|
||||
МАКЕДОНСКАTA ДЕЛЕГАЦИЈА СЕ СРЕТНА СО КРАЛОТ И КРАЛИЦАТА НА ХУНЗА |
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС МАКЕДОНСКАTA ДЕЛЕГАЦИЈА СЕ СРЕТНА СО КРАЛОТ И КРАЛИЦАТА НА ХУНЗА 2 ноември 2017 година, Исламабад, Пакистан - Македонската делегација која престојува во повеќедневна посета на Македонската заедница во Хунза во пријателски Пакистан, вчера оствари средба со кралот Мир Газанфар Али Кхан и кралицата Рани Атика. Во состав на македонската делегација се: Ѓорѓија Џорџ Атанасовски претседател на Македонскиот Светски Конгрес од САД, истовремено и почесен претседател на Светскиот Македонски Конгрес; македонскиот музички виртуоз Горан Алачки; и претседателката на Одборот за Македонците во Хунза - Пакистан, Марина Дојчиновска. Македонската делегација ги продлабочува традиционални односи со Македонската заедница во Пакистан во областа Хунза, кои се наследници на македонските фаланги на Александар Трети Македонски во тој дел на светот. |