Среда, 20 Септември 2017    PDF Печати Е-пошта
ОБЈАВЕНИ СЕ Е 33, 34 И 35 ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“

Деновиве на Youtube се поставени 33, 34 и 35 епизода од  документарната серија „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ (“THE ANCIENT MACEDONIANS WERE NOT GREEK”), чиј комплетен автор е Александар Донски. Серијата е во продукција на Lloyd Harrison Entertainment Group од Сиднеј, извршен продуцент на серијата е Џим Стефан, ко-продуцент е Горан Котев, а асоцијативен продуцент е Андрија Петревски, сите од Сиднеј. Текстот го читаат Бубе Донска  и Стефо Нанцу. Во серијата ќе бидат претставени сведоштва од над педесет антички автори според кои античките Македонци не биле никакви „Грци“ како што тврди денешната грчка пропаганда. Авторот на серијата Александар Донски очекува оваа серија да ги разниша темелите на грчката историографија и пропаганда кога е во прашање античка Македонија.

Овие епизоди се посветени на сведоштвата од Павсанија (2 и 3 дел) и –Плутарх (1 дел).

Во својата Прва книга Павсанија ја пренесува и содр­жи­ната на еден натпис во светилиштето посвете­но на божи­цата Атина итониска, кое се наоѓало недалеку од градот Атина. Пред да ја разгледаме содржината на овој нат­пис, да кажеме накратко нешто околу причините за неговото настанување. Од 278 до 275 година пред Христа со Маке­донија владеел епирскиот (молоси­јанс­киот) хегемон Пир. Во текот на борбите околу влас­та во Македонија, неси­гурната состојба ја иско­ристил Пир, кој бил крал на Епир. Две години владеел со поголем дел од Македонија. Потоа неговата војска била избркана од македонската војска на Лизимах (кој пред тоа исто така владеел со дел од Маке­донија). Инаку кралот Пир е познат по изразот „Пирова побе­да“ што настанал откако во една битка ги пора­зил Римјаните, но претрпел огромни загуби. Во бит­ката против Македонците Пир успеал да заплени дел од нивното воору­жување, како и дел од штитовите на Галите, кои се бореле како платеници во Македонс­ката војска. Дел од запле­нетите галски штитови биле подарени на свети­лиштето посветено на божицата Атина итониска, додека запленетите македонските штитови Пир ги подарил на светилиштето посветено на Зевс. Во итониското свети­лиште имало и натпис во кој, меѓу другото, пишувало:

Пир Молосијанецот ги остави овие штитови, запленети од силните Гали, како подарок на итониска Атина, отако претходно ја уништи војската на Антигон (Македонската војска, з.м.) (...).

Оттогаш овие штитови се овде, но шти­товите на самите Македонци, тој ги посвети на додониски Зевс. И таму исто така има натпис кој гласи:

,Овие штитови порано ја покорија златната Азија и ги поробија Грците. А сега, без своите сопственици, лежат крај столбовите на храмот на Зевс како доказ за уништените самофалби на Ма­кедонија’“. (Pausanias, Description of Greece, 1, 13, 2).

Јасно е дека Грците во  Пир (како Епирец и при­пад­ник на народот Молосјани) виделе свој сојузник заради тоа што успешно се борел против Маке­дон­ци­те, под чие ропство тие тогаш се наоѓале. Очиг­ледно дека и тој Грците ги сметал за свои сојузници штом ги подарил на нивните светилишта запленетите шти­то­ви од македонските вој­ници и нивните сојуз­ни­ци. Во натписите од овие свети­лишта јасно е кажано дека тоа вооружување порано ги поробило Грците и ја униш­тило Азија, а сега, лежело беспо­мошно како до­каз за поразот на Македонија. 

Павсанија се навраќа и на состојбите во Атина и останатите грчки региони во времето пред и по вла­де­ењето на Филип и Александар Велики Македонски (IV век пред Христа). Познато е дека Грците биле окупирани од Филип по битката кај Херонеја, а по смрта на Александар кренале востание за да се ослободат од македонското ропство, кое било заду­шено. Во врска со овие настани Павсанија пишува:

Катастрофата кај Херонеја била почеток за несреќите на сите Грци, а посебно за оние кои биле поро­бени затоа што биле слепи за опасноста што доаѓала од Македонија. Најголемиот дел од нивните градови Филип ги освоил... Извесно време Атиња­ните останале пасивни, посебно за време на владе­ењето на Филип и на неговиот наследник Алек­сан­дар. Но, кога по смртта на Александар,  Македон­ците го избрале Аридеј за свој крал, а низ целата империја се јавила недоверба кон Антипатер, Ати­њаните помислиле дека не смее да се дозволи Грција засекогаш да остане под власта на Маке­донците, заради што почнале војна повику­вајќи ги и другите да им се придружат.(Pausanias, Description of Greece, 1,25,3).

