|
||||
Македонците во Република Албанија се згрозени од приведувањето на Едмонд Темелко |
Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана oгранок Голо Брдо најостро го осудува притворот од триесет дена за Едмонд Темелко, гадоначалник на општина Пустец и претседател на Македонска Алијанса за Европска Интеграција во Република Албанија. Македонците во Република Албанија се згрозени од приведувањето на Едмонд Темелко и бараат итно ослободување од гонење и извинување за повреда на честа и неговиот углед и на Македонците во Република Албанија. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана oгранок Голо Брдо приведувањето на Едмонд Темелко го оценува за антимакедонско и со долгорочни последици по положбата и правата на Македонците во Република Албанија! Македонско друштво “Илинден”-Тирана Македонско друштво “Илинден”-Тирана oгранок Голо Брдо |