|
||||
Кривична без материјални докази |
Секоја година во градот под марковите кули во средината на месец јули пред прилепчани и голем број на странски гости се одржува 4 дневната манифестација "Пиво фест”. Од кога е на функција градоначалник на општина Прилеп, ревносниот Марјан Ристески и неговиот тим имаат можност до сега мошне успешно 13 пати по ред да ја оргаиизираат оваа фестивалска манифестација на пивото. На истата се промовираат различни пиварници со своите брендирани пива. На фестивалската пиво фест манифестација не може да помине и со добрата скара. На истата скоро секоја вечер има музика од различни жанрови, а кулминација е последната вечер кога пред прилепчани и огромниот број на гости од дома и странство настапуваат атрактивни естрадни уметници од домашната и од екс Ју просторите. Во обезбедувањето на естрадните уметници со свои средства учествува Локалната самоуправа, но поголем дел издвојуваат пиварниците кои со своите финансиски средства ги обезбедуваат естрадните атрактивни личности особено од Ју просторите. Секоја година организацијата е на високо ниво и исто така, секоја година се рушат рекорди во поглед на испиено пиво и дегустација на скарата. Од страна на организаторот секој субјект кој сака да земе актуелно учество на фестивалската манифестација си откупува свои штандови кои истите се наплатуваат по метар квадратен површина. Со оваа манифестација имаат голем финансиски бенефит и хотелските комплекси и приватните сместувања каде се сместуваат странските гости. Исто така, во тие 4 фестивалски денови финансиски бенефит имаат и прилепските кафулиња и продавниците во далеку прочуената прилепска стара чаршија. Сообраќајниот метеж се регулира со сообраќајна такса од сите влезови на градот, а вонредни паркинзи има и во училишни дворови и паркинг простор кои се добро уредени во некои станбени комплекси. За таа намена ставени се во функција и паркинг местата на катната гаража. Некои гости кои сакаат да кампуваат на пиво фестивалската манифестација му е овозможено истото да го направат во комплексот Могила. По успешно организираната пиво фест манифестација организациониот одбор на истата излегува пред давноста со резултати и го прикажува јавно финансискиот бенефит од манифестацијата. Финансиските средства се легално финансиски раскнижени. Но, и тоа не е доволно за момчето со актовка во рака да поднесе Кривична пријава за пиво фест манифестацијата до таткото на Градот Херој Прилеп, Марјан Ристески. Момче сите финансиски средства се обелоденети од една и книговодствено раскнижени од друга страна. Во оваа прилика се прашувам каде гледаш финансиски махинации. Најдобро спушти се на земја "не летај во облаци" оти за вакви невистини следува контра кривична пријава за нарушување на честа и угледот кон која е поднесена кривичната пријава. На крајот твоите големи апетити за потенцијален кандидат за градоначалник и следствено на тоа за твојата не номинација вината барај ја во таборот на плавите момчиња а не кај неуморниот татко на градот Марјан Ристески кој во овие 12 години од кога е на власт Прилеп го направи Европска метропола. Дипл. Екк. Рубинчо В. Јованоски од Прилеп |