|
||||
Австриски академици ја шокираа Тирана: Албанците немаат врска со Илирите |
Виенски истражувачи ги заинтригираа Албанците кои традиционално мислеа дека албанскиот јазик има корени во античка Илирија и нивната теорија ја ставија под ладен туш, известува Бесар Ликмета, дописник на БИРН од Албанија. Двајца виенски академици пронашле антички текст од еден далечен народ кој постои на Балканот. За да се открие потеклото на јазикот треба да се докажува со сигурност. Како двајца детективи што трагаат по вистината, Штефан Шумакер и Јоачим Мацигер се трудат да го откријат вистинското потекло на Албанија и на албанскиот јазик, чија историја и развиток се малку познати надвор од албанскиот свет. Според Шумакер промените во јазикот можат да се откриваат со сигурност при комплетно следење. Двајцата академици кои проучувале албански текстови од 17-ти и 18-ти век, за да можат да комплетираат Речник од глаголи, таа нивна ангажираност отворила широка дебата меѓу албанските лингвисти. Коренот на оваа полемика е во хипотезата дека Албанците немаат потекло од античките Илири луѓе коишто живееле на Балканот за врееме на римскиот период. Иако Албанија и Илирија немаат ништо заедничко, освен мал број зборови пронајдени од археолозите, албанските националисти упорно настојуваат да докажат дека Албанија и Илирија имаат врска.
Оваа теорија, дека Албанците и Илирите имаат врска, уште и ден денеска се пропагира кај албанските ученици од основните училишта па се до Универзитетот. Споменатава теорија е популарна бидејќи пропагира дека Албанија има потекло од луѓето што живееле на Балканот долго време пред да дојдат Словените и дека нивната (албанска) територија ја запоседнале Словените. Оваа доктрина нашироко се пропагира и во академската литератуира, вели Мацингер. Кај Албанците спомената доктрина не трпи дискусија, за нив тоа е факт. Што се случуваше со имињата Имињата на денешните Албанци сведочат за упорното настојување да се докаже дека постоела врска меѓу денешните Албанци и античките Илири. Така на пример Пани раскажува што се случило кога неговиот татко, 1966 год., во времето на диктатуирата на Енвер Хоџа, отишол да го регистрира својот син во службата за новороденчиња и побарал син му да го носи името на својот дедо Пандели. Вработената рекла дека не е добро на детето да му се даде име од умрен човек и му предложила илирско име, што било по воља на власта. На тоа таткото на Пандели рекол: “Ами и Илирите не се живи!” Многу деца од генерацијата на Пани родени во шеесеттите години (1960-1970) немале тврдоглави родители како таткото на Пани и се согласиле со барањето на власта; така на своите деца им давале илирски имиња, земени од плочиоте на илирските гробови, имиња , како Бледар што значи ‘умрен’. Аргон што значи ‘архадиец’. Мене сепак ми го дале името Пани по традиција да го продолжам името на фамилијата. На овој начин, пред очите на светот Албанците сакале да ги зацврстат врските меѓу Албанците и нивното наводно илирско минато. Пани вели дека иако режимот на Хоџа упорно се трудел да ја всади доктрината дека Албанците имаат илирско потекло, во нивната национална свест, таа теорија со текот на времето станува се поанархична и неприфатлива. Политичкиот притисок во кој се најде албанската Академија во посткомунистичкиот период и донесе голема тешкотија, па академиците кои направија голема грешка трдејќи дека Албанците се потомци на Илирите, заврши Пани.
Иако теоријата за илирското потекло на Албанците нема повеќе универзална поткрепа во светските академии, албанската Акадмија сеуште ја подржува таа линија. Така на конференцијата организирана од “Hanns Seidel Foundation” академик Мимиза Коре, проф. по лингвистика на Универзитетот во Тирана ја бранеше теоријата за врската меѓу Албанија и Илирија, велејќи дека таа врска не е врз основа на лингвистички истражувања, туку таа теорија е заснована на археолошки откритија. Ако се отстранат научниците од времето на Хоџа кои слепо ја подржувале оваа теорија се заклучува дека постоеле и други пред нив кои ја подржувале оваа теорија, завршува Коре. На оваа конференција дискутираше и Пани за трудовите на Шумакер и Мацингер. Мацингер вели дека ако се компарираат тие фрагментни податоци ќе се заклучи дека нема никаква врска меѓу Албанија и Илирија. Тие се две спротивни работи што не можат да се поклопат, Албанија не е исто што и Илирија и нема никаква лингвистичка врска. Шумакер и Мацингер тврдат дека Албанија се формирала посебно, независно од Илирија бидејќи Илирите се дојдени од индоевропското семејство во вториот милениум пред Христа, некаде од северен Балкан. Јазикот на фрагментите приличи малку на грчкиот, како се формирал може да се следи линеарно до 15-от век, кога виде светло првото писмо. Едно нешто е сигурно дека јазикот, иако не беше пишан, постои приближно 3.000 години, значи албанскиот јазик постои како посебен, вели Шумакер. Нестандардни јазици Лингвистите тврдат дека јазиците што се зборуваат во една регија имаат повеќе или помалку слични зборови, иако не се од исто потекло. Овој лингвистички феномен се