Среда, 27 Септември 2017    PDF Печати Е-пошта
ММДЧП започна нова кампања, „Нашето име е Македонија“, со билборди во Македонија. ВЕДНАШ ПРЕКИНЕТЕ ГИ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО!

ourname 720

ММДЧП започна нова кампања, „Нашето име е Македонија“, со која бара веднаш да престанат расистичките, антимакедонски преговори за името, со билборди во Скопје, Битола, Тетово (фотографиите се подолу), а наскоро и во други градови низ Македонија, заедно со телевизиски и радио реклами, огласи во весници и на интернет, прес-конференции и стотици илјади летоци.

ММДЧП ги повикува сите македонци, но и другите кои ги поддржуваат најосновните човекови права, да се придружат на нашиот повик. Бараме македонските организации да се огласат со изјави во поддршка на нашата кампања и да направат притисок Македонија ВЕДНАШ да ги прекине преговорите за името.

Како што прашуваме на нашите билборди, КОЈ ВИ ДАДЕ ПРАВО ДА ПРЕГОВАРАТЕ ЗА МОЕТО ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ? Специјалниот претставник на ООН, Метју Нимиц, тврди дека не се преговара за македонскиот идентитет, но преку Договорот со Бугарија, Законот за јазици, јавни изјави на македонски, американски и европски политичари гледаме дека се преговара токму за македонското ИМЕ и ИДЕНТИТЕТ, како директен резултат од преговорите за името. ММДЧП повторува дека сегашните граѓани и политичари на некоја земја немаат право да преговараат за вековен национален идентитет.

billboards2

Како што Метју Нимиц неофицијално му кажа на ММДЧП: „Да бев македонец, НЕМАШЕ да преговарам за името.“ И Нимиц и американскиот Стејт Департмент му кажаа на претседателот на ММДЧП, Бил Николов, дека НЕ БИ имало апсолутно никакви последици ако Македонија престане да преговара за името и идентитетот. Освен тоа, и покрај нивните јавни изјави, Стејт Департментот на САД кажа дека нема решение за прашањето за името, и ЕДИНСТВЕНИОТ логичен следен чекор би бил Македонија да ги ПРЕКИНЕ ПРЕГОВОРИТЕ.

Како што ММДЧП постојано повторува, вештачкиот спор за името е клучното прашање кое негативно влијае не СИТЕ аспекти од животот во Македонија. Преговорите за нашето име се вистинската причина зошто Македонија не е во ЕУ и НАТО. Причината заради која Западот бара од нас да го смениме името е ТОКМУ ТОА ШТО Македонија преговара за името. Нашето име е Македонија. Нашиот идентитет е македонски. ВЕДНАШ ПРЕКИНЕТЕ ГИ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО.

--- Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.