Среда, 09 Август 2017    PDF Печати Е-пошта
Христијанството во Македонија

filipi

Христијанството во Македонија, 'прв го проповеда и шири Апостол Павле при своите мисионерски патувања, за што сведочат и „Делата Апостолски(Библија)“.

На неговите патувања го придружуваат и Лука, Тимотеј, Сила и Тихик кои и самите независно од апостол Павле работат на христијанизација на овие простори' (Историја на Македонска Православна Црква-Охридска Архиепископија, Википедија), носејќи го бремето на Првата христијанска црква во Европа, кога христијанството се пренесувало од Азија во Европа, формирана во Филипи, на почетокот на второто мисионерско патување на Светиот Апостол Павле (51-54 година од н.е.), чиј камен темелник е Света Лидија- првата личност во Европа крстена од Апостол Павле (Света Лидија Македонка, Википедија).

Со Исусовото вознесение Бог ја инаугурира времето на Црквата-'телото Христово кое го сочинуваме ние кои сме во Христос, каде што секој член му припаѓа на сите други' (Римјаните 12:5, Свето Писмо-Библија), во која Исус Месијата станува присутен преку Светиот Дух, Кој вдахновувајќи ги со Свет Дух и испраќајќи ги насекаде своите ученици создава христијанска заедница на Божјото Царство со жив живот низ живеењето, која благодарение на Бог, преку промислата Божја го проповеда и распространува Царството на Сéсоздателот-Бог.

Верниците врз кои се случувало исцеление цели дваесет столетија, еднодушно, предавајќи ги срцата свои во Божји раце, живеат во Господ Исус Христос и слободни во верата водени од Светиот Дух Божји го проповедале Словото низ светот, пребивајќи во Духот Божји, секогаш и во сé барајќи го Божјото Царство.

Пребивајќи во Духот Свет, во дело на видело, верниците со восхит говорат за Бога и пораката Божја, за покајанието, простувањето на гревовите и спасението преку благодатта Божја, за сведоштвата за верата во Бога, говорат и ќе говорат до денот и часот на она време кога ќе се воспостави сé кажано во Словото Божјо, сé додека низ благодатта за спасението не бидеме целосно облечени во новите нераспадливи тела за вечен живот, обдарени од Сéсоздателот-Бог.

apМакедонските верници преку Апостолот Павле, предаден себеси на Божјата благодат, назначен од Господ да го шири и проповеда Светото Писмо, го слушаа и воспримаа Словото Божјо, како достојни избраници за Вистината (Зборот Божји/Светото Писмо/Библијата), остануваат до ден денес да сведочат за Словото на Сéсоздателот-Бог, по Божја волја обдарени со Светиот Дух со доаѓањето на Апостолот Павле во 1-виот век од н.е. го прифатија и проповедаа Словото Божјо и меѓу првите во светот непосредно по воскреснувањето на Синот Божји формираа организирана христијанска црква и христијански општини, со сето свое срце и со сета своја душа славејќи го Бога.

Вдахновени од Светиот Дух, исполнети со вера, македонските христијански верници станаа посветен народ на Бога, народ кој ги прими живототворните Божји зборови, кој му се молеше на Бога, се крштеваше и живееше во Светиот Дух, верници покорни на Сéсоздателот-Бог, станувајќи духовно силни, градејќи храмови и манастири, смело од сéсрце го воспеваа името Господово и растеа во верата со утеха од Бога во Светиот Дух, и на тој начин со Негова милост и промисла, остануваат да сведочат за моќта Господова, и за Божјата цел- новото раѓање на телото одозгора за Вечен живот .

Верните души македонски носени од Светиот Дух, упокоени го прославуваа Бога, проповедајќи го Словото меѓу незнабошците, за нивно спасение за вечен живот, меѓу кои се издвојуваат браќата реформатори-Божјите слуги Кирил и Методиј, кои во втората половина на 9-тиот век станаа познати како ‘апостолите на Славјаните’заслужни и зачестени за христијанизацијата на Дунавските Славјани (Енциклопедија Британика, ‘Свети Кирил и Методиј’), и реформаторите Божји слуги Климент и Наум, кои во истиот период посветено со неколебливо срце го преведоа Словото на својот мајчин јазик, и распространуваа низ позначајниот дел од тогашниот свет-Голема Моравија и Панонија со Рим, како и низ целата Македонија (Свети Климент од Охрид и Свети Наум од Охрид, Википедија), извршувајќи ја волјата Божја народите да пребиваат во Него.