Во продолжение читаме за описот и текот на ова грчко востание против Македонците.

Во Втората книга Павсанија пишувал за наста­ните околу Ахајската лига (за која подетаљно пишу­ваме кај записите од Плутарх). Пишувајќи за одно­сите во оваа лига и влијанието на Македонците во неј­зините внатрешни работи, Павсанија вели:

Освен тоа, бидејќи сите Грци се плашеа од Маке­дон­ците и од Антигон, кој беше  старател на Филип, си­нот на Димитрија, тој ги наговори Сикиј­ците, кои беа Дорци, да се придружат на Ахајската лига.“ (Pausanias, Description of Greece, 2,8,4).

Значи Антигон си поставувал свои луѓе во грч­ката Ахајска лига, заради тоа што бил свесен дека Грците се плашат од него и од Македонците. Потен­ци­раме дека овде Павсанија пишува за "Грците" (како народ), а не одделно за Атињаните, Спартанците, Те­бан­ците и другите нивни сонародници. Впрочем, такви се сите досегашни сведошт­ва што овде ги наве­дуваме.

Во Шестата книга Павсанија нуди доказ за тоа на колку високо ниво била македонската етничка свест среде античките Македонци. Да го проследиме и овој цитат:

Во близина на Дамиск има статуа од некого, чие име не ми го кажаа, но тоа е Птолемеј синот на Лаг, кој ја приложил оваа статуа. Во натписот на неа Птолемеј себеси се нарекува Македонец, иако тогаш бил крал на Египет.“ (Pausanias, Description of Greece, 6,3,1).

И во Седмата книга Павсанија ја спомнува бит­ката кај Херонеја помеѓу Македонците и Грците. Пишувајќи за Ахајците, тој вели:

Од оние војни што се воделе подоцна од страна на Грците организирани во конфедерација, Ахајците учест­вувале во битката кај Херонеја против Македонците предводени од Филип. (Pausanias, Description of Greece, 7,6,5).

Следниот цитат доволно зборува за односот на Македонците кон Грците во нивните меѓусебни војни. Станува збор за востанието на Грците од Теба про­тив Александар Велики Македонски, кое веќе го спомнавме. Еве како ова го опишува Павсанија:

Теба била толку уништена од Александар што кога, по неколку години, Касандар ги вратил во неа нејзините граѓани, тие биле толку слаби што не можеле сами да опстанат. Атињаните, пак,.. никогаш не се совземале од војната со Македон­ците.“ (Pausanias, Description of Greece, 7,6,9).

Павсанија јасно ги издвојува Македонците од Грците и на друго место во својата Седма книга. Овде читаме:

Кога Филип, синот на Димитрија, стана полно­летен, а Антигон бескрупулозно го превзеде вла­дее­њето над Македонците, тоа внесе страв во срцата на Грците.“ (Pausanias, Description of Greece, 7,7,5).

Во Деветтата книга (29,3) Павсанија потсетува дека деветте антички музи всушност биле македонски божест­ва, востановени од Македонецот Пиер. Овде читаме:

Пиер Македонецот, според чие име е наречена плани­­ната во Македонија, дошол во Теспија и ги воста­новил девете музи, на кои им ги ставил денешните имиња. (Повеќе детаљи околу тоа кои божества во антиката, кои денес неправедно се тре­ти­рани како „грчки“, всушност би­ле македонски или биле создадени од други не-грчки народи, презен­ти­равме во книгата „Античко-македонс­ко­то наследство во денешната македонска нација - прв дел фолк­лор­ни елементи“).

Кога сме кај оваа тема ќе го спомнеме и гробот на митскиот пеач Орфеј за кој Павсанија напишал де­ка се наоѓал во Македонија. Во Деветтата книга (30, 7), читаме:

Македонците кои живеат во областа под плани­ната Пиерија и градот Диум велат дека ток­му овде Орфеј го завршил својот живот од рацете на жени. Одеј­ќи од Диум по патот кон планината, на околу дваесет стадиуми, се доаѓа до столб со камена урна во која, според луѓето кои таму живе­ат, се наоѓаат коските на Орфеј.“

Во продолжение Павсанија пренесува необични и мистериозни случки што му ги раскажале луѓето таму, поврзани со гробот на Орфеј. 

ПЛУТАРХ (I И II ВЕК ПО ХРИСТА)

Плутарх е уште еден старогрчки историчар со чии дела директно е засегната денешната грчка про­паганда. И тој на повеќе места јасно запишал дека античките Македонци не биле никакви „Грци“, туку по­се­бен народ со сопствен јазик. Ќе направиме краток преглед на некои од овие сведоштва.

