Среда, 16 Август 2017    PDF Печати Е-пошта
ОБЈАВЕНИ СЕ Е 21 И 22 ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“

1

ОБЈАВЕНИ СЕ Е 21 И 22 ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА

„АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“

Александар ДОНСКИ

Деновиве на Youtube е поставена 21 и 22 епизода од документарната серија „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ (“THE ANCIENT MACEDONIANS WERE NOT GREEK”), чиј комплетен автор е Александар Донски. Серијата е во продукција на Lloyd Harrison Entertainment Group од Сиднеј, извршен продуцент на серијата е Џим Стефан, ко-продуцент е Горан Котев, а асоцијативен продуцент е Андрија Петревски, сите од Сиднеј. Текстот го читаат Бубе Донска и Стефо Нанцу. Во серијата ќе бидат претставени сведоштва од над педесет антички автори според кои античките Македонци не биле никакви „Грци“ како што тврди денешната грчка пропаганда. Авторот на серијата Александар Донски очекува оваа серија да ги разниша темелите на грчката историографија и пропаганда кога е во прашање античка Македонија.

Дваесет и првата епизода е посветена на сведоштвата од Псевдо-Скилакс (4 или 3 век пред Христа) и Страбо (1 век пред Христа – 23 год.).

Во IV или III век пред Христа се појавил ракопис под наслов „Периплус, што во слободен превод значи еден вид морски патепис. Иако нема докази за идентитетот на авторот на ова дело, некои сметаат дека тоа бил извесен Скилакс, кој живеел уште во VI век пред Христа и бил морепловец и истражувач во служба на Персија. Единст­вените податоци за Скилакс ги дал  Херодот. Во недостиг на автентични податоци за авторот на делото „Периплус во науката е прифатена одредницата „Псевдо-Скилакс“. Во ова дело се опишани границите на грчките територии во антиката. Овде читаме:

Од Амбракија Грција продолжува по брегот се до реката Пена.“ („Меморандум за античките граници на Грција“; British documents of foreign affairs, Part I, Series F, Europe 1848 - 1914, Vol. 14 "Greece, 1847 - 1914", University publications of America).

Значи гледаме дека и за овој автор недвос­мис­лено грчките територии во антиката се наоѓале само околу Пелопонез и нешто по на север (јужно од Олимп). Конк­рет­но Амбракискиот залив се наоѓа јуж­но од Епир, а реката Пена минува низ Лариса. Ова ав­то­­матски значи дека не само Македонија и Маке­дон­ците, туку и Епир и Епирците не биле третирани за грчки.

СТРАБО (I ВЕК ПРЕД ХРИСТА - 23 ГОД. ПО ХРИСТА)

Страбо се родил во втората половина на I век пред Христа во областа Понт (денешна Турција). Потек­­нувал од богато семејство. Неговата мајка била Грузијка. Се школу­вал во Ниса и во Рим. Тој е познат антички географ и исто­ричар. Меѓутоа неговата „Историја“ е речиси целосно загу­бена со исклучок на еден фрагмент од папирус, што денес се чува во Ми­лано. Сепак за овој свој труд пишувал са­миот Стра­­бо во своето друго капитално дело познато под нас­ло­вот „Географија“. Ова дело (напишано во 17 книги) претс­тавува геог­раф­с­ко-исто­риски опис на го­лем број на­роди и области од тогаш­ниот свет. Страбо починал околу 23 година по Христа.

Во својата „Географија“ Страбо над дваесет пати ги спомнува Македонија и Македонците и притоа јасно ги издвојува во однос на Грците и тогашните грчки терито­рии. Ќе наведеме неколку вакви примери:

Во Втората книга (5,21), пишувајќи за островите во Егејско Море, Страбо јасно посочува дека Маке­донија е посебен дел во однос на Грција:

„...Во егејот тоа се: Кикладите, Спорадите и ост­ро­вите што лежат кај Карија, Јонија и Елис се до Троада, мислам на: Кос, Самос, Хиос, Лесбос и Тенедос - сите тие лежат крај Грција се до Маке­донија и Тракија, која е следна земја зад Македонија.“

Во истата книга (5,26) Страбо пишува за истори­јата на Европа, при што децидно ги издвојува Маке­дон­ците во однос на Грците, спомнувајќи ги како одделни нации:

...Така во целото тоа пространство земјо­делс­ки­те и цивилизирани елементи егзис­тираат заедно со воинствените елементи, но од овие два елемента, оние што се мирољубиви се побројни и затоа тие ја одржу­ваат контролата над целиот регион. И водечките на­ции - порано тоа беа Грците, а потоа Македонците и Римјаните - исто така помогнаа во ова.“

Во Осмата книга (1) Страбо дава опис на тогаш­ните грчки етно-културни територии. И овде тој не са­мо што не ја вклучува Македонија во нив, туку и јасно ја прикажува како посебна етно-културна целина. Овде читаме:

Сега ќе изнесам податоци за останатиот дел од геог­рафијата на Грција... По Епирците и Или­рите следу­ваат грчките народи: Акарнијанци, Етол­ци и озолски Лок­ри­јанци. По нив се: Фокијан­ците и Боети­јците, а спро­­ти нив преку морето се наоѓа Пелопонез... А по Маке­донија, се наоѓаат Тесалијците, кои се протегаат се до Малијанците и земјите на останатите народи вон од Истмус, како и оние одвнатре.