По примерот на Македонските верници, мноштво народи се припојуваа кон Господа, а Словото Божјо растеше спротивставувајќи се на секакво лукавство, злоба и пакост, такашто новите верници восхитени од учењето Господово, со стравопочит, утеха и радост преку покајното крштевање за спасението, го благовестуваа Исус Христос, кого Бог го воскресна од мртвите, преку чија смрт на крстот се здобивме со искупување од гревовите, за секој кој верува во Него, да биде спасен за вечен живот.

3500 ученици излезени од Климентовиот Универзитет во Охрид во периодот од крајот на 9-тиот и почетокот на 10-тиот век продолжија да го шират Словото Господово, одвраќајќи ги луѓето од гнев и безредие, со поученија помагајќи против непромислени деанија, упатувајќи ги верните на молитва и понизност во искушенијата, сведочејќи ја силата Господова и Неговата благодат, зашто сé е од Него, според Него и за Него.

Верните на Господ, ревносни приврзаници, кои пазејќи го Законот Божји ја спознаа Неговата волја, очистени од гревовите и оправдани, свртувајќи се од темнината, власта и моќта на сатаната кон светлината, преку верата во Бога, го проповедаат Евангелието(веста за Исус Месијата) од поколение на поколение, откривајќи им ги правдата, милоста и дарот Божји на безбожните, не служејќи му на создаденото туку на Создателот.

Словото ја објавува единствената вистина за животот и за Бог, учејќи дека Бог не е пристрасен, дека пофалбата за добри дела не доаѓа од луѓето туку од Него, дека треба да се живее во Божјата благодат(дарот Бoжји за спасение) и долготрпеливоста Божја кои водат до покајание, бидејќи непокајаните срца собираат гнев, а спасението се добива само преку вистинска вера низ покорност во Господ Бог.

Божјото праведно блаженство се стекнува со неколеблива вера во Господ Исус Христос по милостива Божја благодат, им овозможува на христијаните верата да им се смета за благодатна оправданост, затоа што живеат во Господ Исус Месијата –жртвата за нашите гревови и воскреснатиот за наше спасение, и пребивајќи во Господ, горди во маките и страдањата, зашто од маките се раѓа трпението и верата расте, а Божјата љубов се излева врз верните.

Нашиот Господ Исус Христос умре за гревот, за ние верните преку верата да станеме мртви за гревот, а живи за Бога, за во нашите срца и души да не господари неправедноста, туку послушанието кон праведноста, преку кое Бог благодаттно нé води кон светост, зашто како што преку еден престап на еден(Адам) дојде осудувањето, така и преку послушноста на Еден(Богочовекот Исус) дојде оправданието.

Бог Отецот, го испрати својот Син Нашиот Господ Исус Христос во тело налик на грешно тело, кој стана жртва за гревот и го осуди гревот во телото, за во верните христијани да се исполни заповедта на Законот, за да живееме не по телото туку по Духот, за во нас верните да живее Духот Свет кој нé поткрепува, нú посредува, ги истражува и ги спознава срцата и душите наши, Духот Свет кој нú содејствува со Бога, и нé поврзува со Бога на начин на кој никој и ништо не може да нé оддели од Него, поради што и непризнавањето на македонската црква денес од подоцнежните сестрински цркви, не може да ја оддели од љубовта на Сéсоздателот-Бог.

Бог, нú ја дава Својата благодат, преку која верните живеат во Бога, слободни во добра волја, во љубов едни кон други, настрана од секакво зло, протежирајќи ја Божјата љубов со трпеливост, гостопримливост, неколебливост, сочуствителност, во мир со секого и служејќи како пример кој ја покажува вистинската вера во љубов и предаденост кон нашиот Господ Бог, отсликувајќи го Божјото Царство.

Верните вдахновено бараат и наоѓаат мир низ Божји дела и духовна надградба, испитувајќи сé во верата, бидејќи сé што не е според верата е грев, а сé што е според промислата Божја носи послушност, љубов, трпеливост, милост, утеха, надеж, и еднодушно служејќи, угодувајќи му и прославувајќи го Бога преку дадената сила на Светиот Дух, живеејќи во надеж и стремеж кон Царството Божјо кое пребива во нив преку Светиот Дух, во делата на Светиот Дух Божји- мир, љубов, радост, трпение, добрина, верност, љубезност и самоконтролата.