Плутарх се родил околу 46 година по Христа, а починал во 120 година. Се родил во Херонеја во Бео­тија, а се школувал во Атина. Се смета дека патувал во Египет и во Рим. Честопати престојувал во Атина, каде бил свеш­теник во познатиот храм во Делфи. Последните години од својот живот ги помнал во род­ната Херонеја. Тој бил близок до римската власт. Не­говите дела генерално можат да се поделат во две групи. Првата група опфаќа есеи и дијалози. Овие трудови се опфатени под заедничкиот назив „Мора­лија“. Вториот дел од неговиот опус се одне­сува на историјата и истиот опфаќа биографии на познати личности од антиката. Овие дела денес претста­ву­ваат незаменлив историски извор за современите истра­жувачи. Повеќето свои дела Плутарх ги напи­шал околу 75 година.

Ќе почнеме со Биографијата за Александар Велики Македонски. Меѓутоа, бидејќи ова дело е преведено и објавено кај нас, сметаме дека е до­волно познато, па од него нема да презентираме по­го­­лем број извадоци. Само ќе потсетиме на све­доштвото за посебноста на македонс­киот јазик. Опи­шу­вајќи една расправија помеѓу Алек­сандар Маке­донс­­ки и еден негов пријател, Плутарх (глава 53) за­пи­шал:

Александар... рипнал на нозе и почнал на маке­донски да ги дови­кува сво­­и­те штитоносци, што беше знак за голема вознемиреност.“ (Плутарх: „Алек­сан­дар Македонс­ки“, во превод на македонски, Скопје, 1994).

Ова сведоштво всушност се однесува на наста­нот кога  Александар помис­лил дека животот му е заг­ро­зен од неговиот другар Клит со кого се расправале во пијана состојба. Во еден миг Александар помислил дека Клит сака да го нападне, па ги повикал своите телохранители (штитоношци) да го заш­титат. Плутарх јасно пишува дека тој нив ги повикал на македонски јазик.

За да го објасниме значењето на ова све­доштво од Плутарх, потребно е прво да укажеме на неколку мо­менти. Познато е дека официјален јазик во Маке­донската импе­рија (па и во војската) за време на македонската домин­ација бил јазикот коине. Тоа бил мешан јазик, создаден од елементи од извесен број јазици од народите кои биле во Македонската импе­рија. Освен зборови од грчките дија­лекти, во јазикот коине имало зборови и од маке­донскиот јазик, но и од други јазици. Овој јазик Алек­сандар го вовел заради практични причини. Веројатно тој бил свесен дека ќе наидел на голем проблем и отпор доколку се обидел сосила да го наметнува на разните народи во својата империја не многу познатиот маке­донс­ки јазик.

Значи, коине бил еден вид мешан (заеднички) јазик, кој бил фор­сиран и подоцна од маке­донските династии како универзален јазик во земјите со кои владееле, иск­лу­чиво заради полесна кому­никација помеѓу различ­ните народи.

Денес научниците сметаат дека јазикот коине всуш­ност бил еден вид есперанто во тоа време. Како илус­трација за ова ќе го спомнеме пишувањето на  д-р Чарлс Френсис Потер, кој инсистира на фактот дека јазикот коине не бил никаков „чист“ грчки јазик, туку дека бил еден вид есперанто - мешавина од пове­ќе тогашни јазици. Во врска со ова д-р Потер пишува:

..Коине (мешавина од различни јазици)... настанал како резултат на освојувањата на Алек­сандар Маке­донски на тогаш­ниот познат свет. Коине... бил заед­нич­ки или универзален јазик на тоа време, еден вид еспе­ран­то, што се употребувал во конверза­цијата, во ко­мер­цијалата и во пишувањето со векови пред и по пр­ви­от век по Христа... (Dr Charles Francis Poter: "The Lost Years of Jesus Revealed"; A Fawcett Gold Medal Book, Published by Ballantine Books, 1962, 1958, CBS Publications, стр. 40).

Уште подециден е српскиот црковен историчар Весе­линовиќ, кој во врска со карактерот на јазикот коине, уште во 1908 година, запишал:

Јазикот коине треба да го разликуваме од ста­риот класичен грчки јазик. Тој бил создаден во времето на Александар Велики како заеднички јазик за сите на­роди во Македонското царство. Бил наречен и како: заеднички или Александриски дија­лект, бидејќи глав­но се развивал во Алексан­дрија. На тој јазик било преведено Светото Писмо во времето на Птолемеј Филаделф... (С. М. Весе­ли­новиќ: "Лекције из Светог Писма - Законске књиге Старог Завета", Београд, Нова штампарија Дави­довиќ, Дечанска 14, 1908 год. стр. 17-18).

