|
||||
МАКЕДОНЦИТЕ ОТФРЛААТ БРИСЕЛСКА МЕДИЈАЦИЈА ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА И ИДЕНТИТЕТОТ |
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС МАКЕДОНЦИТЕ ОТФРЛААТ БРИСЕЛСКА МЕДИЈАЦИЈА ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА И ИДЕНТИТЕТОТ НА НАЦИЈАТА! 10 ноември 2017 година, Скопје, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) отфрла одржување на нова лидерска средба на парламентарните политички партии по таканаречениот “дијалог Жан Моне“ во Париз со бриселско посредништво, со цел договор за промена на името на државата и идентитетот на нацијата заради евро-атлантските интеграции на Македонија. СМК ја отфрла мисијата на европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл, во посета на земјава, кој ја анимира можноста за отпочнување на дијалог меѓу различните пратенички групи во Собранието, под покривителство во Европскиот парламент. СМК го поздравува секој дијалогот меѓу лидерите на парламентарните политички партии на Македонија за решение по сите отворени прашања во општеството и државата, но за неприфатлива ја смета меѓународната арбитража како супститут на институциите на системот! СМК сите досегашни меѓународни арбитражи, од Македонско-грчката времена согласност од 1995 година, Охридскиот рамковен договор во 2001 година, до Пржинскиот договор 1 и 2 во 2015 година, ги оценува за штетни бидејќи ги суспендираа уставно-правниот поредок и правата и слободите утврдени во Уставот! СМК потсетува дека Македонија е суверена држава, Македонците се суверена нација, Македонија е одржлива демократија, Македонците се посветена нација и единствено институциите на системот го имаат мандатот од народот да решаваат за неговата судбина и иднина! |