Среда, 20 Септември 2017    PDF Печати Е-пошта
ПОМЕН ЗА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ 1929-1998-2017

18 септември 2017 година, Куманово, Македонија

По повод 88 од раѓањето и 19 години од смртта, денес на гробот на Драган Богдановски на градските гробишта во Куманово, се одржа помен за спомен и вечна памјат. Семејството, соборци и делегација на ВМРО-ДПМНЕ положија свежо цвеќе на гробот на Драган Богдановски.

Dragan-Bogdanovski-portret-1

Драган Богдановски е роден во село Клечовце, Кумановско, на 18 септември 1929 година. Почина во Фредериција, Данска, на 31 мај 1998 година. Еден е од најпознатите македонски политички емигранти по 1945 година и еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ. Богдановски 30 години бил во челните редови на патриотски настроената македонска емиграција.

Потекнува од позната селско-земјоделска фамилија со патриотски корени. Дедото на Драган е Илинденец, комита во четата на Атанас Бабата. Основно училиште завршува во родното село, а средно образование во Куманово и Битола, по што во 1948 година се запишува во Белград, Земун, на Факултет за земјоделство и шумарство. Во Белград уште во третиот семестер од студиите се пројавува како иницијатор за формирање на "Македонски студентски клуб”, заради што бил затворен и издржал казна од 4 месеци во злогласниот затвор на "Обиличев венац". По излегувањето од затвор е исклучен од факултетот без право на упис на било кој факултет во Југославија.

Таа драконска мерка на факултетските власти во основа го менува животот на Богдановски. Одлучува да ја напушти земјата и во пролетта 1950 година, заедно со неколкумина колеги студенти, кај Гевгелија ја преминува границата. По задолжителен престој во бегалски логор, кон крајот на 1950 година заминува за Јужна Америка, каде престојува во Аргентина и Бразил до 1954 година. Желбата за наука не го напушта, поради што се враќа во Париз и на Сорбона запишува Факултет за политички науки и журналистика. Уште веднаш започнува со политичко дејствување, ја формира организацијата "Македонски национален фронт” и започнува со издавање на весникот "Македонска искра”. Од овој весник успеваат да излезат неколку броеви, но по интервенција на југословенската и грчката амбасада весникот е забранет.

Во 1958 година се жени со Брита, ќерка на тогашниот главен архитект на Осло, и заминува да живее во Норвешка. Со неа има два сина, Пер-Арне и Иван. Во Осло оспособува печатница на кирилично писмо и преку пишан збор врши национално-политичка активност. Во 1958 година се јавува како покренувач за издавање на повеќе весници, списанија и книги за Македонија. Го издава списанието "Македонска лоза” и "Слободна Македонија”, потоа го печати весникот "Македонија”, списанието "Македонска нација” и други.

Богдановски за првпат ќе биде оквалификуван како противник на Југославија по состанокот со Владо Дапчевиќ, еден од творците на Новата комунистичка партија на Југославија, формирана со поддршка од тогашниот СССР. Донесена е одлука за доведување на Драган Богдановски во Југославија и негово судење. Како раководител на ДООМ во 1977 година, Богдановски е киднапиран во Париз и доведен во Југославија. Него го киднапираат припадници на Службата за државна безбедност на Југославија, во станот на друг член на ДООМ, и со дипломатско возило е пренесен во Љубљана, а подоцна и во Скопје. Со врзани очи бил одведен во полициски објект во близина на Македонски Брод каде што е под истрага 18 месеци. Судскиот процес против него е организиран зад затворени врати на којшто му е изречена казна 13 години затвор. Помилуван е во 1988 година.

По излегувањето од затвор во 1988 година, кусо време живее во Скопје, а штом добил пасош заминува во Малме, Шведска, каде ја подготвува програмата за формирање на национална политичка партија во Македонија, отпечатена во весникот "Млад Борец”. Таа партија, по идеја на Драган Богдановски треба да се вика "Демократска партија за македонско национално единство”, ДПМНЕ. Во 1990 година заедно со Гојко Јаковлевски од Берлин, се состануваат во Минхен, каде се донесува одлука за формирање на партијата со предзнак ВМРО. На состанокот присуствуваат и Љупчо Георгиевски, Борис Змејковски и Владо Транталовски од Ресен, по што партијата се формира и регистрира во Македонија како ВМРО-Демократска партија за македонско национално единство.

Умира на 31 мај 1998 година во воз, во местото Фредериција, Данска, на пат од Шведска за Германија. Погребан е во присуство на семејството и најблиските во Куманово на 2 август 1998 година. На погребот учествуваа членовите на неговото семејство, неговите пријатели, општинските раководители на градот Ресен и само еден претставник од ВМРО ДПМНЕ.

Неговата активност најмногу е изразена како иницијатор за основање на бројни политички организации на Македонците во странство. Во 1963 година доаѓа до формирање на прва македонска национална организација Ослободителен комитет на Македонија (ОКМ), која во 1972 година се трансформира во Движење за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ). Богдановски на чело на ова организација доаѓа уште во 1967 година.

ДООМ развива широка активност помеѓу Македонците кои по 1960 година масовно ја напуштаат својата земја од економски или политички причини, поради што набргу се соочува со тогашната Служба за државна безбедност (СДБ), која ги следи и повремено ги попречува неговите активности. Се организира кражба на неговата печатница во Минхен, која е пренесена од Осло во Брисел па во Минхен и во која се печати списанието "Македонска нација”.

Сепак, СДБ не презема акции за целосна елиминација на дејноста на Драган Богдановски, бидејќи тој со својата борба делува против дејствувањето на разни странски пропаганди, политички или црковни институции кои меѓу Македонците во странство врпеа просрпска, прогрчка, пробугарска и друга пропаганда, каква што спроведуваа "Панмакедоники”, МПО на Ванчо Михајлов, "Славјански комитет” на НРБ и други. Во периодот од 1958-1977 година најголема битка водеше против МПО.

На првиот конгрес на ВМРО ДПМНЕ, одржан во Прилеп на 6 и 7 април 1991 година, Богдановски е избран за почесен претседател на партијата, а од 1991 до 1993 година е претседател на Задграничниот комитет на ВМРО ДПМНЕ за Европа.

Сепак, доаѓа до заладување на односите помеѓу него и претседателот на партијата, поради софискиот врховизам на Љубчо Георгиевски. И во 1993 година ја напушта ВМРО ДПМНЕ. На 5 мај 1993 година Богдановски формира нова партија, Македонски национален фронт, со седиште во Прилеп, но таа партија не успеа да заживее и Богдановски се враќа во Шведска.

На пат од Шведска за Германија, почина во воз во Фредериција, Данска, на 31 мај 1998 година. Постојат шпекулации дека е отруен, но тоа никогаш не е потврдено.

Лесна му земја и вечна му памјат. Амин!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.