Среда, 27 Септември 2017    PDF Печати Е-пошта
ОБЈАВЕНИ СЕ Е 36 И 37 ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“

Деновиве на Youtube се поставени 36 и 37 епизода од  документарната серија „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ (“THE ANCIENT MACEDONIANS WERE NOT GREEK”), чиј комплетен автор е Александар Донски. Серијата е во продукција на Lloyd Harrison Entertainment Group од Сиднеј, извршен продуцент на серијата е Џим Стефан, ко-продуцент е Горан Котев, а асоцијативен продуцент е Андрија Петревски, сите од Сиднеј. Текстот го читаат Бубе Донска  и Стефо Нанцу. Во серијата ќе бидат претставени сведоштва од над педесет антички автори според кои античките Македонци не биле никакви „Грци“ како што тврди денешната грчка пропаганда. Авторот на серијата Александар Донски очекува оваа серија да ги разниша темелите на грчката историографија и пропаганда кога е во прашање античка Македонија.

Обете епизоди се посветени на сведоштвата од Плутарх

Плутарх и на други места во своите дела дава сведоштва за посебноста на Македонците. Едно од нив е Биографијата за Емилиј Паул, која Плутарх ја напишал во 75 година по Христа.

Емилиј Паул бил римски генерал, кој им го нане­сол пресудниот пораз на Македонците, по кој античка Маке­донија била окупирана од Римјаните и преста­нала да постои како држава. Пред да поминеме на делови од пишувањата на Плутарх, да ги објасниме нак­ратко наста­ните што тогаш се случувале во и околу Македонија.

По смртта на Александар Велики Македонски поз­нато е дека огромната Македонска империја се рас­паднала на неколку административно-политички  органи­зирани делови, со кои Македонците останале и натаму да владеат. Меѓу македонските наследници на Александар тогаш постојано се воделе судири заради меѓусебно осво­ју­вање на што поголем  дел од териториите на некогаш­ната голема империја. Самата Македонија останала како самостојна држава и истата била освоена од Римската империја, откако претходно биле водени три големи маке­донско-римски војни.

Првата македонско-римска војна се водела од 215 до 205 година пред Христа, а втората од 200 - 197 година пред Христа. Пресудна била Третата македонско-римска војна, која се водела од 171 до 168 година пред Христа, по која Македонија преста­нала да постои како држава. На детален опис на овие војни овде нема да се задржуваме, туку ќе направиме краток осврт на дел од Третата македонско-римска војна. Конкретно оваа војна завршила со пресудната битка помеѓу Македонците и Римјаните што се одиг­рала кај Пидна на 22 јуни 168 година пред Хрис­та. Главен војсководител на Римјаните бил токму Паул Емилиј. Битката почнала уште од раните ут­ринс­ки часови. Отпрвин Македонците имале успех, но зара­ди нерамниот терен, Македонската фаланга ги про­рет­чила своите редови, по што Римјаните почнале да навлегуваат во нејзините „празнини“ каде со свои­те кратки мечеви (погодни за борба од близу) им нанеле големи загуби на Маке-донците. По овој пораз, оста­токот на Македонија бил завземен за само два де-на, а последниот македонски цар Персеј бил заробен и одведен во Рим, каде и умрел.

А сега да се вратиме на делото на Плутарх, т.е. на неговата Биографија за Емилиј Паул. Во ова при­лично обемно дело Плутарх прави осврт кон животот и војничката кариера на овој римски генерал при што се задржува и на настаните што се случувале во Македонија за време на последниот период од нејзи­ното постоење како самостојна држава.

Најнапред Плутрах пишува за потеклото на Емилиј  Паул и вели дека тој потекнувал од старо арис­тократско римско семејство. Имал сестра Еми­лија која била мажена за славниот римски генерал Скипион Велики (Афри­канецот). Во продолжение Плутарх со пофални зборови пишува за војничките способности на Емилиј Паул и прави хронолошки преглед на неговите покрупни војнички успеси во вре­мето на Римската империја. Како резултат на него­вите победи на територијата на денешна Шпанија, бил назначен за конзул. Првата жена му се викала Папирија, но од неа се развел. Потоа се оженил по втор пат. Во врска со настаните од животот на Емилиј Паул, Плутарх во продолжение пишува:

Тоа беше во времето кога Римјаните водеа војна против Персеј, калот на Македонците и кога беа упа­тувани големи забелешки кон римските команданти кои, иако поседуваа храброст, толку срамно командуваа што повеќе нанесуваа штети на сопствената војска отколку на непријателот.  Тие што недолго пред тоа го прину­дија Антиох Велики да отстапи од остатокот од Азија и да се повлече зад планината Таур, радосен што успеал да го купи својот мир со петнаесет илјади таленти: тие што недолго пред тоа, откако го поразија  кралот Филип во Тесалија, ги ослободија Грците од македонс­киот јарем... не веруваа дека Филип по доживеаниот пораз значително ги подобри силата и дисциплината во македонската војска ("Aemilius Paulus" by Plutarch, translated bz John Drden).

