|
||||
Сторијата за Скендербег класичен пример како се менува историската вистина! |
Во светот ништо не се променило. Додека другите се обидуваат да приграбат што повеќе од туѓата, македонскиот народ почнува да си ја распродава сопствената историја. Денес, македонскиот народ е исправен пред ревидирање на својата историја. На барање на соседите, сегашната влада предводена од СДСМ, наводно за да излезе земјата од меѓународна изолација, договара измени во македонските историски учебници. Меѓутоа, сегашната влада како да неможе да разбере дека било какво откажување на сопствената вистина, значи да си ги избришеме сопствените корени, да ја исечеме гранката на која седиме. Албанската историја за Георги Кастриот претсвува класичен пример како заради политички интереси се менува историјата. Впрочем, ставовите на албанските историчари се дека Георги Кастриот Скендербег (1405 - 1468) е етнички Албанец и дека Кастриотите биле етнички Албанци. Но тие не се базирани на аргументи, бидејќи за тоа нема докази. Дури и самиот Георги Кастриот не се изјаснувал дека е Албанец туку дека е од Епир, подрачје каде живееле Македонци, Грци и албански доселеници. Од друга страна во други извори се сретнува дека тој потекнува од Ематија, која според Јустин е најстарото име на Македонија. Албанските историчари досега немаат некои аргументирани докази за албанското етничко потекло на феудалната куќа на Кастриотите, освен што кон крајот на XIV и почетокот на XV век, како и во текот на втората половина од истиот век, таткото Иван (Јован) и синот Георге Кастриот владееле со своето кнежество во средна Албанија и дел од дебарската област. Тоа што го приложуваат албанските историчари, секако дека не може да биде доказ за нивното исклучиво албанско етничко потекло. Напротив документите говорат нешто друго, дека тој е православен владател, син на Иван и на Воисава од Полог, а последните истражувања на оргиналните латински текстови се` повеќе потврдуваат дека има македонско потекло. Меѓутоа, не сите албански историчари се држат до теријата за албанското потекло на Георги Кастриот Скендербег. Сега починатиот албанскиот историчар и албанолог од Тирана Аридан Клоси (1957 - 2012) во една тв емисија на албанската јавност и ги открива малку познатите детали од живот на Скендербег, за чие семејство вели дека е православно и славјанско: „Значи беше едно необично востание затоа што на крај на краевите бил владател на релативно мала територија каде се борел против една супер сила на тоа време (Османската империја). Како е можно неговото востание да трае 25 години? Тоа се случило зошто на теренот на кој владеел тој најголемите упоришта биле планините и шумите. Меѓутоа Скендербег немал никогаш власт во градовите. Кроја практично ја држел до 1450 година кога морал да се повлече пред силата на Султан Мурат II. Тогаш се удружил со Неаполитанското кралство и станал нивен вазал. Овие работи нашата историографија ги премолчува. И тој се предава на Неаполитанското кралство и се брани со свои и нивни војници, и секако околината на Кроја. Понатаму, Скендербег и самиот знаеше... Водител: меѓутоа, овие работи воопшто не се наоѓаат во албанската историографија!? Апсолутно! Се говори дека божем потпишал договор со нив, а всушност беше вазал на Неаполскиот крал Алфонсо, и да споменам уште една работа, а тоа е Леска лига. Ова е уште една теза која јасно не излегла на видело и теза која провоцира од причини бидејќи се верува дека Леска лига е едно друштво на албански благородници која е формирано како национално здружување па и национална влада. Всушност Леска лига според документите не е едно обично здружување. Члановите на таа лига не се спомнуваат како принцови туку како господа, како Музакај, Топија, Рамити, но и Црноевич! Биле и други властодршци кои не биле Албанци! Оттука почнува етничкото прашање. Нациите не постоеле во тоа време во XV век, ниту етничка народност каква се појавува во XIX век и оттука настанува најголемото