Среда, 20 Септември 2017    PDF Печати Е-пошта
МАКЕДОНЦИТЕ ОТФРЛААТ ГЕОГРАФСКА ОДРЕДНИЦА НА ДРЖАВНОТО ИМЕ МАКЕДОНИЈА!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) го отфрла обвинувањето на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас во вчерашнит разговори со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во Њујорк.

smk-newyotk

СМК потсетува дека не постои македонски иредентизам, туку грчка окупација врз Македонија и грчки геноцид врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година до денес.

Македонците во светот отфрлаат сложено име за државата како “Горна Македонија” или “Нова Македонија“. Името на државата за Македонците не претставува само географија, туку и етнологија, јазик, култура, историја, филозофија и идеологија!

Македонците отфрлаат референдум, промена на Уставот и ратификација на меѓународен догоров со цел промена на името на државата!

СМК потсетува дека името на државата се состои само од еден единствен збор - зборот Македонија, и за внатрешна и за меѓународна употреба, затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога Македонскиот народ и македонските државјани во апсолутно мнозиство гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки! Одлуката на референдумот е задолителна за сите!

СМК, укажува дека Меѓународниот суд на правдата во Хаг по тужба на Македонија, на 5 декември 2011 година едногласно одлучи дека Грција ја прекршила македонско-грчката Привремена согласност а не Македонија!

Македонците во светот отфрлаат пристапување на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Атина за промена на името на државата и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија!

Европската Унија и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Македонците во светот бараат безусловен крај на разговорите за разликата за државното име со Владата во Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка Република, како јасна разлика од истоимената северна провинција во Грција и југо-западна провинција во Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик (Republika Makedonija), туку на англиски јазик (Republic of Macedonia), со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки од Балканските војни 1912-1913 година - окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ кои се’ уште траат!

Македонците во светот бараат Претседателот на Република Македонија веднаш: (1) Да упати нота до Генералниот Секретар на Обединетите Нации дека за Македонија разговорите за разликата за државното име со Владата во Атина се завршени, и (2) Да предложи Резолуција до Генералното Собрание за продолжување на членството во Обединетите Нации под државното име Македонија!

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.