среќава и на Балканот, каде што различните јазици: албански, грчки, бугарски, романски и други имаат слични зборови и структури. Од средниот век до денес јазиците на Балканот се во постојан контакт, се мешаат, се прават слични, бидејќи имало високо ниво на размена меѓу луѓето коишто живееле во дадената регија. Голем број луѓе користат повеќе од еден јазик секојдневно. На тој начин јазиците имаа врска и стануваат слични, вели Шумакер. Од ова се гледа дека размената и приближувањето на луѓето и јазиците оди спротивно на националистичките гледишта. По распаѓањето на Југославија во 1990 год. феноменот за нестандардизирањето на јазиците се сврте за 180 степени. Секоја новоформирана држава сакаше да покаже дека има свој лингвистички идентитет, додека пред распаѓањето четирите републики: Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна имаа еден јазик, српскохрватски. По декларацијата за независност на Хрватска 1991 год. Хрватска се издвои и прогласи дека нејзиниот јазик од тој момент се вика хрватски јазик. Муслиманите во Босна вложија многу напори во Босна и Херцеговина во промовирање на “бошначкиот” јазик. Црна Гора, која како лабаво сврзана со Србија до 2006 год. не сакаше да има свој посебен јазик. По независноста во 2007 година, во новиот устав јазикот во Црна Гора се нарече црногорски. Се слуша дека истата тактика за посебен јазик е прифатена и во Косово, кадешто се трудат да создадат официјален јазик од дијалектот на Гегите, од Северна Албанија, но затоа сеуште нема офоцијална иницијатива. Јазикот и идентитетот Истражувањето на балканските јазици сериозно започнало во 19-от век. Со пропаѓањето на Отоманската империја се создадоа услови и интелектуалците си поставија задача од урнатините на Империјата да создадат нации. Тие заклучиле, врз основа на јазиците да создадат национални идентитети. Според Шумахер секоја држава на Балканот си создава свој национален мит, слично како Германија и Америка, пред тоа, за да создадат заеднички идентитет се повикаа на принципот една држава – еден народ. При крајот на 19-от век само јазикот бил елемент со кој секој човек може да се идентификува, вели Шумакер. Во периодот кога се формираа овие држави немаше ништо поважно од јазикот да се користи како основа на националната митологија кај овие народи, вели Шумакер. Не е лесно да се создаде идентитет за Албанците само ако се кажува дека тие имаат потекло од планински племиња за кои античките историчари немаат напишано ништо, вели Шумакер. Оваа фикција меѓу идеолошкиот мит и реалноста, кога дојде време за формирање на националани идентитети и барање територии не е специфичен само за Албанија. Истата фикција важи и за Романија, вели Шумакер. Во романските книги пишува дека Романците се потомци на римските легионари, коишто ја бранеле римската провинција Дачија. Оваа теорија е невродостојна, сомнителна во која веруваат малку луѓе, освен Романците. Но, потпирајќи се на оваа теорија Романија сеуште ја владее областа Трансилванија, област којашто Унгарија историски ја бара. Се знае дека романскиот јазик настана некаде јужно од реката Дунав, но Романците тоа не го признаваат бидејќи се плашат дека Унгарците ќе тврдат дека тие се дојдени пред нив. Некои јазици се постари, други понови. “Јазиците како и бактериите се размножуваат, се делат на две, и одново пак се делат на две и после има 32 бактерии, и сепак сите се исти”, вели Шумакер. Двајцата австриски академици велат дека во европските академии албанскиот јазик е еден од најпоставените јазици и дава шанси за пионерска работа. Овие текстови постојат многу одамна, но не им се обрнало внимание. Тие биле на увид само на албанските академици за да во нив го откријат само она што ним им одговара, вели Шумакер. Оваа содржина е создадена врз основа на новинарска преписка меѓу “BIRN” и “Austrian Daily Der Standard” Првите зборови напишани на албански јазик Првиот напишан запис во Албанија е “Крштеница” напишана 1462 год. од Пал Енгејели поглавар во Драч. Првата книга со молитви во Албанија е напишана во 1554 год. од Гијон Бузуку, католички поп од регионот Шкодрта. Во тоа време поглаварот Пјетер Буди од Сапе, превел и препишал неколку италијански текстови на албански јазик. Шумакер и Мацингер неговите школски работи ги презентирале во работата на Пјетер Богдани, кој бил поглавар во Призрен, а живеел и рабоптел половина век по Буди. Пјетер Богдани се смета за најпознат албански писател, “татко на албанската проза”. Негова најпозната работа е приказната за “Адам и Ева” содржина од првиот дел од Библијата, напишани на албански и италијански јазик. Мицингер кажува дека Богдани бил прогонуван од инквизицијата кога ја публикувал книгата, бидејќи не разбирале албански му направиле притисок да ја преведе приказната на италијански. Така приказната била публикувана вака: на левата стyрана од книгата стоел преводот на италијански, а на десната на албански јазик. Освен текстовите од Богдан и Буди постојат написи и од други автори, воглавно католички свештеници, но нивниот број не е голем. Превземено во целост од Република |