Вторник, 17 Октомври 2017    PDF Печати Е-пошта
Народот има полно право да избере, но нема право да се лути

Народот има полно право да избере, но нема право да се лути кога ќе избере ако тоа што го избрал не го сака.

Народот има полно право да избере, но нема право да се лути кога ќе избере ако тоа што го избрал не го сака.
Мнозинството народ ги легитимираше погубните политики на СДСМ и Заев

Зоран Заев синоќа објави дека резултатите на изборите ги смета за поддршка на неговите политики. Мислеше на политиките на централно, на национално ниво. Оние за кои многу граѓани беа против, се згрозуваа и противеа, политиките на редифинирање на Македонија.

Имајќи во обзир дека тој на овие избори излезе со цел тој багаж, вклучувајќи го и законот за двојазичност, договорот со Бугарија, најавата за смена на името, зголемувањето на даноците, а не толку отворено но сепак доволно јасно и за носење на мигранти и за редифинирање на бракот, со можност за склучување на хомосексуални бракови и нивно посвојување деца. Се чини дека мнозинството од граѓаните преку гласањето не само за градоначалниците туку и за партиите, за советничките листи, му дадоа легитимитет за сите овие операции.

alt

Народот има полно право да избере, но нема право да се лути кога ќе избере ако тоа што го избрал не го сака. После еден месец битка во Собранието на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за неносење на неуставниот закон за двојазичност, СДСМ доби повеќе гласови на изборите. Да, имаше нерегуларности и изборите не беа фер, но ако народот навистина беше против, ќе застанаше со такво мнозинство зад ВМРО-ДПМНЕ што ќе ги надминеше сите купени гласови и разни „далавери“ кои СДСМ ги правеше на изборите.

Тоа не се случи и Зоран Заев доби легитимитет за овој закон. Истото важи и за договорот со Бугарија, кој не е поминат во Собранието, и со договорот со Грција кој ќе биде на ист начин договорен наскоро, договор во кој Македонија ќе попушти се, а Грција речиси ништо. Слично и за мигрантите и за браковите и посвојувањата на деца, како и за покачувањето на даноците. Мнозинството граѓани на некој начин ја легитимизираа политиката на бркање на странските инвеститори или во најмала рака недоаѓањето на многу нови.

ВМРО-ДПМНЕ 11 години беше на власт. Не дозволи промена на името и идентитетот, не прифати ваков договор со Бугарија, не прифати двојазичност на цела територија, не прифати мигранти да се доселат во Македонија, воведе најниски даноци во светот и не ги зголеми дури ни во време на најголема светска криза, кога имаше алиби за тоа и сите земји зголемуваа даноци. За хомосексуалните бракот и посвојување деца не се ни помислуваше. Вчера мнозинството во Македонија даде нова насока.

Епа, нека е со среќа народе. Што си дробевевме, тоа ќе си сркаме. Што посеавме вчера, тоа и ќе жнееме. Барем за овие шест работи, не можеме да кажеме дека не знаевме или не бевме свесни.

Не може ни да кажеме дека не знаевме дека оваа власт е блиска со подземјето, дека за кратко ги ослободи од затвор најголемите криминалци добро познати на јавноста. Не можеме да кажеме и дека не знаевме дека новата власт е склона кон рекет, корупција и криминали, делење тендери на свои фирми на луѓе од власта, дека се подготвени за секакви измами кон народот. За кратко време, во 4-5 месеци тие се потрудија да се претстават во целосно светло, и не можеме утре да кажеме дека сме изненадени или затекнати. Тоа е изборот. Ќе си живееме со тоа и ќе си молчиме. Наш е изборот, на мнозинството во оваа земја.

Заев ја прими пораката на одобрување на неговите политики и се заблагодари на поддршката во говорот пред Владата.

Превземено од: Југоисток

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.