Втемелувајќи ги своите вредности на заповедите Божји во љубовта, спротивставувајќи се на силите на злото на овој свет со добро, стремејќи се и надевајќи се на Бога во сé и за сé, македонските христијански верници опстојуваат 2 милениуми како македонци на земјата која Бог им ја дал, затоа да продолжиме и понатаму да живееме и опстојуваме во љубовта кон Бога и ближниот, во љубовта која ги претрпува сите нешта, верува во сите нешта, се надева на сите нешта, истрајува во сите нешта, бидејќи љубовта никогаш не завршува.

Драги Македонци, да се стремиме како и до сега кон љубовта, која е великодушна, негорделива, не завидува, не е непристојна, не памети зло, не се радува на сторени неправди и сé поднесува, со љубов кон ближниот свој, секое дело нека ни биде во љубов, со љубов да му благодариме на Бога, со љубов да останеме во дух Божествен, со љубов да се поклонуваме на Бога, зашто Бог е во нас, а ние сме чеда Божји, и да му служиме на Бога со целото срце, сплотени во Духот како Божја црква.

Со Духот Божји станавме слободни верници, членови на Божјото семејство, и останувајќи Му верни на нашиот Спасител Исус Христос, со саможртвување за мир и добро за сите, стремејќи се кон Вистината низ векови и понатаму да останеме да пребиваме во Него, не потчинувајќи се и не одговарајќи на злото и начините на овој свет недостоен за Бога, да останеме и понатаму во Бог за Тој да биде меѓу нас и во нас, во постојана молитва кон Него, неуморни во добрите дела, непорочни во Него, служејќи за пофалба за Славата на Оној, Кој врши сé според волјата Своја.

Свештенодејците и христијанските учители извршувајќи ја својата служба, пастирски насочуваат кон спасение, со молитвено учење и воспевање ги подигаат паднатите во Духот, велегласно го навествуваат и распространуваат Евангелието (веста за Исус Месијата), благодарејќи Му на Бога, и на тој начин оспособувајќи го народот за достоинствено да му служи на Бога, верно да го живее Словото Божјо, извршувајќи го Законот, за Бог да ги познае дека се Негови чеда, повлекувајќи и воздигнувајќи ги кон Себе низ вдахновена подготвеност за спасение, од генерација до генерација, од век во век, од милениум до милениум, низ времето.

Покорно верувајќи во Сéмоќниот-Бог влегуваме во спокојот на мирот од живото Слово Божјо, дарени со мудрост, со милост, кроткост, праведност, непристрасност, миротворност ...од Сéсоздателот-Бог, сакајќи го ближниот свој како себеси, стануваме возљубени луѓе во сите наши постапки за добро.

Сите луѓе создадени еднакви во ликот на Бога, чеда Божји создадени од Бог, создадени да Му служиме на Бога со љубов исполнувајќи го Законот Божји, да живееме во Него и за Него со сето свое срце, душа и ум, сочинувајќи го Божјото Царство, бидејќи Му припаѓаме на Бога-“живееме ли, умираме ли, Господови сме” (Павле до Римјаните 14:8)

Сéмоќен-Боже, Ви благодариме што ни дадовте сила и поучение да станеме понизни во страдањата сторени од неверните. Ве молиме Сéмоќен-Боже неверните и оние кои не ја спознале Вашата вистина да дојдат при Вас и со покајание да бидат и тие ослободени од канџите на сатаната, да и тие со благодатта од Сéмоќниот-Бог да поверуваат во Господ, да пребиваат во Него, и да Го прославуваат Него за спасение на душите за вечен живот, Амин!

Нека Господ ви ги даде желбите на вашето срце! Среќни Празници.

МАКЕДОНИЈА, 2012 лето Господово                                                                   

Благој Трајков

Наташа Трајкова

Се надеваме дека овој текст ќе им послужи на сите читатели, а воедно и на Синодот на МПЦ и Архиепископот г.г. Стефан, со можност да го пропратат до сите цркви во светот.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.