|
||||
ДЕМАРШ ДО АМЕРИКАНСКИОТ АМБАСАДОР ЗА ГРУБО МЕШАЊЕ ВО ВНАТРЕШНИТЕ РАБОТИ НА МАКЕДОНИЈА! |
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС 24 јули 2017 година, Скопје, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро протестира до американскиот амбасадор Џес Бејли, заради грубо мешање во внатрешните работи на Македонија, бидејќи заедно со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, ја промовирал стратегијата за вдомување и интеграција на мигранти од Блискиот Исток, Азија и Африка во Македонија, подготвена од Министерството за труд и социјална политика и објавениот тендер за изградба на станови за 20.000 мигранти.
СМК и натаму изразува огорченост од “Предлог нацрт стратегија за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 година, како и Акциски план 2017-2027“ на Министерството за труд и социјална политика и бара Владата да го стопира нивното донесување и извршување. Наместо стратегија за интеграција на бегалци и странци, СМК од Владата бара итно и безусловно да ја зајакне оградата меѓу Македонија и Грција и да ја доизгради таму каде што тоа досега не е сторено, со нон-стоп армиско и полициско присуство и обезбедување! СМК од Владата бара да ја затвори границата меѓу Македонија и Грција и да го забрани влезот и издавањето азил на нејзината територија за сите бегалци и мигранти од Блискиот Исток, Африка и Азија! Македонија не смее да пропушта бегалци и мигранти ниту за транзит преку нејзината територија! СМК апелира до Владата да отфрли изградба на кампови за привремен престој на бегалци и мигранти од Блискиот Исток, Африка и Азија на територијата на Македонија, поучени од косовската бегалска криза во 1999 година, кога значителен број косовски Албанци останаа во Македонија заедно со косовските Роми и Маљоци, на кои косовските Албанци трајно им забранија да се вратат назад на Косово! СМК ја повикува Владата да не дозволи нарушување на етничката и верската карта на Македонија, бидејќи тоа претставува една од основите на Охридскиот рамковен договор! СМК бара Владата да вложи демарш до американскиот амбасадор Џес Бејли заради негово грубо мешање во внатрешните работи на Македонија! |