недоразбирање... Самиот татко на Скендербег Иван или Јован доаѓа од една мешовита средина. Според книгите тој некаде се спомнува дека бил Албанец, Србин... Факт е дека тој се оженил со една жена од една позната српска лоза Бранкович, која се викала Воислава. И самите нивните деца имале или Византиски како Константин и Ѓерѓ или славјански. Репош, Станиша, Мамица, Влајка, Јела. Оваа нешто предизвика некои големи реакции што навистина е смешно, зошто во тоа време не постоеле национални поделби какви што постојат денес. Понатаму, уште една важна теза е знамето. Каква застава подигнал Скендербег? Овде се говори дека тој ја подигнал албанското народно знаме. Не! Тој го зел Византиското знаме! Потоа се преобратил во христијанство. Водител: Што бил по вероисповед Скендербег? Православен! Тие се едно типично православно семејство. Зошто? Неговиот брат бил монах во православен манастир каде го завршил и својот живот. Водител: Дали Скендербег го прифатил католицизмот? Не! Не постои тоа во документите. Меѓутоа тој секогаш се приближувал на Западот. Тоа е друга работа. Затоа неговите сојузници беа: Неапол, Бенедикт кој бил католички крал. И најблиските сојузници на Скедербег во дипломатијата биле преставници на високите католички клерици од Арбрија (област во северна Албанија) како Анџели, Џорџо Пелини и други. Потоа и да не заборавиме дека Скендербег го направил планот за Крстоносната војна. Командант на овој поход би бил тој како младиот Александар (Скендербег). Сето ова беше голема замисла пмеѓу Георги Кастриот и Католичкиот свет. “ (https://www.youtube.com/watch?v=I5qWJTRm5aU) Инаку, Аридан Клоси кој бил општествено активен, граѓански акривист, наводно страдал од тешки напади на депресија и двапати се обидувал да се самоубие, пред да го заврши животот со тоа што се обесил во неговиот стан. Клоси изврши самоубиство во Тирана на 26 април 2012 година. Може да се забележи дека по прашањето за потеклото на Скендербег клучна биле првата деценија од дваесеттиот век, кога повеќето историчари за него сметале дека има славјанско потекло и година по овој период, кога според австро-германската историја се говори за албанско потекло. Имено, на почетокот на 20 век толкувањето на австро-унгарските научни кругови по прашањето на Скендербег, се сметаат за водачки за историографијата на балканските народи. Тоа е време на голема експанзија и амбиција на Австроунгарската империја да завладее со балканските народи, како и време на анти-славјанската политика, која е пренесена во историската наука. Иако, ваквите теории не се вклопуваат и многу европски историчари говорат за славјанско потекло на Скендербег, толкувањето на австроунгарските научници подоцна беше преземено од албанските историчари. Тука, има политички аспекти, кои влијаеле и на расправите за родословието на Кастриот и потомците на Георги Кастриот Скендербег во Италија и Шпанија во доказите кои се директни линии на неговите потомци, бидејќи сегашниот устав на Албанија ја остави можноста за враќање на монархијата, па така повторно на површина излегоа династички амбиции, а со тоа и дискусии за директните наследници на Георги Кастриот Скендербег. Ова е класичен пример како заради политички интереси се менува историјата. Ова е пример како се убива историската вистина и како се замолкнуваат нивните гласноговорници. Во светот ништо не се променило. Додека другите се обидуваат да приграбат што повеќе од туѓата, македонскиот народ почнува да си ја распродава и тоа малку што останало од сопствената историја. Денес, македонскиот народ е исправен пред ревидирање на својата историја. На барање на соседите, сегашната влада предводена од СДСМ, наводно за да излезе земјата од меѓународна изолација, договара измени во македонските историски учебници. Меѓутоа, сегашната влада како да неможе да разбере дека било какво откажување на сопствената вистина, значи да си ги избришеме сопствените корени, да ја исечеме гранката на која седиме. Македонска нација |