|
||||
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ Е МАКЕДОНЕЦ |
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ Е МАКЕДОНЕЦ И НИКОЈ НЕМА ПРАВО ЗАРАДИ ПОЛИТИЧКИ КОНЦЕСИИ КОН ДРУГИ И ТУЃИ ДА СЕ ОТКАЖУВА ОД ТОЈ ДЕЛ НА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА! Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро го осудува вандализмот врз споменикот на Александар Трети Македонски на плоштадот “Александрија“ во центарот на Прилеп, којшто претставува донација од македонскиот сенатор Ѓорѓија Џорџ Атанасоски од 2006 година. СМК бара брза интервенција на надлежните органи и санкционирање на сторителот на овој вандализам. СМК укажува дека културата и историјата на Македонија се неотуѓив и нераскинлив дел од културно-историскиот идентитет на Македонците во континуитет од пред нашата ера до денес и никој нема право да се откажува од делови од таа култура и историја поради гео-политички интереси на други и туѓи кои окупирале или имале јурисдикција врз дел од територијата на Македонија и извршиле геноцид врз Македонците! Александар Трети Македонски е Македонец и претставува дел од културно-историското наследство на Македонската цивилизација! СМК смета дека секое сквернавење на спомениците од периодот на историјата пред нашата ера, претходно со обвинувања за антиквизација и десловенизација на Македонија, претставува денационализација врз Македонскиот народ со единствена цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Не дошле Словените од зад Карпатите со трски во уста преку Дунав, та се населиле во Македонија поради што се нарекле Македонци, туку Македонците отсекогаш биле во Македонија, заради своето име земјата каде што живееле ја нарекле Македонија! Тоа што низ вековите други и туѓи ја окупирале и пљачкосувале Македонската земја, никому не дава за право деноминација на името на државата и идентитетот на нацијата денес, ниту сегментација на културата и историјата на Македонија и Македонците во време и простор, како историско оправдание за окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ! СМК ја предупредува Владата дека сатанизацијата на делови од културата и историјата на Македонија и на Македонскиот народ го продлабочува расколот и неединството меѓу Македонците, и го поткопува семакедонското помирување и обединување, а во интерес на врховизмот и колаборационизмот. Вербализмот “го поразивме национализмот“, во свет во којшто не постојат анационални држави, е демонтажа на државноста и Владата мора да биде свесна за последиците кои таквите конструкции ги мултиплицираат! Сегментарното отсуството на Македонците од културата и историјата на Македонија во време и простор, секогаш друг го компензира, само тогаш други велат дека културата и историјата на Македонија се наши, а не на Македонците, ваши! Впрочем, чија е територијата негова е историјата, го потврдуваат правилото - при дефанзива и по линија на помал отпор, секогаш домаќинот станува роб на окупторот, бидејќи историјата ја пишува победникот! |