Пред да продолжиме на презентирањето на преос­­та­натите делови од ова историско дело на Плу­тарх, предла­гам да дадеме дополнително објас­ну­вање на овој пасус. Овде Плутарх го опишува вре­мето од Третата македонско-римска војна. Познато е дека Емилиј Паул бил пос­тавен за генерал во Римс­ката војска откако неговите претходници не успеале да постигнат успех против маке­донската војска. Плу­тарх притоа потсетува на претходните успеси на Римската војска, конкретно на нивната победа над царот Антиох Трети Велики, кој припаѓал на маке­донската династија на Селевкидите, која тогаш вла­де­ела со дел од Азија, како и на победата над маке­донскиот крал Филип Петти за време на претходните македонско-римски судири. Но, сега не бил таков случајот со римските гене­рали кои војувале против Персеј и затоа бил доведен генералот Емилиј Паул. Во овој пасус се забележува и еден интересен и значаен момент.

Се работи за реченицата, според која, Римјаните (цитат): „...ги ослободија Грците од македонскиот јарем.“ Не знам како грчката пропаганда денес реа­гира на овој дециден доказ од страна на својот познат антички историчар за разликите  меѓу Македонците и Грците, но и за фактот што Грците со векови се нао­ѓале под ропство на Македонците. Плутарх овде јас­но ги споменува Грците (а не посебно Атињаните, Теба­нците, Спартанците и други), што значи дека терми­нот „Грци“ овде е предаден исклуч­иво во етничка смис­ла на зборот и истиот е одделно спомнат од Македонците, т.е. од „македонскиот јарем“.

Плутарх оставил записи за посебноста на античките Македонци и во други свои дела.  Едно од нив е Биографи­јата на Агесилај (исто така напи­шана околу 75 година).

Агесилај (Agesilaus) живеел во 5 век пред Христа (умрел во 401 година пред Христа). Плутарх ги опи­шува најзначајните настани од неговиот живот. Овде Плутарх ги спомнува Македонците како победители над Персија. Во неговиот запис повторно недвос­мис­лено и бескомпро­мисно е потенцирано дека Маке­дон­ците биле одделен народ во однос на Грците. Тој пишува дека Грците со жа­лење констатирале дека сла­вата добиена во војната против Персија му ја оставиле на Александар и на Маке­дон­ците, додека тие (Грците) меѓусебно се расправале едни со други и војувале едни против други. Во врсска со ова чи­таме:

Грција почна да се развива како барбарска земја... Што може да се каже друго за сите оние изливи на љу­бо­мора и заговори на Грците, како и за нивните сопствени злоби, кои направија нивното оружје, што веќе беше свртено против барбарите, да го свртат против самите себе и повторно да ја вратат војната во Грција, иако таа беше надвор од неа? Целосно се согласувам со Демартус од Коринт, кој рече дека тогаш­ните Грци испуштиле да почувствуваат големо задо­волство затоа што доживеале да го видат Александар седнат на тронот на Дарие. Сигурно дека ќе им се поја­веа солзи во очите пради овој настан, откако ќе сфа­теа дека таквото задоволство (да седне на тронот на Дарие) им го отстапија  на Александар и на Македонците, доде­ка тие (Грците) ги погубија сите свои големи војско­водители во меѓусебните војни...“

И ова е уште еден доказ во кој Македонците се јас­но издвоени од Грците. Овде гледаме дека Плу­тарх под терминот „Грци“ ги подразбира: Спар­тан­ците, Атињаните, Тебанците, Коринтјаните и други,   т.е. сите оние кои тогаш помеѓу себе војувале. Но, тој одделно од сите нив ги спомнува Македонците, иако и тие војувале и со Грците и со Персијанците. Тој овде пишува дека Грците залудно го трошеле своето време во меѓусебните борби на оддел­ните градови-држави, наместо да се свртат сите заедно против Персија. И додека Грците така го губеле своето вре­ме, пари и војска, Македонците успеале да го оства­рат нивниот сон и да ја поразат Персија.

