Среда, 05 Јули 2017    PDF Печати Е-пошта
Во 1903 г. Германија бара од Турција брзо справување со македонската револуција

CampamentoOtomano

Масовноста, ширината и силината со која избувнало востанието на македонскиот народ на 2 август 1903 година, на ден Илинден, претставувале вистинско изненадување како за домашната така и за надворешната јавност. Пред се тоа било изненадување за самата турската власт, која иако добро информирана за дејноста и намерите на Внатрешната организација, сепак не очекувала дека востанието ќе добие такви диммензии и таква ширина во кое ќе земе учество поробениот македонски народ со огромно воодушевување. Ваквиот масовност на населението ќе го изненади и самото раководство на Македонската револуционерна организација.

Истовремено, Илинденското востание претставувало непријатно изненадување не само за турската држава, туку и за многу други големи и мали држави во Европа, кои сметале дека имаат право на наследството од Османската империја. На пример, за Австро-Унгарија и царска Русија, тоа претставувало тешко искушение, бидејќи востанието можело да го наруши воспоставениот статус-кво на Балканот. Двете големи сили, при неможноста сами да ги реализираат своите аспирации врз Османската империја, особено се залагале да не дозволат некој друг да им го наруши тоа право.. Со строго дозирани подобрувања во Македонија, тие се обидувале да се спречат секакви можни радикални решенија што би ги прејидицирале нивните намери. Тргнувајќи од своите цели, во февруари 1903 година, уште пред да започне востанието,  тие веќе изнудиле извесни анемични реформи од Османската империја.

Сериозно загрижени од неочекуваниот развој на востанието, а уште повеќе и од резултатите што тоа ги постигнало со ослободувањето на Крушево, Невеска и Клисура, како и со создавањето на слободни територии во разните делови на Македонија, тогашните големи сили превземаат широка дипломатска активност и ја притискаат Турција да превземе решителни чекори за загушување на востанието.

Соочена со закана на големите сили, турската власт за да се справи со  востаниците и можните неочекувани последици, извршила концентрација на огромна војска во Македонија. За задушување на востанието турската армија ангажирала 167.000 пешадија, 3.700 коњаници и 444 топови. Таа имала задача систематски и безобѕирно да ги изолира сите жаришта на востанието.

Само за угушување  на востанието во Битолскиот округ, односно за напад на ослободеното Крушево и Крушевската република била испратена 20 илијадна армија на чело со Бахтијар паша. Против него застанале 1.200 востаници, готови до еден да ги положат животите во одбрана на Републиката. Односот на вооружените сили, несметајќи го голоракиот народ,  бил 1 према 20, што преведено со денешен речник, турската армија за завземање на Крушево и унишување на Крушевската република употребила несразмерна сила.

По завземањето на Крушево, турската војска со тешки борби систематски ги ликвидирала и другите востанички центри. Два и пол месеци на територијата на Македонија се водела жестока војна меѓу востанатиот голорак македонски народ и до заби вооружената турска војска. Светот бил свидетел на едно жестоко самоубиствено судрување, во кое македонскиот народ со нечуена храброст се обидел сам со свои сопствени сили, да го симне вековното турско ропство, да си извојува право на свој сопствен слободен живот.

За овој обид, за својата очајничка храброст македонскиот народ, со амин на големите сили бил подложен на тешки масакрирања. Настрадале 201 населено место, биле изгорени 12.400 куќи, 70.836 лица останале без покрив над главата, над 30.000 лица избегале, 8.816 лица биле убиенн. Тоа бил крвавиот данок на револуцијата и лицемерието на Европа.

Дека Илинденското востание и текот на „македонската револуција", како ја нарекуваа, ги принуди некои од големите сили, преку демарши да и сугерираат на Портата, а и директно да му се заканат на Султанот, за да се воспостави ред по секоја цена зборуваат доказите . Токму за ваков демарш на Германија се говори во овој извештај на баронот Фон Маршал, германски амбасадор во Цариград, испратен до Министерството за надворешни работи( Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том први, Скопје, 1981, - Die Grosse Politik. Band 18. Berlin 1924, Ѕ. 341 - 343.).

