|
||||
Не реални намалувања на јавни давачки на новата Извршна власт |
На Предлог на Владата во Законодавниот дом е влезена и точката на разгледување пред народните избраници за укинување на радиодифузната такса. Во оваа прилика само да потсетиме дека до сега секое физичко и правно лице РДТ како Јавна давачка и истата со помош на УЈП стигнуваше кај корисниците во месечен фиксен номинален износ од 190,00 денари. Ова се направи уште во 2009 година на предлог на европската институција за РДТ со цел Јавниот Радиодифузен систем да биде растеретен од политички притисок од една и истиот само да претставува сервис на информирање на физичките и правните лица без политичка позадина од друга страна. Новиот Предлог на владиното мнозинство на чело со премиерот, а воедно аболициран лидер Зоки Заев, алијас Бошко Буха повторно ќе се врати политичкиот притисок во информирањето на Јавниот Радиодифузен систем. Сомнежот за Предлогот на оваа владина одлука е дека финансиската инфузја на Јавниот Радиодифузен систем ќе биде под капата иа буџетот на Република Македонија каде контрола на сите јавни давачки има Извршната власт на Република Македонија. Втор Владин Предлог е да се воведе повторно евтината струја секој ден во временскиот интервал од 14 до 16 часот и досегашната евтина струја да остане и понатаму иста, и тоа од 22 часот во сабота на вечер до 7 часот во понеделник на утро. Во оваа прилика само да се потсетиме дека некогашниот ЕСМ во2006 година од тогашната Владина гарнитура на чело со тогашниот двоец на плавите момчиња Бучковски и Шекеринска истиот беше продаден на австриски ЕВН во тоа време Шекеринска од Законодавниот дом нагласи дека продавањето на тамошното ЕСМ ќе претставува "бомбона бизнис“ во поглед на обезбедувањето на финансиска инфузија од страна на доминатниот сопственик, во конкретниот случај австриски ЕВН. Секој бизнисмен сака секогаш да има набилдано финансиско салдо во своја полза. Аналогно на горе споменатото се поставува прашањето како актуелната Владина гарнитура ќе обезбеди или ќе го наговори новиот сопственик да попушти во поглед на воведувањето на евтина струја кај обичниот граѓанин кој во секој тековен месец со големи проблеми финансиски опстојува во поглед на подмирувањето на режимските трошоци. Обичниот македонски граѓанин од новата Извршна власт ги посакува новите финансиски услови кои за време на предизборната кампања на ланските вонредни парламентарни избори новото владино мнозинство ветуваше финансиски брда и долини за правните и следствено на тоа и физичките лица во нашата мила и низ векови напатена Република Македонија. Господа доста е од Ваша страна со нереални проекти. Време е да почнете да ги остварузате финансиските поволности. Дали истите ги задоволуваат апетитите на физичките и правните лица репер ќе бидат наредните локални избори каде обичниот македонски граѓанин ќе каже ДА. или НЕ во поглед на ветувањата на новата Извршна власт. Дипл.Екк.-Рубинчо В.Јованоски од Прилеп |