Недела, 22 Октомври 2017    PDF Печати Е-пошта
ЧЕСТИТ 23 ОКТОМВРИ - ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

vmro

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ЧЕСТИТ 23 ОКТОМВРИ - ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА, МАКЕДОНЦИ!

22 октомври 2017 година, Скопје, Македонија

- Светскиот Македонски Конгрес (СМК) упатува искрени честитки до Македонците во сите делови на Македонија и во целиот свет по повод државниот празник 23 октомври - Денот на македонската револуционерна борба!

На 23 октомври 1893 година, во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во македонскиот град Солун, Македонците д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев ја формирале Македонската Револуционерна Организација (ВМРО), како почеток на македонското револуционерно движење за ослободување и државност на Македонија.

Илинденското востание со Македонската Република во Крушево од 2 август 1903 година, преку Народно-ослободителната и антифашистичката борба на Mакедонскиот народ во Втората Светска Војна со АСНОМ од 2 август 1944 година во македонскиот манастир “Свети Отец Прохор Пчињски“ и референдумот од 8 септември 1991 година кога Македонскиот народ и граѓаните на Македонија донесоа задолжителна одлука “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“, без додавки и без придавки, претставуваат континуитет на македонската многувековна борба за слободна и обединета Македонска држава!

Во името на сите знајни и незнајни јунаци и борци за слободата и обединувањето на Македонија, СМК ги повикува Претседателот и Владата на Република Македонија на итен и безусловен крај на разговорите за разликата за државното име Македонија со Владата во Атина и на продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“ како јасна разлика од истоимената северна провинција на Грција и југо-западна провинција на Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик (The Republika Makedonija) туку на англиски јазик “The Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки - окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година до денес.

Македонците во целиот свет го отфрлаат пристапувањето на Македонија во сојуз со Европската унија и НАТО Алијансата, бидејќи антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на државното име Македонија и наци-фашистичкито барање на Бугарија за промена на јазикот, културата и историјата на Макдонскиот народ, се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија.

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.