|
||||
КОЅИАС ПРЕЧЕКАН СО ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА И ИДЕНТИТЕТОТ НА НАЦИЈАТА! |
МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ И СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС КОЅИАС ПРЕЧЕКАН СО ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА И ИДЕНТИТЕТОТ НА НАЦИЈАТА! 31 август 2017 година, Скопје, Македонија Денес во официјална посета на Македонија престојуваше министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕиас. Негов домаќин беше министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров. За време на посетата, министерот Никос Коѕиас се сретна со премиерот Зоран Заев, министерот за евро-интеграции Бујар Османи, а во Собранието се сретна со претседателот Талат Џафери и претставници на парламентарните политички партии. Министерот Никос Коѕиас беше примен и од претседателот на Републиката Ѓорге Иванов. На првата средба со министерот Димитров, во 10.30 часот, грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, пред зградата на Министерството за надворешни работи беше пречекан со протест во организација на Македонски Манифест и Светскиот Македонски Конгрес. На протестот присуствуваа и претставници на Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Сојузот на Македонците со исламска религија. Македонски Манифест и Светскиот Македонски Конгрес завчера испратија отворено обраќање до Владата и парламентарната опозиција за семакедонската црвена линија за името: СМЕ БИЛЕ, СМЕ И ЌЕ БИДЕМЕ МАКЕДОНЦИ И МАКЕДОНИЈА! Пред присутните, обраќањето до Владата и парламентарната опозиција, го прочита претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров, кој рече: “Се собравме поради посетата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас на Македонија, независно од Владата на Заев, да кажеме дека за Македонците во целиот свет, семакедонската црвена линија е името на државата: Бевме, сме и ќе бидеме Македонија и Македонци! Името на државата е идентитетот на нацијата! Промената на името на државата значи трајна промена на името на Македонскиот народ и името на Македонскиот јазик! Сакаме да ги потсетиме Владата и опозицијата дека името на државата е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога Македонскиот народ и државјаните во апсолутно мнозинство гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки, одлуката на референдумот по Устав е задолжителна за сите! Македонија не е само географија! За нас Македонците, Македонија е етнологија! Името на државата е името на Македонскиот народ и обратно, името на Македонскиот народ е име на државата Македонија! Бараме безусловен крај на разговорите за разликата за државното име Македонија со Владата во Атина! Предлагаме македонско-грчко помирување и Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција. Простуваме, но не забораваме. Бараме извинување и репарации. Бараме враќање на државјанствата, граѓанските, имотните и наследните права на насилно протераните Македонци од Егејскиот дел на Македонија од Првата и Втората Балканска војна 1912-1913, Првата Светска Војна 1914-1918, Втората Светска Војна 1939-1945 и Граѓанската војна во Грција 1946-1949. Бараме Владата во Атина да стави крај на расистичката забрана на Македонци за влез во Грција! И покрај се’ и после се’, ние Македонците велиме, Македонија не е ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации, во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната гео-политика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации! Македонците отфрлаат членство на Македонија во Европската Унија и НАТО Алијансата, поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата Македонија и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија! Европската Унија и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!“ - рече претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров. Учесниците на протестот носеа транспаренти на коишто на англиски јазик пишуваше “Стоп на грчкиот геноцид!“, “Стоп на грчкиот наци-фашизам!“, “Стоп на грчкиот расизам!“, “Да, за ЕУ, но само како Македонија и Македонци!“, “Стоп на разговорите за името!“, “Македонија 1913-2013, 100 години окупација - 100 години геноцид!“, “Не за ПЈРМ, да за Македонија!“, “Ова е Македонија!“ Иако мирниот протест организаторите претходно писмено го најавија до Полициската станица Центар, со образложение дека на него ќе присуствуваат 50-100 учесници, со организарана редарска служба, без блокада на сообраќајницата и дека ќе протестираат спроти зградата на Министерството за надворешни работи, организаторите изразија остар протест поради самовластието на началникот на полициската станица Центар, кој како командир на полициската единица за јавен ред и мир, забрани движење на учесниците на мирниот протест 200 метра од зградата на Министерството за внатрешни работи поредувајќи кордон во два реда пред нив. На прашање на организаторите до началникот на полициската станица Центар, Зошто е забраната на движењето, одговорот беше поради безбедносни причини и затоа што тој така сакал! Иако, вооружени на протестот беа само полицајците! И покрај арогантното однесување на началникот на полициската станица Центар, организаторите изразија задоволство од протестот. - Не очекувавме масовност, неизвесни ни беа денот и местото на доаѓањето на Никос Коѕиас. Најважни беа пораките од протестот! Не’ радува дека нив ги пренесоа речиси сите медиуми во Македонија наспроти посетата на Никос Коѕиас, а ги евидентираа и медиумите од Грција. Нашата изјава до медиумите ја дистрибуиравме на македонски, англиски и грчки јазик. Им благодариме на сите кои дојдоа заедно да ја споделиме загриженоста од однесувањето на Владата на Заев, спротивно на слободно изразената волја на Македонскиот народ и македонските државјани. Придонесуваме во поткревањето на свеста на народот, во отпорот против промена на името на државата Македонија и промена на идентитетот на нацијата Македонска, - изјавија Ефтим Клетников и Тодор Петров, во име на организаторите на протестот. |