборува како што сака, а вие спомнетеси дека тој подеднакво се отуѓил и од нашите обичаи и од нашиот јазик.

(Quintus Curtius Rufus, "De Rebus Gestis Alexandri Macedonis, VI, 10; Квинтиј Куртиј Руф: "Историја на Александар Маке­донски", во превод од латински на д-р Љубинка Басотова; Скопје, 1998 година, стр. 272).

Но, Филота не останал рамнодушен на овие обвинувања, па во својот одговор, рекол:

Мене ми се префрла што одбивам да зборувам на мајчиниот јазик и де­ка сум се грозел од обичаи­те на Македонците. Значи така јас му се зака­ну­­­вам на кралството, што го презирам? Но, уште порано, оној род­ниот ја­зик, беше напуштен во општењето со другите народи, па така и побед­ни­ците и побе­дените требаше да учат еден туѓ, странски јазик.“ (К.К.Руф, цит. дело, стр. 274).

Сепак, во обвинувањата против Филота се вме­шал Александровиот војсководец Болон кој, меѓу другото, го обвинил Филота дека (цитат): "...иако бил Македо­нец, не се срамувал, преку преведувач, да ги ислушува луѓето што зборувале на неговиот роден јазик".

И оваа случка е толку јасна во однос на постое­њето на посебниот маке­донски јазик, што никаков ко­мен­тар не е потребен. Исто така, од овој опис гле­даме дека дел од Македонците, поради практични причини (поголема мож­ност за општење со другите народи и сл.), го користеле и јазикот коине, иако меѓу себе, и натаму си зборувале на мајчиниот македонски јазик.

Гледаме и дека за време на судењето на Филота му било забележано од страна на Александар затоа што не са­кал на Македонците да им се обрати на „мајчиниот јазик“.

Филота, пак, го обвинил Александар за воведу­вање­то на јазикот коине, па рекол дека македонскиот ја­зик одамна бил запоставен, така што сега и побед­ниците (Македон­ците) и поразените (Грците, Перси­јанците и другите народи кои потпаднале под маке­донска власт) требало да го учат овој нов јазик.

На ова се вмешал Болон, кој го обвинил Фило­та дека, иако бил Македонец, додека ја имал власта, кому­ни­цирал со Македонците преку преведу­вачи. Ова е извон­редно важно сведоштво и доказ дека во тоа време мно­зина Македонци воопшто не го знаеле јазикот коине, па кога сакале неко­му да му се обра­тат, тоа го правеле преку преве­дува­чи. Филота, иако го знаел македонскиот јазик, не сакал да ги слуша Македонците на својот јазик, туку инсис­тирал нив­ните зборови нему да му се преведуваат на јазикот коине.

Квинтиј Куртиј Руф и на други места одделно ги спомнува Македонците и Грците како засебни народи. Во врска со поко­рувањето на азиското племе Арахоси и во престојот во нивната земја, К. К. Руф пишува:

„Таму (Александар, з.м.) ја соединил војската што била под заповед­ништво на Парменион. Тоа биле шест илјади Македонци, двеста благород­ници и пет илјади Грци со шестстотини коња­ници...“ (К.К.Руф, цит. дело, стр. 292).

Сето ова е уште еден силен доказ против совре­мената грчка пропаганда.

Деветнаесеттата епизода можете да ја погледнете на ликот:

https://www.youtube.com/watch?v=QawAlOWs_wo&feature=youtu.be

Останатите епизоди можете да ги погледнете на каналот на Јутуб:

https://www.youtube.com/channel/UCJnd4_NuUyQQZfbMqom64kQ

Повеќе детали околу финансирањето на овој проект можете да најдете на: https://www.gofundme.com/aleksandardonski

Документарен филм со дел од дејноста на авторот Александар Донски можете да погледнете на:

https://www.youtube.com/watch?v=5S26QOz71gU&t=1535s

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.