|
||||
ВО ОТАВА ФОРМИРАНА ПАРЛАМЕНТАРНА ГРУПА ЗА КАНАДСКО-МАКЕДОНСКО ПРИЈАТЕЛСТВО |
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС ВО ОТАВА ФОРМИРАНА ПАРЛАМЕНТАРНА ГРУПА ЗА КАНАДСКО-МАКЕДОНСКО ПРИЈАТЕЛСТВО 2 ноември 2017 година, Отава, Канада - На 26 октомври годинава во Парламентот на Канада во Отава по иницијатива на македонскиот амбасадор Тони Димовски беше формирана парламентарна група за канадско-македонско пријателство. На одржаната инаугуративна седница учество зедоа повеќе претставници на Парламентот на Канада, а како почесни гости беа повеќе значајни и видни личности од Канада со македонско потекло. На првото заседание на парламентарната група за канадско-македонското приателство присуствуваа и претседателот на Светскиот Македонски Конгрес - Канада Боне Темелков, заменикот претседател на Светскиот Македонски Конгрес - Канада Јован Трајчески, македонскиот сенатор Луи Темелковски, поранешен пратеник во Канадскиот парламент и македонскиот сенатор Лефтер Манче. Свеченоста по повод формирањето и инаугурацијата на парламентарна група за канадско-македонско пријателство се одржа во просториите на Парламентот на Канада (Wellington Building, Parliament Hill, Ottawa). За претседател на парламентарната група за канадско-македонското пријателство едногласно беше избран претставникот на владеачката Либерална партија, пратеникот Брајан Меј. Инаугуративната седница беше проследена со голем интерес од страна на сите присутни, а во парламентарната група учествуваа 14 пратеници, и од парламентарното мнозинство и од опозицијата. Овој чин е од големо значење за Република Македонија и претставува еден од мостовите на соработка помеѓу Канада и Македонија. Тој ќе овозможи натамошно унапредување и соработка на повеќе нивоа и области. Светскиот Македонски Конгрес упати честитки за формирањето на парламентарнта група на канадско-македонското пријателство, како и до македонскиот амбасадор Тони Димовски за неговиот посебен ангажман за реализација на овој многу значаен мост на пријателство меѓу Канада и Македонија! |