Во дешифрираниот телеграма бр.525 од 28 август 1903 година, Баронот фон Маршал во својот извештај ќе напише:

„По денешниов Селамлик(церемонија при одењето на Султанот на молитва.), имав два часа разговор со султанот. Јас му реков, сообразно со усно дадениот возвишен налог, дека Неговото Величество Царот може да даде добронамерен совет во оваа критична ситуација; со сета енергија да се смири Румелија (се мисли на Македонија).Одржувањето на редот и мирот, како и уништувањето на револуцијата би била првата задача на една монархиска влада. Долгото траење на македонската револуција (орг.Der mazedonischen Revolution) ја крие вистинската опасност за... Турција. Се надоврзав и кажав дека сегашниот воен систем во Румелија е сосем погрешен. Недостига вистински план, единство на акција и секаква иницијатива. Заповедниците чекаа на иницијатива од страна на непријателот и, место са дејствуваат на своја одговорност, чекаа наредба од Дворот. Под овие услови мораше да страда и армијата, која лошо или воопшто неисхранета не гледаше некаков успех пред себе. Не е можно воените операции да се водат оттука. Неизбежно се појави именувањето на еден врховен командант со најголеми овластувања. Целата одговорност ја носи командантот, а славата на успехот ќе биде добредојдена за султанот.

Султанот ме замоли да му пренесам на Неговото Величество Царот најтопла благодарност на советите, кои без сомневање произлегуваат од пријателството и од правилна оценка на положбата. Тој ќе го следи овој совет и на еден врховен командант ќе му биде (дадено н.з.) полно овластување. Ако воените операции досега немаа успех, тогаш причините имаат политичка основа. Постојано се ширеле и клевети за ставот на неговата војска. Некои амбасадори непрестајно рекламираа за наводни престапи на неговите трупи. Но, во Бугарија, во огништето на востаниците, не се случи ништо успешно од страна на силите. Некој го присилил да го протера еден од своите најспособни генерали, Риза-паша, кој ги завршил студиите во Германија, и покрај тоа што нема никаква вина за смртта на конзулот(Риза паша, валијата на Битола). Бунтовниците се од една флотска демонстрација и секој момент им се давала важност на рекламациите поради неконтролираните инциденти. Овие моменти ги парализираа и им наштетија на операциите. Јас одговорив дека политиката од секогаш била смртен непријател на воениот успех. Само, воениот успех во Румелија ќе биде решавачки. Ако со енергична акција се уништи востанието за четири недели, тогаш султанот не треба да се грижи за лагите што се шират од Софија. Работата ќе биде решена во негова полза. Но, ако не се дејствува, тогаш ќе се зголемат поплаките за држењето на турската војска, воената состојба се повеќе ќе се влоши, а на крајот Европа ќе добие уверување дека турската влада не е во состојба да воспостави мир во Румелија. А тогаш интегритетот на Турција ќе се доведе директно во прашање.

Султанот ја призна точноста на овие аргументи и продолжи со најлоши поплаки против Бугарија. Ги приведе настаните во областа на Одрин, кои биле можни само со соучество на бугарските власти. Јас потоа забележав дека токму тие настани содржеа најостра критика на воениот систем. Во Одрин имале 40.000 луѓе, а командантот без да мрдне со прст дозволи да бидат изгорени и ограбени жителите кои биле оддалечени само неколку километри од нив. Во Германија таков офицер веднаш би бил поставен пред воен суд.

Јас не можев да се одбранам од впечатокот дека овде имаат страв од Бугарија. Овој страв е и неоснован и штетен. Бугарија нема да биде лудо храбра да објави војна, а ако тоа сепак се случи, тогаш Турција нема што да се плаши. Русија и Австрија решија и се согласија со тоа на Балканскиот Полуостров да остане статус-квото. За Австро-Унгарија ова би било витално прашање, а за Русија императивна основа на надворешната и на внатрешната политика која го определува овој став. Султанот може да биде сигурен дека Владата на Неговото Величество Царот не би стоела зад двете царски влади кога би постоело сомневање во тој однос. Ако Турција не би ја исполнила задачата што и се дава, ако грижејќи се за идни евентуалности не се реши за една енергична акција, тогаш на тој начин ќе ги забрза настаните од кое се плаши.

За време на целиот разговор султанот беше милостив и во изненадувачки добро расположение. Ги испитуваше некои од моите аргументи, за да ја побие својата тешка состојба, но, на крајот уште еднаш ми даде сигурност дека ќе ги следи советите.

Во делот од извештајот во која се вели дека: „ако не се дејствува, .. на крајот Европа ќе добие уверување дека турската влада не е во состојба да воспостави мир во Румелија. А тогаш интегритетот на Турција ќе се доведе директно во прашање“, може да се види под каков притисок и закана била изложена Турција и зошто толку крваво турската армија се справувала со востанатиот  македонски народ.

Денес може само да се прашаме каков би бил исходот на Илинденското востание, доколку во 1903 гдина,  Турција наместо да се охрабри, била обвинета за употреба на прекумерна сила и соочена со закана по нејзиниот интегритет доколку продолжи да врши масакри врз невиното македонско населенеие.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.