|
||||
РЕЗОЛУЦИЈА ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПОД НЕЈЗИНОТО ИМЕ! |
МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО ЗАПАДНА АВСТРАЛИЈА ЛАБУРИСТИЧКАТА ПАРТИЈА НА ЗАПАДНА АВСТРАЛИЈА НА ПРЕДЛОГ НА ПРАТЕНИЧКАТА ЏЕСИКА СТОЈКОВСКИ УСВОИ РЕЗОЛУЦИЈА ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПОД НЕЈЗИНОТО ИМЕ! 27 август 2017 година, Перт, Западна Австралија На парламентарните избори во Западна Австралија, одржани март годинава, македонската снаа Џесика Стојковски, сопруга на Македонецот Сиљан Стојковски, стана пратеник во Законодавното собрание на Западна Австралија, од Лабуристичката партија, од изборната единица Кингсли во Перт. Џесика по потекло е од Англија, мајка на две деца, но како македонска снаа одлично го зборува македонскиот јазик. Македонците во Западна Австралија безрезервно и’ ја честитаа победата, со надеж дека ќе придонесе за Македонската заедница во Западна Австралија и во Австралија воопшто. Резултатите од работата на пратеничката Џесика Стојковски за Македонската заедница во Австралија и Република Македонија веќе се евидентни. - Денес ми претставуваше чест да предложам Резолуција на Конференцијата на Лабуристичката партија на Западна Австралија којашто помина безрезервно. Со Резолуцијата се повикува Сојузната влада на Австралија да ја признае Македонија како Македонија, а не како “поранешната Југословенска Република Македонија“, - изјави денес пратничката Џесика Стојковски, после одржувањето на Годишната национална конференција на Лабуристичката партија за Западна Австралија. Светскиот Македонски Конгрес - Австралија и Светскиот Македонски Конгрес и' изразија безрезервна благодарност на Џесика Стојковски за нејзината работа и Резолуцијата за Македонија. На предлог на Светскиот Македонски Конгрес - Австралија, 27 Генерално Собрание на Светскиот Македонски Конгрес одржано на 5 август 2017 година во Скопје на пратеничката Џесика Стојковски и' го додели највисокото семакедонско признание, почесната титула Македонски сенатор. Во Резолуцијата за Македонија, којашто е дел од тригодишната програма за работа на партијата, се вели: “Конференцијата го истакнува извонредниот придонес на Македонската заедница во Западно-австралиското и Австралиското општество. Нивниот придонес ја збогати нашата заедница и придонесе кон збогатување на вредностите на Лабуристичката партија. Тие се пример на сеопшиот придонес којшто сите мигранти и бегалци го сториле во Западна Австралија. Конференцијата потврдува дека Австралија е една од ретките земји во светот која сè уште го користи терминот поранешна Југословенска Република Македонија во односите со Македонија, што не е случај со другите републики на поранешна Југославија. Конференцијата потврдува дека со ова се врши навреда на Македонската заедница и дека, како приоритетно прашање, Сојузната влада и секоја идна Федерална влада на Лабуристичката партија треба да го отфрли префиксот "поранешна Југославија" и да ги задржи само зборовите Република Македонија. Конференцијата, исто така, ја повикува Федералната Влада на Лабуристите да го разгледа прашањето за отворање на Австралиска амбасада во главниот град на оваа држава, за да им служи на интересите на Австралија во поширокиот регион.“ |