|
||||
ВО АЛБАНИЈА ЕДИНСТВЕНО ЖИВЕАТ МАКЕДОНЦИ! |
ВАСИЛ СТЕРЈОВСКИ: “ВО АЛБАНИЈА ЕДИНСТВЕНО ЖИВЕАТ МАКЕДОНЦИ!“ МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО АЛБАНИЈА 4 октомври 2017 година, Тирана, Албанија - Во Парламентот на Албанија во тек е јавна расправа по предлог-Законот за националните малцинства. На комисијата за правни прашања, јавна администрација и човекови права учествуваше министерот за надворешни работи Дитмир Бушати и претставници на националните малцинства во Албанија: Македонците, Грците, Ромите, Власите, Еѓиптјаните, Србите, Црногорците и Бошњаците. Иако на комисијата присуствуваше и претставник на здружението за бугарско-албанско пријателство, против барањето во Бугарија да се признае и “бугарско малцинство“ беа и министерот за надворешни работи Дитмир Бушати и претставниците на Македонската заедница во Албанија. - Во Албанија не постои бугарско малцинство! Тоа е деформација на историјата и на вистината. Во Преспа, Гора, Голо Брдо каде се претендира дека наводно има бугарско малцинство, живее единствено македонско малцинство! Ова барање на Бугарија е во рамките на нејзниот проект за “Голема Бугарија“. Доколку се признае бугарско малцинство, тоа ќе биде геноцид врз Македониците, - изјави Васил Стерјовски, генерален секретар на единствената македонска политичка партија во Албанија - Македонска алијанса за европска интеграција. За министерот Дитмир Бушати ова прашање за Албанија е завршено. Да се надеваме дека и пратениците во Парламентот на Албанија ќе го усвојат Законот за националните малцинства без “бугарско малцинство“ кое во Албанија не постои! |