|
||||
Македонскиот јазик во XVI век |
Тихомир Каранфилов Македонскиот јазик егзистирал во овој сегашен облик со векови. Секој обид да биде преставен како дијалект на друг народ, ја побива анализата „Еден македонски речник од XVI век“ од познатите слависти Андре Вајан и Чиро Џанелиобјавена во 1958 година. Се работи за неколку песни, зборови и реченици од секојдневниот говор на костурчаните кој ги запишал службеник на римската црква, протосинѓелот Силвестер, додека на пат од Ерусалим за Рим, минивал низ Македонија. На тоја начин и зачувал од заборав и го создал првиот македонски речник. Инаку Андре Вајан (2 XI. 1890 - 1977) е француски слависта, професор на Францускиот колеџ. Бил потпретседател на Институтот за славјански студии во Париз (Institut d'études slaves), уредник на „Revue des Études slaves“, член на Лингвистичкото друштво во Париз, дописен член на Славјанскиот институт во Праг, дописен член на Југословенската академија на науките и уметностите и на Бугарската академија на науки и уметностите. Студирал на Високата референтна школа (École normale supérieure) во Париз (1911 - 1914), потоа учел на École nationale des langues orientales vivantes и специјализирал на Филозовскиот факултет во Белград (1920 - 1921). Во периодот од 1922 до 1934 година, за да се запознае добро со славјанските јазици престојувал во Југославија, Чехословачка, Советскиот Сојуз и Полска. Веќе познати слависти, Андре Вајан, професор на Колеж д' Франс и Школата за Високи студии од Париз и Чиро Џанели, професор на универзитетот во Рим, во 1958 ќе ги објават резултатите од анализата на текстот од XVI век, „Еден македонски речник од XVI век“ во изданијата на Институтот за словенски студии на Парискиот универзитет „Текстови", кн V, Париз, 1958, стр. 1—70 (Сiго Giаnnelli - Аndre Vaillant, Un lexique macedonien du XVI Ѕiесlе, Рariѕ, 1958). Студијата од 1958 година е базирана на зборови и фрази од Македонија во 16 век, кој ги забележал службеникот на Рим. Тоа е еден од најраните манускрипти напишан на чист македонски јазик, а неговата содржина се смета според една реченица дека е собрана од костурското село Богатско. Може да се заклучи дека авторот може го зборувал македонскиот јазик или го користел како дополнителен јазик поради тоа што живеел близу до луѓето што го зборувале. Текстовите се напишани со грчката азбука, која не е невообичаена на Балканот за време на османлискиот период. „Македонскиот речник" во првиот дел содржи неколку обични реченици. Поголемиот дел од Речникот претставуваат случајно забележени зборови, но има и поедини групи зборови со кои се именуваат: животни, птици, растенија, жита, носија, садови, алати, сродство, деновите во неделата и др. Во дел од речениците и зборовите е забележано е следното: „Господине, брате, да си здрав, остави ни да спиме, ела да јаме, и да пиеме, да работиме, имате вино да купиме, от која страна да појдиме во Богаско; - сокол, врапци, јастреп, тресопашка, властовица, врани, јаребици, голоби; - офци, кози, јагне, мечка, елен, лисица; - месо, сирени, мљако, јајца, хлабо, вино, сол; - жито, пшеница, арж, просо, ечмен, овез, зоб; - паница, вјадро, кутел, корито, лопата; - перница, разбој, фурка, врјатено, гребен, игла, точило, брич; - глава, чело, вјажди, очи, око, нос, мрсул, уши, уста; - гуна, кошјула, ракав, поас, гашник, чехли, опинци; - жена, вдовица, невјаста, старец, дедо, стара; - духовнико, властели, стрина; - ден, недела, месецу, година, понеделник, фторник. .. петок; - косор, срп, кола, гумно, врешта, плевна, пчели, мет...". Текстовите откриваат посебни локални одлики кои ги преживеале тезите и сеуште се присутни на голем број денешни македонски дијалекти. Овој факт открива извонредна конзистентност на македонскиот јазик, без присуство на државна поддршка или школување до 20 век. Некои зборови и фрази останале непроменети со векови. Содржувајќи богат речник и повеќе од 300 зборови и фрази, текстовите ја демонстрираат силата на македонскиот јазик кој се зачувал и покрај сите обиди за асимилација. Значењето на сите овие елементи заедно не може да се преценува, јазикот на средновековната Македонија е ист како и јазикот на Македонците денес. За жал, само мал дел од поголемиот дел од македонската литература од средниот век преживеа, а голем дел од нив се ограбени и уништени од страна на лица кои зборуваат грчки јазик, свештеници и наставници. Сепак, македонскиот јазик го достигнал својот сегашен облик со векови пред создавањето на балканските народи во 19 и 20 век. Оттука никој нема право од соседите да го присвојува или негира постоењето на македонски јазик. |