Среда, 12 Јули 2017    PDF Печати Е-пошта
ОБЈАВЕНА Е ДВАЕСЕТТАТА ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“

Александар ДОНСКИ

Деновиве на Youtube е поставена дваесеттата епизода од  документарната серија „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ (“THE ANCIENT MACEDONIANS WERE NOT GREEK”), чиј комплетен автор е Александар Донски. Серијата е во продукција на Lloyd Harrison Entertainment Group од Сиднеј, извршен продуцент на серијата е Џим Стефан, ко-продуцент е Горан Котев, а асоцијативен продуцент е Андрија Петревски, сите од Сиднеј. Текстот го читаат Бубе Донска  и Стефо Нанцу. Во серијата ќе бидат претставени сведоштва од над педесет антички автори според кои античките Македонци не биле никакви „Грци“ како што тврди денешната грчка пропаганда. Авторот на серијата Александар Донски очекува оваа серија да ги разниша темелите на грчката историографија и пропаганда кога е во прашање античка Македонија.

Дваесеттата епизода е посветена на сведоштвата од Тразимах (5 век пред Христа), Праксагора (4 век) и Свети Августин (4 и 5 век).

Тразимах (Trasymachus) е познат и како Трази­мах од Халкедон, според местото на своето потекло. Се родил отприлика во 459, а починал во 400 година пред Христа. Тој бил познат филозоф и говорник. Од неговите дела сочувани се само фрагменти прене­сени од други автори. Еден од нив бил и Климент од Александрија (Климент Александриски), кој живеел во II и III век. Во своето дело „Строматис“ (6), Климент Александриски наведува извадок од говорот на Тразимах познат под насловот „За Ларис­јаните“. Во овој говор Тразимах, спомнувајќи го македонс­киот крал Архелај (владеел од 413 до 399 пред Христа), запишал:

"Зарем ние како Грци, ќе му бидеме робови на Архелај барбаринот?"

Оваа изјава Тразимах ја дал по засилените тен­денции на Македонија (конкретно на Архелај) за вли­ја­ние врз атинските поседи во времето на Пелопо­неската војна.

Веќе спомнавме дека терминот „барбарин“ во антика­та означувал човек кој не зборува грчки, па отта­­му јасно е дека ниту Тразимах не ги сметал ан­тич­ките Македонци за Грци.

ПРAКСАГОРА ОД АТИНА

За историчарот Прaксагора (Praxagoras) дозна­ваме од делото на Фотиј (види во поглавието за Дексип). Веќе спомнавме дека добар дел од книгите што ги опишува Фотиј денес не се зачувани, па за нив знаеме само преку неговото дело. Исто е и со добар дел од авторите на овие книги. Еден од нив бил и Праксагора од Атина. Тој живеел во IV век и бил автор на три книги од кои ниту една не е зачувана. Една од овие книги била „Историја за Констан­тин Велики“. Фотиј накратко ја раскажува нејзината содржина. Овде меѓу другото, читаме:

Константин... завладеал со кралството на својот татко и со она од Рим откако претходно го отстранил Максимин. Завладеал и со Грција, Македонија и Мала Азија откако го симнал од престолот Ликиниј“. (Photius, Bibliotheca, 62).  

И овде гледаме дека Македонија и Грција се јасно издвоени како две одделни целини. Во врска со оста­натите дела на Праксагора, Фотиј пишува:

„Според сопствената изјава Праксагора напи­шал... шест книги за Александар, кралот на Маке­донија, кои ги напишал кога имал триесет и една година.“ (Photius: Bibliotheca, 62).  

Значи, еве податок за уште едно античко исто­риско дело посветено на Александар Велики и Маке­донија, кое не е зачувано.

СВЕТИ АВГУСТИН (IV И V ВЕК)

Вистинското име на Свети Августин било Аврелиј Августин (Aurelius Augustinus). Се родил во 354, а починал во 430 година. Тој познат христијански теоретичар. Бил и северноафрикански епископ. Во своите трудови успеал да направи спој помеѓу  дел од античката филозофија (плато­низ­мот) и христи­јанството. Неговот најпознато дело е  „Божјиот Град ("De Civitate Dei"). Во Петтата книга од ова дело, тој пишува за „...писмата што Александар Македо­нецот ги напишал на својата мајка...“ Овде тој го спом­нува античко-македонскиот историчар Леон од чие дело се пос­лу­жил со податоци. Во дванае­сетта­та книга (10 поглавие) Свети Августин пишува во врска со вре­менскиот период на постоењето на  човешт­вото, па вели:

Да го цитирам само она писмо што Александар Велики го напишал на својата мајка Олимпија пренесу­вај­ќи го она што му го раскажал еден египетски свеш­теник, а кое тој го презел од нивната тајна архива, во кое дава податоци за  кралствата што се спомнати и од грчките историчари. Според  ова писмо, кралството на Асирците, било старо 5.000 години, додека според грчката историја само 1.300 години поминале од владеењето на Бел кој и спо­ред грчките и според египетските историчари бил пр­виот крал на Асирија. Потоа за староста на импери­ите на Перси­јанците и на Македонците овој Египјанец спом­­нал над 8.000 години, сметајќи до времето на Алек­сандар со кого тогаш зборувал. Но, според Грците само 485 години им се припишуваат на Македонците сè до смрт­­­та на Александар, а на Персијанците само 233 годи­н­и до­дека биле освоени од него.“ (“De Civ. Dei”, XII, 10).

Како што гледаме во овој пасус свети Августин ги спо­редува записите од старогрчките и староегипетските исто­ричари. Притоа недвосмислено се наметнуваат некои инте­ресни заклучоци.

Како прво, од страна на староегипетскиот свештеник, на Александар Велики Македонски му било соопштено дека во старите египетски записи империите на Персијанците и на Македонците биле над 8.000 години стари, а не како што било запишано од подоцнежните антички историчари (Хе­ро­­дот и други), кои од настанокот на Македонската им­пе­рија, па сѐ до времето на Александар Велики Македонски пресметале само 485 години.

Како второ, свети Августин, повикувајќи се на прене­се­ните пишувања на староегипетските и на старогрч­ките историчари, во горенаведениот пасус, јасно прави разлика меѓу Македонците и Грците во антиката, па затоа овде ги спомнува како одделни народи (заедно со Египјаните, Персијанците и Асирците).

Заради фактот што горенаведениот пасус свети Ав­гус­тин го запишал и врз основа на содржината на исто­рис­ката книга напишана од античко-македонскиот истори­чар Леон од Пела (која била  заснована врз писмото напи­шано од Александар Велики Македонски до својата мајка Олим­пија), сосема е јасно и дека самиот Александар Вели­ки Ма­ке­донски, но и маке­донскиот историчар Леон од Пела, исто така децидно ги сметале Македонците за посе­бен народ во однос на Грците.

Дваесеттата епизода можете да ја погледнете на ликот:

https://www.youtube.com/watch?v=g8R3QRf7zrs&feature=youtu.be

Останатите епизоди можете да ги погледнете на каналот на Јутуб:

https://www.youtube.com/channel/UCJnd4_NuUyQQZfbMqom64kQ

Повеќе детали околу финансирањето на овој проект можете да најдете на:  https://www.gofundme.com/aleksandardonski

Документарен филм со дел од дејноста на авторот Александар Донски можете да погледнете на:

https://www.youtube.com/watch?v=5S26QOz71gU&t=1535s

sv-avgustin
Свети Августин

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.