Среда, 20 Септември 2017    PDF Печати Е-пошта
Стара гарда за разнебитување на македонскиот монопол

toni-micajkovОсновна земјоделска култура во градот под Марковите кули каде опстодува обичниот прилепски земојделец е прилепскиот тутун, поточно т.н. ”жолто злато“.

Прилепскиот земјоделец во текот на целата година е преокупиран во обра ботката на квалитетното “жолто злато“, кое за него претставува вносен бизнис во подмирувањето на основните животни трошоци.

Исто така, во Градот херој Прилеп успешно функционира и тутунскиот Комбинат АД Прилеп или кај прилепчани попознат како Прилепски монопол.

За оваа прилепска компанија може многу да се пишува, но во оваа прилика само ќе направиме една ретроспектива за нејзиното финансиско работење од почетокот на новиот милениум до последните кадровски промени кои се случија пред извесно време во прилепскиот монопол.

По превземањето на власта на плавите момчиња на 15 септември 2002  година каде тогашниот лидер на СДСМ, а сегашен актуелен пензионер и воедно почесен член на плавите момчиња Бранко Црвенковски кој само да се потсетиме дека во тоа време ветуваше вработување на барем еден член од секое семе јство. За прв човек на прилепскиот Тутунеки Комбинат АД Прилеп во тоа време го постави неговиот пулен Тони Мицајков - Цванцикот кој ветуваше брда и долини од една и тутунска прилепска ренесанса од друга страна за прилепскиот тутунски гигант.

Секој ден од неговото директорување се напластуваа големи финансиски проблеми во прилепскиот монопол.

Тони Мицајков - Цванцикот во координација со финансискиот експерт, некогашниот ракометен голман на РК Тутунски Комбинат Димитар Богдан со наместени тендери на фирми блиски на плавите момчиња направија финансиски дар-мар во нивното 4 годишно директорување со прилепскиот тутунски гигант.

Во тоа време иронијата да биде уште поголема Зоран Стефаноски близок ј роднина на првиот човек на прилепскиот тутунски комбинат Тони Мицајков беше назначен за финансиски директор на Пуцко Петрол која ја работеше под кирија бензинската - пумпа која и сега е уште во склоп на Тутунски Комбинат-Прилеп.

Само да се потсетиме дека лицето С.З. беше некогашен директор на хотелскиот комплекс “Липа“, кој пред и 20-тина и повеќе години беше своевидна атракција во хотелскиот бизнис во Градот под Марковите кули. Потоа, благодарение на цваната и врските во Скопје истрошената личност С.З. се вгнездува како што нагласивме во овој текст како финансиски директор на Пуцко Петрол.

По заминувањето на М.Т. од прв човек на прилепскиот монопол лицето С.З беше поставен за прв човек на некогашната Агенција за радиодифузија.

Со промената на власта се открија големи финансиски дубиози на тандемот цваната-тапанот и следствено на тоа беа испратени на рехабилитација во “Идризово“ - Скопје.

Со новото раководство на прилепскиот монопол со добар финансиски пакет за вработените ја намалија превработеноста во прилепскиот монопол. Овде само да се потсетиме дека со промената на локалната власт во 2005 година до тогашниот директор на ЈКП Комуналец М.Ѓ. кој го положи претпријатието на финансиски колена и во голема финансиска бездна се засолни со работно место и следствено на тоа со решение за работа во прилепскиот монопол.

Во Тутунскиот Комбинат влезе големиот гигант од тутунската индустрија Филип Морис и со тоа, се стабилизира финансиски прилепскиот монопол во поглед на извоз на тутун од една и исплата на суровиот тутун од преработувачите на тутун од друга страна.

Но, со промена на актуелната извршна власт аболицираниот лидер на СДСМ а воедно и премиер 3.З. направи рокада во менаџерскиот тим на Тутунскиот Комбинат со нови надворешни членови, и тоа: Стефаноска, сопруга на алфа и омега З.С и  К..С. близок соработник на цванцикот и тапанот.

Ако денот по утрото се познава со новата гарнитура не му ое пишува добро на прилепскиот монопол. Тој ќе биде “крава молзница”, поточно финансиски помагател на извршната власт.

Дипл.Екк.Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.