Сабота, 22 Јули 2017    PDF Печати Е-пошта
СЕМАКЕДОНСКА ИЛИНДЕНСКА СРЕДБА - ТРНОВО 2017

14СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

СЕМАКЕДОНСКА ИЛИНДЕНСКА СРЕДБА - ТРНОВО 2017

22 јули 2017 година, Битола, Македонија - Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија - Битола, Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес и годинава се организатори на 46. Светска Македонска Иселеничка Средба и на 37. Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, обединети во една и единствена Семакедонска Средба Трново 2017.

Главен покровител на Семакедонската Средба во Трново е градоначалникот на општина Битола и со одлука на Советот на општината од 2014 година Семакедонската Средба е дел од Програмата за култура на општина Битола.

Семакедонската Средба Трново 2017, ќе се одржи на 2 август 2017 година во дворот на македонската православна црква “Успение на Пресвета Богородица“ во битолското село Трново со почеток во 10.30 до 12.30 часот.

Присутните ќе ги поздрават претседателите на организаторите, градоначалникот на Битола и претставник на Владата на Република Македонија.

Семакедонската Средба апелира на семакедонско помирување и обединување за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата!

Семакедонската Средба бара безусловен крај на разговорите за разликата во државното име со Владата во Атина, продолжување на членството на Македонија во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под дрважното име Македонија, македонско државјанство за Македонците по потекло во светот и враќање на државјанствата, граѓанските права и имотите на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни 1912-1913 и Граѓанската војна во Грција 1946-1949.

Програмата ќе продолжи со богата културно-уметничка програма и општонародна веселба. Во културно-уметничката програма со македонски народни песни и ора ќе настапи културно-уметничкото друштво “Гоце Делчев“ од Битола, а ќе пеат Круме Спасовски, Марија Станковска и Софија Кочовска.

Добредојдени се Македонците од сите делови на Македонија и од целиот свет, а поминот како и секогаш ќе биде незаборавен!

Сите верници од 8.00 до 10.00 часот можат да присуствуваат на утринската божествена литургија во црквата "Успение на Пресвета Богородица" на која ќе чиноначалствува парохискиот свештеник.

За битолчани, општината Битола организира вонредна автобуска линија Битола-Трново и назад.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.