|
||||
Македонските здруженија во Швајцарија, даваат целосна поддршка на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ |
МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО ШВАЈЦАРИЈА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ СЕ ПРОЕКЦИЈА ЗА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА! 11 октомври 2017 година, Женева, Швајцарија - Македонските здруженија во Швајцарија, “Македонска дијаспора“ од Лозана, “Александар Македонски“ од Ивердон и “Рефарма“ од Женева даваат целосна поддршка на кандидатите за советници и градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори Македонците од Швајцарија, како нераскинлив дел од Македонскиот народ, изразуваат голема загриженост за актуелната политичка состојба како и за досегашните предлог-закон мерки на актуелната Влада, коишто се со несогледливи последици по унитарноста и државноста на Македонија, за името на државата и идентитетот на нацијата! Годинашниве локални избори имат пресудно значење во креирањето на иднината и опстанокот на Македонската држава. Прашањето што се поставува со овие избори, е дали се согласувате со политиката на оваа насилно донесена марионетска влада, којашто упорно се залага во деструкција на државата Македонија, или пак, сте за опција што е дијаметрално различна, а тоа е зачувување и негување на Заедничка Македонија, со гаранција за заштита на името, нацијата и идентитетот македонски. Во изминативе четири месеци, сите сме сведоци на комплетно деструктивните политики на актуелната Влада, што резултираат со крајно неповолни последици по иднината на државата. Такви се, договорот со Бугарија, предложениот закон за двојазичност и официјализирање на албанскиот јазик како службен јазик, како и најавениот договор за менување на името со соседна Грција. За потсетување, ниту една од овие мерки и предлози не беше на листата во изминатата кампања на сегашнава Влада. Поаѓајќи од овие постулати, а во интерес на сите кои ја сакаат Македонија како своја држава, ние Македонците од неколкуте здруженија во Швајцарија, изразуваме целосна поддршка на кандидатите за советници и градоначалници од коалицијата “За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа, со пенкало в раце, како наш единствен влог во креирањето на македонската политичка иднина, да го дадеме својот глас и придонес со заокружување на среќниот добитен број 13. Истовремено, им го честитаме на сите граѓани, празникот 11 Октомври - Денот на антифашистичкото востание на Македонскиот народ! |