Четврток, 03 Август 2017    PDF Печати Е-пошта
ПОВИК ЗА СЕМАКЕДОНСКО ПОМИРУВАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ!

1odor

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ПОВИК ЗА СЕМАКЕДОНСКО ПОМИРУВАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ!

2 август 2017 година, Битола, Македонија

Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија - Битола, Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес и годинава беа организатори на Четириесет и шестата Светска Македонска Иселеничка Средба и Триесет и седмата Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, како една и единствена Семакедонска Средба Трново 2017.

Главен покровител на Семакедонската Средба во Трново и годинава беше градоначалникот на општината Битола. Семакедонската Средба во Трново е дел од Програмата за култура на општина Битола со одлука на Советот на општината уште од 2014 година.

Семакедонската Средба Трново 2017 се одржа во дворот на македонската православна црква “Успение на Пресвета Богородица“ во потпелистерското село Трново.

Присутните ги поздравија Иван Џо Петрески претседател на Матицата на иселениците од Македонија, градоначалникот на општина Битола Владимир Талевски, претседателот на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија - Битола Алексдандар Јаневски, Неговото Високопреподобие архимандритот Никодим Царкњас и претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров.

На Семакедонската средба присуствуваше и делегацијата на Владата на Република Македонија предводена од министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, министерот без ресор Зоран Шапуриќ и заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески. Организаторите претходно од Владата беа известени дека “владин претставник нема да има обраќање на оваа прослава“. Организаторите тоа го испочитуваа, а владината делегација ја проследи целата програма на Семакедонската средба.

Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров го отфрли Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, склучен во спротивност на меѓуародниот принцип за еднаква сувереност, затоа што Владата се откажа од грижата за положбата и правата на Македонцие во Бугарија, Владата во Софија остана доследна дека не ги признава Македонскиот народ, Македонскиот јазик и Македонската историја. Тодор Петров во името на Македонците во светот упати повик за семакедонско помирување и обединување за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата! Организаторите на Семакедонската Илинденска Средба побараа безусловен крај на разговорите за разликата за државното име со Владата во Атина, продолжување на членството на Македонија во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под единственото државно име Македонија, македонско државјанство за Македонците по потекло во светот и враќање на државјанствата, граѓанските права и имотите на насилно прогонетите Македонци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни 1912-1913 година и таканаречената Граѓанска војна во Грција 1946-1949 година.

Поздравна телеграма до Семакедонската средба упати претседателот на Република Македонија професор доктор Ѓорге Иванов, во која се вели: “Ви упатувам искрени честитки по повод организацијата на Семакедонската средба Трново 2017. Голем е Вашиот придонес во промоцијата и заштитата на националниот и културниот идентитет на Македонскиот народ. Вие градите цврсти и искрени врски помеѓу татковината и иселениците и меѓу Македонците во соседството. Ме радува ентузијазмот со кој постојано се залагате за унапредување и промоција на Република Македонија ширум светот. За многу години празникот Илинден! Претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов.“

Поздравни телеграми до Семакедонската средба пристигнаа од македонските заедници во Соединетите Американски Држави, Канада, Австралија и Европа.

Поздравна телеграма до Семакедонската Средба испрати и Сојузот на Македонците со исламска религија во која се вели: “Почитувани браќа и сестри. И православни и муслимани, ние сме само Македонци. Честит Илинден и вечна да ни е Македонија! Претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија, Исмаил Бојда“.

Архимандритот Никодим Царкњас ја поздрави Семакедонската Средба во името на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и емотивно изрази разочарување од предавството што во Македонија се прави со Договорот со Бугарија!

- И Бранко Црвенковски како претседател на Републиката, пред години, ме убедуваше дека нема маж во Македонија кој ќе се согласи со промена на името на државата! Но, овој Договор со Бугарија е срам за Македонскиот народ во целина, за Македонците во татковината, за Македонците во соседните земји на Републиката, за Македонците во светот! Никој никому не дал право да си поигрува со нашето достоинство. Македoнија не е ниту грчка, ни српска, ни бугарска, таа е Македонска! Ги повикувам СДСМ да се преиспитаат и да го одбранат името на Македонската држава и идентитетот на Македонската нација, да не ја распродаваат македонската историја! - рече архимандритот Никодим Царкњас.

Програмата продолжи со богата културно-уметничка програма и општонародна веселба. Во културно-уметничката програма со македонски народни песни и ора настапија културно-уметничкото друштво “Гоце Делчев“ од Битола, а пееја Круме Спасовски и Софија Кочовска.

Во македонската црква “Успение на Пресвета Богородица“ парохискиот свештеник отец Гроздан одржа утринска божествена литургија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.