Значи, да заклучиме дека Александар со своите војсководители и војска (во која, иако доминирале Маке­донците, имало и голем број Грци, Тракијци, Евреи и припадници на други народи), официјално комуницирал на јазикот коине.

Но, кога во еден миг, помислил дека неговиот живот е во опасност, тој инстинктивно проговорил на сво­јот мајчин јазик, т.е. на јазикот што најпрво го научил во животот и што најдобро го познавал, а тоа бил македонскиот јазик.  Ваквото негово реагирање е целос­но во склад со чове­ковата психологија и сигур­но дека така би реагирале голем број луѓе кога би се нашле во слична состојба. Него­вата инстинктивна и миговна реакција, за време на која тој, така да се каже, практично немал време да размис­лува како да ја склопи реченицата за повикување помош на туѓиот јазик коине, и знаејќи дека неговите телохра­ни­тели се исто така Македонци (факт е дека Александар во своето најблиско окружу­вање имал пре-тежно Маке­донци), е недвосмислен доказ за тоа каков бил него­виот мајчин јазик.

Плутарх го спомнал посебниот македонски јазик и во својата Биографија за Марко Антоние.  Познато е дека по смртта на Александар Велики Маке­донски неговата империја се распаднала, а со нејзините делови останале да владеат неговите врв­ни војсководители. Така, на пример, неговиот војско­водител, другар од детството (а според некои извори и полубрат) Птолемеј Први останал да владее со Египет и некои околни земји. Тој ја основал динас­тијата Птолемеи, која останала да владее со Египет и по неговата смрт. Најпознат потомок на оваа маке­донс­ка династија е славната египетска кралица Клео­пат­ра Седма. Во Биографијата за Марко Антоние, Плутарх посветува голем простор на ликот на Клео­патра. Притоа тој инди­ректно спом­нува дека неј­зи­­­­ниот мајчин јазик бил маке­донскиот:

Беше вистинско задоволство да се слуша звукот на нејзиниот глас со кој, како инструмент со многу жици, таа преоѓаше од еден јазик во друг, така што, имаше само неколку барбарски народи со кои разго­вараше преку преведувач, додека со пого­лемиот дел од нив таа директно разговараше. Так­ви беа: Етиоп­ја­ните, Троглодите, Евреите, Ара­пите, Сириј­ците, Ме­ди­те, Партијците и многу други, чии јазици таа ги научи. Тоа беше уш­те поизне­надувачко затоа што по­ве­ќето од нејзините предци кралеви одвај се мачеа да го научат египетскиот јазик, а некои од нив прилично го запо­ставија и македонскиот.“ ("Antony" by Plutarch, во превод на англиски од драматургот John Dryden, кој жи­веел од 1631 до 1700 год. Елeктронска верзија на овој превод на: http://classics.mit.edu/Plutarch/antonz. html).

Ова многу значајно сведоштво од Плутарх ни збо­рува дека мајчиниот јазик на Птолемеите бил ток­му маке­донскиот јазик. Гледаме дека, според Плу­тарх, не­кои од нив (веројатно поради поли­тички при­чини) го запос­та­вувале македонскиот јазик на сметка на заед­ничкиот јазик коине (за кој ќе пишуваме во продол­же­ние). Но, Плутарх не пи­шува такво нешто и за Клео­патра, што значи дека таа си го задржала  својот мајчин македонски јазик.

Плутарх пишува за посебниот македонски јазик и во својата Биографија за Евмен. Опишувајќи го поја­вува­њето на Евмен пред македонс­ките војници,  Плу­тарх запи­шал:

При првото видување на нивниот омилен генерал, војниците го поздравија на македонски ја­зик, заѕвечија со оружјето и со силни повици го предизвикаа непри­јателот да нападне, сметајќи дека тие се непобедливи додека тој беше на чело.

33 епизода може да се погледне на линкот:https://youtu.be/PKiIyNUjRkw

34 епизода може да се погледне на линкот:https://youtu.be/8T_ZtXO952s

35 епизода може да се погледне на линкотhttps://youtu.be/hVW1OuTQRkw

Останатите епизоди, можете да ги погледнете на посебниот канал на Јутуб:

https://www.youtube.com/channel/UCJnd4_NuUyQQZfbMqom64kQ

Документарен филм со дел од дејноста на авторот Александар Донски можете да погледнете на:

https://www.youtube.com/watch?v=5S26QOz71gU&t=1535s

plutarh
Плутарх

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.