|
||||
Двајца кандидати со различни визии |
Во Градот под Марковите кули познати се потенцијалните кандидати за функцијата Градоначалник за следните редовни локални избори (15 октомври 2017 година), од 2-та најголеми политички табори СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Имено, од редовите на плавите момчиња на чело со аболицираниот лидер 3.3. пред прилепскиот електорат довербата ќе ја бара актуелниот директор на прилепската болница Борка Талески - Прилеп, советник од редовите на плавите момчиња во прилепскиот совет, Илија Јованоски - добро познат во прилепската јавност како успешен лекар-ортопед. Од редовите на актуелното владејачко мнозинство во Градот Херој Прилеп градоначалничката трка ќе ја води актуелниот градоначалник на општина Прилеп Марјан Ристески. Во оваа прилика само да се потсетиме дека таткото на Градот под Марковите кули, Марјан Ристески од прилепскиот електорат со својата издржана и победничка програма ќе го бара 4-от едно по друго градоначалнички мандат. Во претходните локални циклуси со спортски жаргон кажано противниците на градоначалникот Марјан Ристески му беа “топовска храна“, и тоа психијатарот Сашко Пирганоски, Тони Петрески и во 2013 година суетната и нарцисоидна личност Хари Локвенец кој на авторот на овој текст на неколку пати вербално се закануваше со крајно нецивилизирани постапки за еден приватен бизнисмен и универзитетски професор. Само да се потсетиме дека актуелниот градоначалник Ристески во 2003 г година го победи во вториот круг Пирганоски, а во наредните два изборни локални соочувања (2009 и 2013 година), своите опоненти Петрески односно Локвенец ги победи со преку 10.000 гласови разлика уште во првиот круг. Во оваа прилика се прашувам што ќе вети И.Ј. пред прилепскиот електорат кога Прилеп од мртов град без идеи и визии за подобро утре актуелниот градоначалник Марјан Ристески во 3-те негови едно по друго градоначалнички мандати направи инфраструктурна импресивна ренесанса на својот роден град. Доволен показател се доброто функционирање на Јавните претпријатија, кои се под капата на локалната самоуправа на Прилеп. Разработени се Индустриските зони Прилеп 1 и Прилеп 2 и ТИРЗ во близина на селото Алинци каде има влез на повеќе фирми со домашен и странски капитал. Сигурно И.Ј. ќе игра на картата младата популацида по секоја цена дасе обезбедат соодветни услови за работа и следствено на тоа истите да се задржат во Република Македонија. Овде се пралувува прашањето зошто кога се нудатаприориповолни услови за младите да почнат свој бизнис, неговота потесно семејство е надвор од нашите граници. Лицето И.Ј. треба да го оствари ветувањето дадено од својот партиски другар З.З. на лекарите специјалисти платата да биде фиксна од 100.000 денари. Лицето И.Ј. при примопредавањето на директорската палка од својот претходник во прилепската болница наследи крајно поволна солвентна состолба без никакви долгови и целосно реновирана Ј3У Општа болница. "Борка Јалески“ -Прилеп. Лицето И.Ј.е надалеку прочуен по сложените оперативни зафати кои во текот на работното време истите успешно ги реализира на ортопедско - трауматолошкото одделение. Наградата за успешната операција е во 4 очи, а ако треба контрола се оди во Ортомедика каде И.Ј. во попладневките часови врши приватни здравствени прегледи. Лицето И.Ј.е член на комисии и иронијата да биде уште поголема во некогашниот ЗОИЛ, Поддрачна единица Прилеп му го зема цензорското место на доаенот на ортопедско-трауматолошкото одделение во Прилеп со иницијали Ј.В. За разлика од него актуелниот градоначалник Марјан Ристески е постојано на терен каде ги слуша проблемите на своите сограѓани и за миг успешно ги завршува. Во сите Урбани заедници изградени се парковски површини и партерно уредување. Намален е метежот на сообраќајниот хаос во текот на денот во централното градско подрачје со изградба на неколку кружни текови во главните артерии во градот. Отворени се индустриските зони Прилеп 1 и 2 во тек е пуштање на Индустриската зона Прилеп 3 и ТИРЗ во близина на селото Алинци. Во истите влегува свеж домашен и странски капитал и следствено на тоа и на голема радост на прилепчани невработеноста во неговите 3 градоначалнички мандати е намалена. На крајот со еден збор кажано лицето И.Ј. подобро е и понатаму да лекува од колку да добие изборна катаклизма од ревносниот и проевропски ориентиран градоначалник Марјан Ристески. Дипл. Екк. Рубинчо В.Јованоски од Прилеп |