Многу јасен доказ дека Македонците не биле никакви Грци, Плутарх дава и во Биографијата на Агис. Агис бил крал на Спарта. Плутарх пишува дека во времето кога Фи­лип Македонски ги покорил Грци­те, ниту еден грчки крал не загинал на бојно поле, со исклучок на Клеомбротус. Овде читаме:

Видовме дека во многуте битки водени помеѓу Лакадемонците (друго име за Спартанците) и оста­натите Грци, се до времето на Филип Македонски, ниту еден крал не бил убиен на бојно поле со исклучок на Клембротус, кој почина откако беше ранет со копје во битката кај Леуктра.“

Ова е исто така голем доказ дека Гркот Плу­тарх (за разлика од денешните грчки шовинисти) сосема јасно знаел дека Македонците не се никакви Грци. Едноставно, тој овде пишува дека се до вре­мето на Филип Македонски, т.е. до времето кога грчките градови-држави биле поро­бени од Маке­дон­ците, ниту еден грчки крал (освен Клеом­бротус) не­мал загинато за време на некоја битка. Доколку Маке­донците биле "Грци", тогаш оваа констатација треба да се однесува и на нив. Но, тоа воопшто не е така. Имено, се знае дека во битка загинал маке­донскиот крал Пердика кој владеел од 365 до 359 година пред Христа, т.е. пред времето на Филип Маке­донски. Овој македонски крал загинал токму во битка и тоа против дарданскиот во­дач Брадил. Значи, доколку Маке­дон­ците биле "Грци", Плу­тарх ќе го спомнел и Пер­дика Трети како "грчки крал", кој заги­нал во битка. Но, тој тоа не го сторил токму поради фактот што Македон­ците не ги сметал за Грци.

Во 75 година пред Христа Плутарх го напишал свое­то кратко историско дело Споредба помеѓу Филопомен и Фламинин. И овде тој ги спомнал Маке­донците, притоа јасно издвојувајќи ги од Грците.  Фило­помен бил грчки војско­водец, кој учествувал во меѓусеб­ните судири на античките Грци, а Титус Фламинин бил римски генерал, кој живеел во III и II век пред Христа и бил познат по тоа што го поразил македонскиот крал Филип Петти и ги ослободил Грците од македонското ропство. Во  ова свое дело Плу­тарх во врска со дејноста на овие два војско­водители, напишал:

Големината на придобивките што Титус ги обез­беди на Грција, не може да се спореди ниту со Фило­помен, ниту со мнозина смели луѓе како него. Всушност тие беа Грци, кои се бореа против Грци, додека Титус беше странец во Грција, кој се бореше за нејзино добро... Титус, откако го порази Филипа (Петти Македонски) во срцето на Грција, ги ослободи нив и нивните градови. Ако ги споредиме борбите што ги водеа овие двајца гене­рали, ќе видиме дека Филопомен, иако беше ахајски генерал, отепа повеќе Грци, отколку што Титус отепа Македонци, за да им помогне на Грците.“

Навистина живо ме интересира да дознаам како реагираат денешните грчки историчари на ова све­доштво од античкиот грчки историчар Плутарх.

Овде Плутарх повторно, на кристално јасен на­чин, дава сведоштво во полза на негрчкиот етнички карактер на Македонците. Тој го фали римскиот гене­рал Титус Фла­минин и вели дека ниту едно дело на низа смели Грци не може да се спореди со добрината што овој Римјанин им ја направил на Грците, затоа што тој, иако бил странец во нивните територии, ги ослободил грчките градови од македонскиот јарем, откако претходно „во срцето на Грција“ (во битката кај Киноскефале) ја поразил војската на македонскиот крал Филип Петти. Плутарх заклучува дека Гркот Фило­помен отепал повеќе Грци одошто Титус Флами­нин отепал Македонци за да ги ослободи грчките градови. Со ова испаѓа дека Плутарх всушност со презир гледал кон оние Грци кои меѓусебно војувале, наместо да се обединат и да се спротивстават  на нивниот заеднички окупатор - Македонија.

Плутарх ги спомнал Македонците и во своето кратко историско дело Споредба помеѓу Серториус и Евмен. Во врска со идентитетот на овие две личности, тој пишува:

Едниот (Серториус) беше Римјанин и беше гене­рал..., а вториот беше од Крестонија и беше војско­води­тел на Македонците, кои беа големи освојувачи и во тоа време го потчинија светот.“

Да заклучиме дека и во делата на Плутарх постојат значајни сведоштва за етно-културната посебност на античките Македонци во однос на Грците.

36 епизода може да се погледне на линкот:

https://youtu.be/ZmVcDlOLOmE

37 епизода може да се погледне на линкот:  https://youtu.be/sGklsmI7cvo

Останатите епизоди од серијата можете да ги погледнете на посебниот канал на Јутуб:

https://www.youtube.com/channel/UCJnd4_NuUyQQZfbMqom64kQ

Документарен филм со дел од дејноста на авторот Александар Донски можете да погледнете на:

https://www.youtube.com/watch?v=5S26QOz71gU&t=1535s

plutarh2
Плутарх

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.