Во продолжение Страбо пишува дека порано во Грци­ја имало многу племиња, но дека Грци биле само оние кои зборувале на "четирите грчки дијалекти", па во детали ги дава имињата и историјата на овие племиња (Јонци, Дорци, Еолци, Атињани и Арка­диј­ци). Се разбира дека среде нив нема ни помен од Македонците.

Во книга 13, Страбо пишува дека планината Олимп би­ла македонска и истата ја нарекува "маке­донс­киот Олимп".

Практично и најпознатиот антички географ Стра­бо со своето дело претставува силен опонент на денешната грчка пропаганда.

Дваесет и втората епизода е посветена на сведоштвата од Тукидид (5 и 4 век пред Христа) и Лексиконот „Суда“.

Тукидид е антички грчки историчар, чие најпоз­нато дело е "Пелопонеската војна". Се родил во Атина околу 460 година пред Христа, а починал околу 395 година пред Христа). Потекнувал од богато семејство, кое поседувало златни рудници во Тракија. Учествувал како командант во Атинската војска во Пелопонеската војна, која била најголемата војна на Балканот во V век пред Христа и се водела помеѓу Спарта и Атина. Поради тоа што не успеал да го спаси од спартанското освојување градот Амфипол (на македонскиот брег), паднал во немилост и бил испратен во прогон цели дваесет години.

Од аспект на темава што ја разгледуваме, неспорно е дека и за овој познат историчар, Маке­донците биле од­де­лен народ во однос на Грците. Пишувајќи за грани­ци­те во кои живеле Хелените (античките Грци) Тукидид пишува:

На пример очигледно е дека земјата што сега се наре­кува Хелада во минатото немала домородно насе­ление, туку напротив, миграциите биле честа појава... Најбогатото земјиште честопати ги менувало своите господари. Такви се областите што сега се викаат: Тесалија, Бојотија, најголем дел од Пелопонес, Аркадија и најплодните делови од остатокот од Грција.“ (Пело­понеска војна, книга 1).

Гледаме дека Македонија не е ниту спомната во описот на „хеленските земји“.

Во истата (Прва книга) Тукидид ги нарекува Маке­донците „барбари“, т.е. луѓе кои не зборувале грчки (хе­ленс­ки). Опишувајќи ја атинската војска во една битка во Пелопонеската војна, Тукидид пишува дека таа се состое­ла од „Хелени“ и „барбари“ (не-Грци кои војувале на страна на Атињаните). Притоа тој набројува кои народи дале своја војска како по­мош на Атињаните. Овде читаме:

Хеленските единици кои беа со него (еден атински командант) ги сочинуваа: Амбракијците, Левкадиј­ците и Анакторијанците, како и илјада Пелопонезијанци кои дој­доа во негова придружба. Барбарите се состоеја од илјада Каонијани... а со нив дојдоа и некои Теспротијани, кои исто како нив, немаа свој крал, некои Молосјани и Атинанајци, предводени од Сабилинт, застапник на кра­лот Тарип, кој се уште бил мал, како и некои Паравени водени од својот крал Ороед, придружувани од илјада Орестјани... Исто така имало и илјада Македонци, испра­тени од Пердика без знаење на Ати­њаните, но тие стигнале многу доцна. ("Пелопонеска војна" книга 1).

Ова сведоштво е многу јасен доказ дека тогаш­ните Грци (меѓу кои и Тукидид) не ги сметале Маке­дон­ците за свои сонародници, наспроти тврдењето на современата грчка пропаганда.

СУДА

Делото „Суда“ претставува комбинација помеѓу лек­си­кон и енциклопедија, која била создадена од визан­тиските учени во Х век, чиј идентитет останал непознат. Во „Суда“ се застапени околу 30.000 зборови со детални биографски, историски и лингвис­тички инфор­мации, глав­но во врска со античките автори.

Познато е дека во антиката постоел историчар што се викал Суда (Suidas), кој е спомнат во делата на Страбо, Аполониј од Родос и Стефан Визант, но не се знае дали токму овој Суда е автор на истои­ме­ниот лексикон-енцикло­педија, кој бил објавен како целина дури во Х век. Ова заради фактот што во овој лексикон-енциклопедија се заста­пени и податоци пишувани по времето на Стефан Визант. Се разбира дека постои веро­јатност дека овој лек­си­кон бил напишан од античкиот автор Суда, но подоцна бил значително дополнуван.

Зборовите во лексиконот „Суда“ се класифи­ку­вани по азбучен ред. Овде се застапени зборови што биле запишу­вани во делата на  античките автори, но има и голем број лични имиња и топоними. Застапени се и коментари во врс­ка со презентираните зборови, од кои добар дел се изва­доци од антички текстови, но не секогаш е предаден нивниот извор.

Во „Суда“ исто така постои сведоштво за не-грчкиот карактер на античките Македонци.

Во толкувањето на зборот „каусија“ (вид маке­донска капа), во "Суда", непознатиот антички грчки автор пишува дека тоа била "вид барбарски покривач за главата" (Суда, Капа, 1139). Поради фактот што во науката е добро позна­то дека оваа капа била соз­да­дена и најмногу практикувана токму од Маке­дон­ците, јасно е дека и овој антички грчки автор ги сме­тал Македонците како „барбари“ (луѓе кои не зборуваат грчки).

21 и 22 епизода, како и останатите епизоди, можете да ги погледнете на посебниот канал на Јутуб: https://www.youtube.com/channel/UCJnd4_NuUyQQZfbMqom64kQ

Документарен филм со дел од дејноста на авторот Александар Донски можете да погледнете на:

https://www.youtube.com/watch?v=5S26QOz71gU&t=1535s

1Тукидид

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.